Болт истрча 200 метри со најдобро време во 2013 година - Канал 5

Болт истрча 200 метри со најдобро време во 2013 година

Усеин Болт синоќа во Париз на трката на 200 метри во рамките на Дијамантската лига истрча со време 19.73 секунди што претставува најдобар резултат годинава.

Болт истрча 200 метри со најдобро време во 2013 година
Со ова време, според МИА, спринтерот од Јамајка за една стотинка го подобри резултатот на американскиот атлетичар Тајсон Геј остварен на квалификациите на САД пред еден месец.

На синоќешниот спринт на 200 метри, втор беше сонародникот на Болт, Варен Веир со резултат 19.92, додека третото место го освои Кристоф Леметр со време 20.07.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Белгија ги декласира САД во најконтроверзниот натпревар на Мундијалот, Роналдо се прости од Португалија

23 светски фудбалски шампионат во осминафиналето остана и без последниот, трет домаќин, селекцијата на САД. 

Белгија ги декласира САД во најконтроверзниот натпревар на Мундијалот, Роналдо се прости од Португалија

Белгија ги победи САД со 4–1 во најконтроверзниот натпревар од осминафиналето на Светското првенство.

Херој на победата беше Шарл де Кетеларе, кој постигна голови во 9. и 33. минута и асистираше за голот на Ханс Ванакен во 57. минута.

Ромелу Лукаку постигна гол во 93. минута откако влезе во игра од клупата за резерви. Малик Тилман го постигна единствениот гол за САД од слободен удар во 31. минута.

Во четвртфиналето Белгија ја очекува дуел против актуелниот европски шампион големиот фаворит за завршницата селекцијата на Шпанија.Мундијалското европско дерби ќе остане запишано и во историјата како последен меч во репрезенативниот дрес на Португалија на светската ѕвезда Кристијано Роналдо.

Шпанците синоќа го добија европскиот класик во осминафиналето против големиот ривал Португалија со гол на Мерино во судиското надополнување.

Инаку, мечот Белгија - САД имаше тензија уште пред да започне поради еден од најголемите скандали во историјата на Светското првенство, откако ФИФА – наводно под притисок на американскиот претседател Доналд Трамп – ја укина суспензијата на американскиот напаѓач Фоларин Балогун. Тој доби црвен картон на натпреварот против Босна и Херцеговина, но неговата суспензија беше одложена, што му овозможи да игра против Белгија. Сепак, дури ни тој не можеше да им помогне на САД да дојдат до победа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево со темперетура до 36 степени, попладне локална нестабилност

Денес времето ќе биде сончево време со мала до умерена облачност. 

Сончево со темперетура до 36 степени, попладне локална нестабилност

Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени.

Во Скопје, сончево време со мала до умерена облачност. Пополадне во делови од котлината ќе има услови за повремен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 34 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Утре претпладне времето ќе биде промелниво облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има услови за појава на локална нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Потоа следува период на топло и стабилно време. Дневната температура ќе биде во пораст.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 7. јули 2026 година

Дневен хороскоп за вторник, 7. јули 2026 година. 

Дневен хороскоп за 7. јули 2026 година

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Малите фрустрации ќе бидат поврзани со потребата за интимност и друштво во исто време , како и излегување во јавност. Одберете паметно.

Кариера

Доколку не сте сигурни како да се поставите во една деловна ситуација , потпрете се на својата интуиција.

Здравје и совет

Бидете умерени.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Денешниот ден ќе ви донесе многу шанси за дружење , па ако имате можност , излезете меѓу луѓе.

Кариера

Ќе ви пречат многу ситници на работното место и со нетрпение ќе дочекате сето тоа да заврши и да си заминете дома.

Здравје и совет

Бидете тактични.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе имате толку силна имагинација што без проблеми ќе ја надминете секоја празнина во личните односи.

Кариера

Работите си течат по свој ток и засега се е добро. Денеска занимнавајте се со мали поттици за да биде уште подобро.

Здравје и совет

Анализирајте си ги соништата.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Една личност од вашата работна средина ќе ви биде наклонета или обратно. Можете да се доверите еден на друг.

Кариера

Ќе делувате на два фронта- оној редовниот и ониој што вклучува големи планови за иднината.

Здравје и совет

Не се срамете за да се изразите.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Вашата врска добро функционира , а денеска ќе мора да изреагирате на една работа што ќе ви одземе дел од слободното време.

Кариера

Ќе размислувате дали да смените сдел од работата или нешто во самата постапка на работењето. Раширете ги и контактите.

Здравје и совет

Мали главоболки или тага.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Доколку се чувствувате повредено , обидете се подобро да ги разберете другите. Тогаш и тие подобро ќе ве разберат вас.

Кариера

Некои ваши колеги денеска би можеле да ја покажат својата слаба страна. Немојте да бидете премногу строги ,туку помогнете им.

Здравје и совет

Заслужувате одмор.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Откако се ви стана јасно, повторно ќе навлезете во реподна фаза на депресија и размислувања за смисолот на љубовта.

Кариера

Ситуацијата е зрела за вашето деловно напредување , па оваа шанса ќе ја искористите на најдобар можен начин.

Здравје и совет

Опуштете се.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе бидете заинтересирани за се она што е апстрактно во односите , ќе читате меѓу редови и ќе откривате вибрации на поврзаност.

Кариера

Се што вклучува соработка, контакти и размена на идеи , денеска ќе ви оди од рака подобро од вообичаено.

Здравје и совет

Опуштете се со добра музика.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Нема да ја криете симпатијата што ја чувствувате за една личност. Таа засега ви е пријател , но би можела да стане нешто повеќе.

Кариера

Ако го отворите својот меил , ќе видите бројни пораки од странство. Некои содржат и деловни понуди.

Здравје и совет

Не одете преку своите можности.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Моментално не се симнувате од листата на најпопуларните во друштвото.Повторно ве викаат , ве сакаат и поддржуваат. Партнерот е малку љубоморен поради тоа.

Кариера

Цврсто стоите на земја и тешко дека нешто ќе ве одврати од вашиот план. Сигурни сте во себе и на таков начин продолжувате понатаму.

Здравје и совет

Не ги забрзувајте работите.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ништо не може да ги загрози вашите скласдни односи со саканата личност , но нема да има ниту особени поттици за љубов.

Кариера

Преговортие течат добро , иако вие не сте расположени за тоа. Ви исгледа како луѓето околу вас да работат половично.

Здравје и совет

Добро ќе се најадете , внимавајте на притисокот.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Вашето семејство како да ве окупира за себе , па денеска немате многу време за партнерот. Организирајте се.

Кариера

Сега конешно се ви е јасно во врска со една деловна соработка и работите се зрели за можен договор.

Здравје и совет

Не можете вечно да живеете на стара слава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер