Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите
1Општина Карпош доделува еднократна парична помош по повод денот на лицата со попреченост 3. декември
2Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите
СветБорба на живот и смрт меѓу украински и руски војник (Вознемирувачко видео) На интернет кружи осумминутна снимка од брутална пресметка меѓу Украинец и руски војник, која заврши со победата на рускиот војник врз украинскиот војник.Како што може да се прочита од странските медиуми, видеото го снимила камера на кацигата на украинскиот војник. На веб-страницата Редит е објавена наводна фотографија од рускиот војник по интензивната битка. На осумминутната снимка од камерата на еден украински борец се гледаат двајца мажи како пукаат еден во друг во близина на урнатините на бомбардирана зграда. Украинецот потоа успева да му пријде на Русинот и да му ја зграпчи автоматската пушка, што доведува до борба која завршува со тоа што рускиот војник извадил нож и му го заби на противникот во бутот. На видеото, според странските медиуми, се слуша како разменуваат навреди, а украинскиот војник бесно му кажува на рускиот војник дека дошол да ја нападне неговата татковина. Меѓутоа, украинскиот борец паѓа на земја откако рускиот војник го расекол со нож. Неидентификуваниот ранет борец, кој губи крв, ѝ праќа пораки на мајка си додека го зема последниот здив. „Тоа е тоа, мамо. Збогум“. Рускиот војник потоа му приоѓа на ранетиот борец и клекнува до него. „Ми го пресече целото тело“, заплака во тој момент украинскиот борец. Додека лежи ранет, Украинецот го моли Русинот да го пушти да умре сам. "Ти благодарам. Ти беше најдобриот борец на светот. Збогум, ти беше подобар". Во тој момент рускиот војник се повлекол и му рекол „збогум“ на Украинецот. Поразениот Украинец потоа го извлекува затворачот на својата граната во обид да стави крај на сопствениот живот, но безуспешно. Според странските медиуми, се претпоставува дека снимката е направена во Трудово, во областа Запорожје во Украина, а била снимена есента, но дури сега е објавена. Видеото од тепачката, со крајно вознемирувачка содржина, можете да го погледнете на следниот линк од британски Сан.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОпштина Карпош доделува еднократна парична помош по повод денот на лицата со попреченост 3. декември Општина Карпош објавува Јавен повик за доделување на еднократна парична помош во висина од 5.000 денари, по повод 3-ти декември - Денот на лицата со попреченост. Оваа иницијатива произлегува согласно програмските активности на Општина Карпош од областа на детската, социјалната и здравствената заштита за 2026 година. Повикот е временски ограничен и ќе трае од денеска, понеделник (09.11.2026), па се до петок (20.11.2026) година. Во таа насока, право на остварување на еднократна парична помош имаат лица со попреченост коишто се жители на општина Карпош. За остварување на правото на паричен надомест потребно е да се достави соодветна документација како доказ за наведеното барање: - лична карта ( подносителот да е жител на општина Карпош ) - трансакциска сметка на име на подносителот на барањето) - наод и мислење за вид и степен на попреченост во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби или конзилијарно мислење/наод за остварување на право на додаток за попреченост во прв степен или друг документ со кој се потврдува видот и степенот на попреченост. За таа намена, комплетната документација се поднесува во архивата на Општина Карпош. Остварување на правото на паричен надомест ќе се врши по редослед на поднесување, односно до исцрпување на средствата предвидени во финансиската рамка во точка 8. (Одбележување на 3-ти Декември - Денот на лицата со попреченост од Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на детската, социјалната и здравствената заштита за 2026 година). ОПШТИНА КАРПОШТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентитеПремиерот Христијан Мицкоски реагираше на изјавата на Бленди Ходаи за студентскиот оброк, оценувајќи дека навредите упатени кон универзитетските професори се непристојни. Тој порача дека се смета за пријател и поддржувач на студентите и најави дека по завршувањето на политичкиот ангажман повторно ќе се врати на универзитетот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеНедоволното внесување на хранливи материи кај пациентите потешко ги празни болничките креветиДел од сумплементите за малнутриција или состојба кога некој не прима доволно хранливи материи заради здравствена состојба а со тоа и губи мусклулна маса се на твоар на фондот за здравство. Малнутрицијата мора да го заземе важното место во делот на лекување на пациентот пред операција и по операција со цел да има целосно заздравување а пацинетот да не биде со недели во болнички кревет заради неисхранетост. Оваа тема денеска ги собира сите доктори од КАРИЛ и клиниката за гастро каде треба да се влијае на подоборување на системот од примарно ниво. На Клиниката за дигестивна хирургија и клиниката за гастро објаснуваат дека системот со правилна храна, психолошка помош е најважна во процесот на лекување. Најчесто станува збор за пациенти кои имале онколошки проблеми и интревнеции, постари пациенти и пациенти од интензвините единци за лекување. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter