Борачите успешно ја претставија Македонија на Медитеранските игри - Канал 5

Борачите успешно ја претставија Македонија на Медитеранските игри

Задоволство од постигнатиот резултат на Медитеранските игри во турскиот град Мерсин владее во таборот на Федерацијата на боречки спортови на Македонија. Македонските борачи на ова натпреварување освоија три медали, еден сребрен и два бронзени.

Борачите успешно ја претставија Македонија на Медитеранските игри
Македонското борење со ови три медали, според МИА, стигна до бројката 24 на големите натпреварувања како што се Олимпијадите, Европските и Светските првенства и Медитеранските игри што го прави еден од најтрофејните спортови во државата.

Покрај учесниците на МИ, со медал од Европското првенство за кадети одржано во Бар се врати и Елмедин Сејфулаху. 15-годишниот македонски репрезентативец го освои бронзениот медал во категоријата до 42 килограми.

- Продолжуваме со работа со цел постигнување уште подобри резултати. Не очекува настап на Светското првенство во Зрењанин. Со поддршката од Агенцијата за млади и спорт борењето во Македонија има убава перспектива, изјави Седат Бафтија, тренерот на Сејфулаху.

Македонија во периодот од 2 до 7 јули ќе биде домаќин на Европското првенство во борење за јуниори во категориите слободен стил, грчко-римски стил и борење за жени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клековски ќе информира за проширувањето на позитивната листа на лекови

Денеска директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски  ќе информира за  проширувањето на позитивната листа на лекови, со цел отстранување на дилемите поврзани со нејзината примена во пракса.

Клековски ќе информира за проширувањето на позитивната листа на лекови

Клековски кој е кандидат за министер за здравство во телевизиско гостување вели дека заедничките служби на клинички должат 35 милиони евра, а Клиниката за онкологија, како што рече, е најголем должник меѓу клиниките.

– Реалноста е дека долгови има. Најголем должник е Клиниката за онкологија и тоа е наследен долг – мислам дека е околу една милијарда денари. Меѓутоа, кога ќе земете дека буџетот на онкологија сега е пет милијарди, не зборувам за нешто со што не може да се управува. Значи, една милијарда долг звучи многу, меѓутоа севкупниот буџет на клиниката е пет милијарди и како таков тој е 20 отсто од буџетот на клиниката, изјави Клековски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска во Собранието ќе биде промовиран кодексот за етичко однесување на пратениците

Денеска во Собранието ќе биде промовиран кодексот за етичко однесување на пратениците, документ со кој се утврдуваат принципите и стандардите за однесување на избраните претставници во законодавниот дом.

Денеска во Собранието ќе биде промовиран кодексот за етичко однесување на пратениците

Кодексот беше усвоен на 15 јуни годинава, а според претседателот на собранието, Африм Гаши, неговата цел е да воспостави јасни правила за етичко постапување и одговорност на пратениците во извршувањето на нивната функција.

На промотивниот настан воведни обраќања ќе имаат претседателот на собранието Африм Гаши, амбасадори и пратеници во рамки на настанот ќе се одржи и дискусија на тема „Од усвојување до примена – следни чекори“, посветена на практичната примена на новите етички стандарди во работата на пратениците.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Официјалните канали на белгискиот тим со порака до Трамп и Инфантино: -„Поништи го ова!“

Фудбалската репрезентација на САД во осминафиналето го заврши својот мундијалски сон за висок пласман на првенството на кое е кодомаќин. 

Официјалните канали на белгискиот тим со порака до Трамп и Инфантино: -„Поништи го ова!“

Репрезентација на Белгија во осминафиналето синоќа ги совлада САД со убедливи 4:1 и обезбеди место меѓу осумте најдобри селекции на 23 Светски шампионат.

За Белгијците овој успех и триумф е уште посладок, ако се замат во предвид контроверзиите кои го следеа овој дуел уште пред неговиот почеток.

ФИФА под притисок на американскиот претседател Трамп му го поништи црвениот картон на напаѓачот на САД, Фоларин Балогун, кој го доби против БиХ и му дозволи да игра во осминафиналето.

Молбата од Трамп која првиот човек на ФИФА, Инфантино ја прифати предизвика без низ целиот свет кај скоро сите искрени љубители на буба-марата.

Секако успехот на Белгија во овој контроверзен меч предизвика хаос и на социјалните мрежи.

Официјалните канали на белгискиот тим на социјалните мрежи брзо испратија порака откако беше потврдена нивната победа од 4-1.

„Поништи го ова!“, пишуваше во објавите, по четвртиот гол кој го постигна Лукаку.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер