ЛДП: Македонија заслужува ЕУ сега- светските либерали изгласаа резолуција за итна европска интеграција!
1ЛДП: Македонија заслужува ЕУ сега- светските либерали изгласаа резолуција за итна европска интеграција!
3Ракетен напад на финансискиот центар во Ријад- оштетена е зградата на нафтениот гигант „Армико“ (ВИДЕО)
МакедонијаБолниците во Тетово, Гостивар, Струга и Кичево преполни со ковид-пациентиБолниците во Тетово, Гостивар, Струга и Кичево преполни со ковид-пациенти, вчера 27 починати, активни над 13 илјади случаи.Болниците во Тетово, во Гостивар, во Струга и во Кичево сè уште се преполни со пациенти со Ковид-19. И вчера таму беа забележани повеќе нови случаи во однос на другите градови. Но и повеќе починати. Од новозаразените 1.082, од Тетово се 87, од Гостивар – 72, Кичево – 57, а во Скопје – 406. Од 27-те починати, шест се од Тетово, пет од Гостивар, три од Кичево. Тројцата починати од Кичево се на возраст 48, 46 и 45 години. Одговорните за здравство смируваат. Тие сметаат дека во полошкиот регион веќе е достигнат пикот и сега ситуацијата ќе почне да се смирува. Заменикот-министер за здравство Илир Хасани деновиве учествува на сите состаноци кои ги има кризниот штаб за Општина Тетово, а на средба со новинарите истакна дека нови дополнителни мерки за градот и регионот не се потребни, сметајќи ги како контрапродуктивни. Премиерот Зоран Заев вчера рече дека засега не се разговара за специјални карантини или за посебни ограничувања поради актуелната епидемиолошка состојба во земјава. – Се надеваме дека бројките кои во последните неколку дена се стабилизираа, ќе почнат да паѓаат, особено ако се придржуваме до мерките и ако внимаваме, истакна Заев. Во однос на зголемениот број ковид-случаи, посебно во Тетово и Гостивар, Заев рече дека главно се работи за граѓани со хронични болести. Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави сè уште трае координацијата со директорите на болниците во Тетово, во Гостивар, во Струга и во Кичево, со цел на секој пациент на кој му е потребна хоспитализација со транспорт да се донесе во Скопје, каде што сè уште има места во болницата во Козле, каде ротира тим на лекари специјалисти инфектолози и пулмолози. – Спремни се други дополнителни капацитети, меѓутоа, засега освен оваа болница во ниту една друга нема да се прави ковид центар како што беше тоа во претходниот бран, изјави Филипче. Според него, охрабруваат новите бројки на дијагностицирани во смисла на тоа дека опаѓаат, но премногу е рано да се каже дека ова е некаков тренд. Затоа будно ја следиме ситуацијата и ги следиме сите параметри, рече Филипче, повторно повикувајќи на масовна вакцинација, која, како што рече, треба да стави крај на пандемијата. – Сите пандемии и епидемии, историски гледано наназад во светот завршиле исклучиво со вакцинација, а не со прележување на болеста и сега кога имаме инструмент и механизам на располагање и кога е докажано ефикасен и ефективен, што се докажува со релативно помал број пациенти во градовите во кои е поголем опфатот на вакцинација, истакна министерот за здравство, кој ги повика родителите на децата да се вакцинираат пред почетокот на учебната година. Тој рече дека се разгледуваат и некои светски искуства за тоа што се прави во училиштата во однос на брзи тестови кај децата. – Она што е карактеристично и интересно е тоа што во последниот период значајно расте интересот за вакцинација на помладите граѓани, особено од 18 до 40 години и сега таа бројка изнесува 170 илјади вакцинирани граѓани, што според анализите е 26 проценти од вкупно население во тие возрасни групи, рече министерот Филипче. Од вчера почна со работа и пунктот за вакцинација во малата сала во СЦ Борис Трајковски. Граѓаните кои сакаат да се вакцинираат може да го направат тоа без закажан термин. Во останатите поликлиники во Скопје и во сите други пунктови низ државата продолжува да се одвива вакцинацијата и ревакцинацијата на граѓаните. Заклучно со завчера вакцинирани се вкупно 695.525 граѓани. Прва доза вакцина завчера примиле 9.123 граѓани, а се вакцинирале 13.303 граѓани. Со последните бројки, 70 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, тој процент кај оние над 65 години е 69 отсто, кај оние над 60 е 65 отсто, а кај населението над 50 години 56 отсто е вакцинирано со барем