Борец за човекови права го тужи Твитер: Тврди дека компанијата им давала информации на шпиони - Канал 5

Борец за човекови права го тужи Твитер: Тврди дека компанијата им давала информации на шпиони

Али Ал-Ахмед, борец за човекови права од Саудиска Арабија, ја тужи компанијата Твитер за наводно давање на негови информации на саудиски шпиони.

Борец за човекови права го тужи Твитер: Тврди дека компанијата им давала информации на шпиони

Ал-Ахмед тврди дека Твитер ангажирал две лица кои го шпионирале во име на саудиската влада и дека тие ги доставиле неговите информации, кои се строго доверливи, на извршната власт во оваа азиска држава.

Овој борец за човекови права често ја критикува владата на Саудиска Арабија и сега наведува дека Твитер повторно ги активирал своите поранешни вработени само за да ги открие неговите информации и да им ги даде на властите во неговата држава.

Неговиот профил на Твитер бил суспендиран во 2018 година без никакво објаснување и на тој начин тие и помогнале на владата на Саудиска Арабија да го задуши секој глас против нив.

Тој сега бара враќање на профилот, да се признае дека го шпионирале и бара отштета.

Твитер одбива да ги коментира обвинувањата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Нова инвестиција во спортската и рекреативната инфраструктура на Кавадарци

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев најави нова инвестиција во спортската и рекреативната инфраструктура на Кавадарци.

Јанчев: Нова инвестиција во спортската и рекреативната инфраструктура на Кавадарци

[🏁] Нова инвестиција во спортската и рекреативната инфраструктура на Кавадарци.

По најавата за вовед во работа и поставувањето на камен-темелникот, продолжуваме со реализација на Картинг центарот, инвестиција обезбедена преку вториот повик на Владата. Центарот ќе се простира на 2.700 м², со современа картинг патека и придружни објекти, а вредноста на инвестицијата изнесува 35.247.407 денари.

Нова содржина за младите, љубителите на автомобилизмот и спортот, но и дополнување на туристичката понуда на Кавадарци, стои во објавата на Фејсбук на првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МФ: 2,9 милиони евра нова подршка за инвестиции на домашните компании

2,9 милиони евра нова подршка за инвестиции на домашните компании – парите од унгарскиот заем силен поттик за економијата.

МФ: 2,9 милиони евра нова подршка за инвестиции на домашните компании

Министерството за финансии префрли нов трансфер во износ од 176,5 милиони денари или 2,9 милиони евра од централниот Буџет кон Развојната банка за поддршка на инвестициски проекти во домашните комании.

Со овој трансфер вкупната поддршката на Владата кон домашните компании достигна 14,7 милијарди денари или 239 милиони евра, што е значителен поттик за реализација на приватни инвестиции и поттик за економијата. Во Буџетот за оваа намена се планирани вкупно 250 милиони евра.

Средствата коишто се обезбедени во Буџетот, а се пласираат преку Развојната банка и мрежата на домашни деловни банки до крајните корисници – домашни компании ги обезбеди Владата од унгарската Експорт-импорт банка со цел да поттикне инвестициски циклус во приватниот сектор. Средствата на компаниите се пласираат по поволни услови со каматна стапка од 1,95% и рок на отплата до 15 години со грејс период до 3 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Џенифер Лопез го покажува своето тело во бикини и на 57 години

Светската ѕвезда, актерката и пејачка Џенифер Лопез немаше проблем и на 57 годишна возраст да се соблече во секси ретро бикини.

Фото: Џенифер Лопез го покажува своето тело во бикини и на 57 години

Погледнете го изгледот на Џеј Ло што го освои интернетот.

Џенифер Лопез повторно привлече големо внимание кај своите следбеници, овојпат со серија фотографии на кои позираше во ретро бикини и ја покажа својата завидна фигура.

Латино дивата, која во јули го прослави својот 57-ти роденден, на фотографиите блесна во стилот на стариот Холивуд. Таа позираше во бикини во нијанса на скршено бело, кое го искомбинира со чевли со украсни детали и чипкаста марама на главата.

Посебен акцент стави на својот затегнат стомак, а целиот изглед го заокружи со тркалезни очила за сонце и елегантна бела чанта со четвртаст облик.

Лопез објави и полароид-фотографија на која позира во бел фустан со длабоко деколте и заводливи шлицови, што дополнително ја истакна нејзината фигура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер