Конески: УМС доби нов Извршен комитет, ќе бидеме посветени на креирање нови иницијативи и политики за младите
2Конески: УМС доби нов Извршен комитет, ќе бидеме посветени на креирање нови иницијативи и политики за младите
Други спортовиБолт остана без номинација од ИААФУсаин Болт, шесткратниот добитник на наградата најдобар тркач во светот, остана надвор од листата на десетмина номинирани од страна на Меѓународната атлетска федерација (ИААФ), кои претендираат за насловот атлетичар на годината. Јамајчанецот кој е единствениот спринтер со одбранети титули на 100 и 200 метри на три последователни Олимпијади, стави крај на кариерата по светското првенство во Лондон. Номинирани атлетичари: Мутас ЕСА Баршим (скок во височина), Павел Фајдек (фрлање кладиво), Мо Фара (трчање), Сем Кендрикс (скок со стап), Илајџа Манангој (трчање), Луво Манонга (скок во далечина), Омар Маклид (трчање со пречки), Кристијан Тејлор (трискок), Вејд ван Нијкерк (спринт) и Јоханес Фетер (фрлање копје). Номинирани атлетичарки: Елмаз Ајана (трчање), Анита Влодарчик (кладиво), Марија Ласицкене (скок во височина), Хелен Обири (трчање), Сали Пирсон (пречки), Сандра Перковиќ (диск), Бритни Ријс (скок во далечина), Кастер Семенја (спринт), Екатерина Стефаниди (скок со стап) и Нафисату Тиам (седмобој). Церемонијата на прогласување на најдобрите е закажана за 24 ноември. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Поради тендер патриотите Клековски и Мицкоски отруена е цела МакедонијаВо над 50 населени места во Македонија водата не е безбедна за пиење а листата расте секој ден. Гостивар, Крушево, Валандово, Булачани, Пласница, Лешок, Преглово, Маврово, Рич, Белотино, Башино Село, Елшани, Велестово, Ново Село, Сушица, Зубово, Државо, Гарани, Шутово и уште многу други места. Во Гостивар има ризик од епидемија на жолтица. И власта повторно задоцни со реакција. Иако претседателот Филипче уште пред 2 недели алармираше за ризикот од жолтица, власта дури вчера излезе со препораки за превенција и откривање симптоми. Се уште не се објавува извештај за водата во Гостивар, кој одобри, потпиша и кој гарантира дека „техничката вода“ е безбедна. А Мицкоски и Клековски даваат спротивни изјави. Клековски вели до крај на неделата водата во Гостивар ќе може да се пие а Мицкоски вели има нова бактерија. Ова е тотален институционален колапс. Резултат на неспособност, небрежност и целосно игнорирање на основните потреби на граѓаните од страна на тендер-патриотитe. Додека Мицкоски отвора базени и оди на „екскурзии“, а Клековски држи прес-конференции, илјадници луѓе се разболуваат, а цела држава се претвора во зона на ризик. Пола Македонија е без безбедна вода за пиење. А одговорен сè уште нема. Ниту еден. СДСМ бара: • Итна и целосна одговорност - политичка и кривична • Јавно објавување на сите анализи и причини за загадувањето на водата • Итна интервенција и обезбедување чиста вода за сите засегнати населени места Македонија не смее да биде држава во која основното човеково право - чиста вода за пиење е луксуз. Прес конференција на Маја Серафимовска Борозан, СДСМ Скопје, 01.08.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35На Богородица и Табановце времето на чекање е околу 30 минути до 1 час10:24Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
ФудбалЊукасл остана без менаџер Еди Хау, поднесе оставкаЊукасл остана без менаџер Менаџерот на Њукасл, Еди Хау, поднесе оставка.48-годишниот стратег си замина по речиси пет години на чело на Њукасл, по разочарувачката сезона во која тимот заврши на 12-тото место во Премиер-лигата. Хау успеа двапати да обезбеди пласман во Лигата на шампионите и да го освои Лига-купот во сезоната 2024/25. „По период на размислување, одлучив дека сега е вистинското време да се повлечам“, изјави Хау. Њукасл е во потрага по нов тренер, а главен кандидат е Германецот Матијас Јајсле. „Иако беше исклучително тешко да се донесе оваа одлука, длабоко во себе знам дека таа е исправна. Беше привилегија да се биде менаџер на Њукасл“, додаде Хау. Пред Њукасл, Хау работеше во Борнмут (во два наврати) и во Барнли.