една доза вакцина. Досега во земјата се направени вкупно 1.130.975 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 172.657, бројката на оздравени пациенти е 153.640, на починати е 5.782, а бројот на активни случаи е 13.235. За потсетување на првата половина на јули, бројот на активни случаи беше 130, а денеска, по месец и половина се искачи на 13.235. Најмногу активни има во Скопје – 4710, следи Тетово со 2021, Гостивар – 1531, Куманово – 847, Струмица – 651, Кичево – 619, Струга – 447. Во другите градови таа бројка е под 400. Најмалку активни има во Дојран, само два. Ваквата епидемиолошка слика, ја отвори дебатата дали децата треба да почнат настава со физичко присуство. Вчера дел од родителите бараа од министерката за образование и наука Мила Царовска да дозволи децата да следат онлајн настава, без да покажуваат лекарски извештаи како доказ дека имаат хронично болни во семејството. И градот Тетово побара во првите три недели учениците да следат онлајн настава, имајќи ја предвид лошата епидемиолошка состојба во овој град. Засега МОН останува на ставот дека учебната година треба да почне со физичко присуство и оти училиштата за тоа се подготвени. Освен онлај наставата, мерките на Владата, влез во многу места само на вакцинирани лица најмалку со една доза, сè уште ја брануваат јавноста. Вчера бизнис секторот се пожали дека со новите ковид мерки, трговските центри се речиси празни, а посетеноста е намалена за 60 отсто во споредба со минатиот месец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Други спортовиУжас во рингот: Прекинат е меч поради страшна деформација на главата на боксерот (ВИДЕО)Англискиот боксер Зак Милер влезе во рингот со големи амбиции и желба да ја освои британската титула во перо категорија, но неговиот меч против Гали Паувар заврши на начин што ги шокираше љубителите на боксот. По десет рунди и драматични сцени во рингот, тепачката беше прекината поради страшниот оток на главата, кој целосно го промени изгледот на неговото лице. Борбата за слободниот шампионски појас се одржа на боксерски настан, чии главни актери беа Џошуа Буатси и Вили Хачинсон. Пуар беше поактивен во поголемиот дел од натпреварот, но пресвртот дојде по ненамерниот судир на глави. Над окото на Милер почна да се создава огромен хематом кој од минута во минута стануваше се поголем. Веќе на крајот од седмата рунда последиците беа застрашувачки. На лицето му се појавил голем оток, додека дополнителна загриженост предизвика расекотина над другото око. Ситуацијата набрзо дополнително се влошила. Уште еден огромен хематом се појавил на спротивната страна од главата, а двата отоци продолжиле да растат. Во деветтата рунда беше побарана лекарска проценка, но Милер доби дозвола да ја продолжи борбата. Не се откажа и покрај страшните повреди Во десеттиот круг сцените станаа уште подраматични. Отоците толку многу ја искривиле главата на боксерот што судијата повторно го повикал докторот на ринг. Овој пат немаше дилема - по краток преглед беше препорачано прекинување на тепачката и итна медицинска помош. The fight has been STOPPED due to severe swelling on Zak Miller’s face! 😬 #BuatsiHutchinson2 | Live NOW on DAZN ▪️ https://t.co/ePPcK5SiPA — DAZN Boxing (@DAZNBoxing) November 7, 2026 Бидејќи повредите настанаа како резултат на ненамерен судир на глави, победникот беше решен според картоните на судиите. Паувар славеше со едногласна техничка одлука. Така 24-годишникот стигна до титулата британски шампион во перо категорија, додека Зек Милер и покрај големата желба и упорност мораше да се задоволи со пораз.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛДП: Македонија заслужува ЕУ сега- светските либерали изгласаа резолуција за итна европска интеграција!Забрзана интеграција на Македонија во Европската Унија и итен пристап до европскиот пазар и фондовите на Унијата се бара во резолуцијата на Либералната интернационала усвоена изминатата недела на конгресот во Бангкок. Резолуцијата истакнува дека 78% од македонската економија е поврзана со европската и дека претворањето на евроинтеграцијата во подвижна цел за Македонија и за земјите кандидатки води кон слабеење на европските позиции. Предлозите од оваа резолуција носат директни решенија за секојдневните маки на македонските граѓани и бизниси – крај на повеќечасовните чекања за камионџиите на границите поради новиот ЕЕС-систем, ослободување од дополнителни такси за влез во ЕУ како новиот ЕТИАС-систем, слободно движење и работа ширум Европа, како и силна економска ињекција преку фондовите што ќе го подобрат стандардот на граѓаните. ЛДП во континуитет истакнува дека е потребна редовна координација на меѓународните секретари и раководствата на партиите кои имаат членство во меѓународните и европските политички семејства за да се промовираат координирани национални позиции. Водењето надворешна политика водена исклучиво од интересите на една партија е погрешно и штетно. На овој значаен настан, Емил Кирјас ја доби силната доверба и реизбор за потпретседател на светското либерално семејство, потврдувајќи го угледниот македонски глас на меѓународната сцена. „Од либералите имаме постојана, директна и сесрдна поддршка. Тоа е последица на напорна работа, блиски контакти, искрени односи и непоколебливо држење до вредностите. Тоа државата мора да го искористи сега, а не утре,” изјави по усвојувањето на резолуцијата потпретседателот на ЛИ, Емил Кирјас. “Како народ и како нација немаме луксуз да чекаме подобри времиња преку илузорни странски гаранции. Градењето функционална, правична, некорумпирана и здрава држава, со самозаштитни клаузули за европската иднина и економскиот просперитет, мора да биде заедничка обврска за сите. Мора да ја промениме реалноста во која доминираат манипулациите и празните говори, наместо конкретните резултати“, додаде Кирјас. ЛДП останува отворена да ги поддржи вистинските државни интереси кои водат кон итно деблокирање на европските интеграции и конкретни придобивки за македонските граѓани и македонскиот бизнис. Либерално-демократска партијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
ЕкономијаПретседателката на Европската централна банка: Инфлацијата најверојатно ќе остане висока Инфлацијата веројатно ќе остане висока во блиска иднина, а Европската централна банка (ЕЦБ) ќе ја разгледа деталната структура на основната инфлација за да ги утврди своите следни чекори во однос на каматните стапки следниот месец.Инфлацијата веројатно ќе остане висока во блиска иднина, а Европската централна банка (ЕЦБ) ќе ја разгледа деталната структура на основната инфлација за да ги утврди своите следни чекори во однос на каматните стапки следниот месец, изјави претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард. Таа рече дека не може со сигурност да каже дали ЕЦБ ќе ги зголеми каматните стапки во декември, но истакна дека ќе бидат потребни значителни промени за ситуацијата да се одвива поинаку од она што таа го очекува. „Знаеме дека стапките на инфлација ќе останат високи во наредните квартали“, рече Лагард во интервју за јапонскиот весник „Јомиури Шимбун“. Таа додаде дека колку се повисоки и колку подолго остануваат високи, толку е поголем ризикот за среднорочната цел на ЕЦБ. „Внимателно ги следиме индикаторите што укажуваат на идните случувања, како што се повеќегодишните договори за плати, очекувањата за плати на компаниите - и досега не гледаме знаци за промена на трендот“, рече Лагард, според „Блумберг“. Со оглед на тоа што инфлацијата во еврозоната е двојно поголема од целта на ЕЦБ од 2 проценти, а економијата продолжува да расте стабилно, некои функционери сигнализираа можност за уште едно зголемување на стапката за четвртина процентна стапка следниот месец. Тоа би бил најновиот потег во низата, по два такви потези откако војната со Иран ги зголеми цените на енергијата. Сепак, клучното прашање е колку монетарно затегнување може да се справи валутниот блок од 21 земја без да го поткопа економскиот раст, објави Блумберг Уште едно зголемување на каматните стапки би ги турнало трошоците за задолжување до горниот крај од опсегот каде што нивното влијание врз економијата се смета за безопасно. Холанѓанецот Клас Кнот и Шпанецот Пабло Ернандез де Кос се борат да ја наследат, изјави претседателката на Еврогрупата во петокот. На прашањето дали планира да се кандидира на претседателските избори во Франција во 2027 година, Лагард одговори дека тоа не е нејзин план, но дека сака да зборува во дебатата и да го изрази своето мислење за кандидатите.Тагови: Европската централна банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28