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКонески: УМС доби нов Извршен комитет, ќе бидеме посветени на креирање нови иницијативи и политики за младитеОдлуката за вработување на уште 300 приватни специјализанти е значаен чекор кон создавање посилно, поквалитетно и подостапно јавно здравство, но и порака дека младите лекари се потребни, вреднувани и имаат своја перспектива во Република Македонија.Одлуката за вработување на уште 300 приватни специјализанти е значаен чекор кон создавање посилно, поквалитетно и подостапно јавно здравство, но и порака дека младите лекари се потребни, вреднувани и имаат своја перспектива во Република Македонија. Со оваа мерка, до крајот на 2026 година, уште 300 млади лекари ќе добијат можност да го продолжат својот професионален пат во јавните здравствени установи, своето знаење и стручност да ги вложат во здравствениот систем и да придонесат кон подобри услови за граѓаните. Ова претставува директна инвестиција во младите медицински кадри, но и сериозен чекор кон решавање на предизвикот со недостигот од специјалистички кадар. Со создавањето услови младите лекари да останат и да се развиваат во својата држава, се гради стабилен и одржлив здравствен систем. Особено значајно е што со оваа мерка се опфатени и здравствените установи надвор од Скопје, со што се овозможува рамномерен развој на здравството и подобра достапност на специјалистичките услуги за граѓаните во сите делови на Република Македонија. Ова е пример дека кога се инвестира во младите, се инвестира во иднината на државата. Секој млад човек кој добива можност да го надградува своето знаење, да напредува професионално и својата иднина да ја гради дома, е придобивка за целото општество. Како претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, верувам дека младите не се само иднината на државата, туку и нејзината сегашност и најголем развоен потенцијал. Затоа, нашата обврска е да ги слушаме нивните потреби и да работиме на политики кои создаваат реални можности за нивниот развој. Токму со таква визија започнува работата на новоизбраниот Извршен комитет на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Ова е тим составен од млади луѓе со знаење, енергија и желба за работа, кој во наредниот период ќе биде поставени на креирање нови иницијативи, предлози и политики насочени кон младите. Нашата цел е Унијата на млади сили да биде организација која ги слуша младите, ги препознава нивните потреби и активно работи на создавање услови за нивен личен и професионален напредок. На вчерашната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ беше донесена одлука за избор на новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на млади сили. За генерален секретар е избран Дамјан Коњановски. За заменик генерален секретар е избран Стојан Пандов. За потпретседатели се избрани Борис Шамбевски, Илија Ристески и Тијана Тесалоника Шишкоска. За организациони секретари се избрани Антоанета Лазаревска, Денис Пановски, Иван Димитриевски и Мартин Ивановски. За претседател на Градскиот комитет на УМС е избран Љупчо Ристески, додека меѓународен секретар ќе биде Луна Стефаноска. За членови на Извршниот комитет се избрани: Лина Рангелова, Софиа Даштевска, Марио Николовски, Иван Коцев, Филип Анастасов, Виктор Петков, Стефан Здравески, Филип Милев, Трајче Стојановски, Марио Стојчевски, Петар Младеновски, Георги Петков, Анастазија Георгиева, Јована Спасеноска, Петар Мицкоски, Александра Николовска, Тамара Трајковиќ, Дамјан Ивановски, Горјан Смилков, Стефан Стојчевиќ, Михаела Ристеска, Христијан Ефтимов и Верица Ценева. Ни претстои период на многу работа, многу активности и голема одговорност. Со посветеност, тимска работа и конкретни резултати ќе покажеме дека младите се важен фактор во развојот на општеството и активни носители на позитивните промени во Република Македонија. Тодор Конески, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook