ОН во Скопје ќе го поддржи Министерството за односи меѓу заедниците во спроведувањето на неговата Стратегија
2ОН во Скопје ќе го поддржи Министерството за односи меѓу заедниците во спроведувањето на неговата Стратегија
Дервишова: Mатичните доктори даваат поддршка за контролите во боледувањето, но бараат регионални болници
1Дервишова: Mатичните доктори даваат поддршка за контролите во боледувањето, но бараат регионални болници
МакедонијаБолничарка од Инфективна клиника е заразена со Конго кримска трескаБолничарка од скопската Инфективна е хоспитализирана во истата клиника откако пројавила симптоми на Конго кримска треска, потврдуваат болнички извори за Канал 5....Станува збор за вработена која била во контакт со 27 годишната жена од штипското село Кучица, што почина пред околу десет дена по каснување од крлеж... Според првичните информации, вработената од Клиниката нема сериозна манифестација на болеста... Инаку вкупно 29 луѓе, најголем дел од нив здравствени работници се под здравствен надзор со решение издадено од Државниот санитарен и здравствен инспекторат...Досега само една болничарка пројавила симптоми...Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалРодри: Мурињо ми се јави да дојдам во Реал, беше прекрасенЖозе Мурињо ми се јави да дојдам во Реал, беше прекрасен. Потоа му се јавив за да му кажам дека одам во БарселонаНајдобриот фудбалер на Мундијалот во 2026, Шпанецот, Родри летово премина од Манчестер Сити во Барселона, што претставуваше еден од најголемите трансфери во европскиот фудбал. Предводникот на шпанската репрезентација, која ја освои светската титула, претходно мина седум години во Манчестер Сити. Тој сега за „Мундо Депортиво“ објасни зошто го избрал каталонскиот клуб пред Реал Мадрид и кој одиграл клучна улога во неговата одлука. Тој откри дека тренерот на Барселона, Ханси Флик, и спортскиот директор Деко биле главните личности што го охрабриле да се приклучи на тимот. „Секогаш сум носел одлуки врз основа на спортски причини, гледајќи каде можам да победувам, да бидам среќен и, пред сè, да напредувам како играч. Токму затоа ја избрав Барселона – исто така и поради генерацијата играчи што ја имаат и она што Флик го гради таму. На крајот, Деко и Флик, како клучни фигури во клубот, ме убедија да дојдам“, објасни тој. 30 - годишниот Родри потврди дека добил понуда од Реал Мадрид, но на крајот го одбил најголемиот ривал на својот нов клуб. Тој објасни дека спортскиот проект на Барселона повеќе му се допаднал. „Морав да измерам многу фактори и да донесам важна одлука меѓу два од најдобрите клубови во светот. Воопшто не беше лесна одлука; да му се каже ’не‘ на Реал не беше едноставно, особено со оглед на тоа колку со почит се однесуваа кон мене“, рече тој, додавајќи: „На крајот, изборот го направив врз основа на спортски причини – што ми побуди поголем ентузијазам и каде би можел да освојувам трофеи и да продолжам да се развивам.“ Тој исто така откри дека, во текот на процесот, разговарал со тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, кој се обидувал да го доведе во клубот. „Ми кажа дека ме сака во Реал и зборуваше за тоа што би можел да му донесам на тимот. Откако ја донесов одлуката, му се јавив за да му се заблагодарам за интересот и за начинот на кој се однесуваше кон мене. Мислам дека тој е одличен тренер“, заклучи Родри.Тагови: Жозе Мурињо Родри Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаНародна банка ја задржа основната каматна стапка на 4,25%, бележи повисока побарувачка на девизи Народната банка ја задржа основната каматна стапка на нивото од 4,25% со оценка дека тоа ќе придонесе за стабилност на денарот во однос на еврото, стабилизирање на инфлацијата и зацврстување на инфлациските очекувања.Од централната банка посочуваат дека движењата на девизниот пазар се стабилни, при што во периодот јули ̶ август, народната банка интервенира со откуп на девизи. „Сепак, и натаму има повисока побарувачка на девизи од корпоративниот сектор, делумно како резултат и на повисоките цени на енергенсите“, велат од НБ. Годишната стапка на инфлација се задржува на умерено ниво од 2,6%, но во август беа видливи ефектите од растот на светските цени на енергенсите врз домашната инфлација, соопшти нбрм и оцени дека сѐ уште е рано за да се потврди одржливоста на трендот на забавување на инфлацијата, особено имајќи го предвид високиот степен на неизвесност во надворешното окружување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОН во Скопје ќе го поддржи Министерството за односи меѓу заедниците во спроведувањето на неговата СтратегијаОрганизацијата на Обединетите нации во Скопје ќе го поддржи Министерството за односи меѓу заедниците во спроведувањето на неговата Стратегија.Организацијата на Обединетите нации во Скопје ќе го поддржи Министерството за односи меѓу заедниците во спроведувањето на неговата Стратегија, со фокус на зајакнувањето на социјалната кохезија, инклузијата и креирањето јавни политики засновани на конкретни податоци и докази. Ова беше во фокусот на состанокот за соработка и размена на идеи, кој се одржа во канцелариите на ОН во Скопје, на кој учествуваа претставничките Лаура Фиорото и Ардита Зекири, како и Шпенд Мурати, шеф на Кабинетот на министерот за односи меѓу заедниците, Агoн Ферати, заедно со претставниците на Министерството, Суеда Бајрами и Џелал Чајани. За време на состанокот беа разгледани можностите за поддршка на Министерството во спроведувањето на неговата Стратегија, преку користење на истражувањата, податоците и анализите како основа за креирање и спроведување на поефективни политики. Во таа насока, акцентот беше ставен на зајакнувањето на социјалната кохезија и создавањето посилни, по инклузивни и поотпорни заедници. Една од главните теми на разговорот беше SCORE Social Cohesion Survey, кој обезбедува значајни податоци и сознанија за факторите кои влијаат врз социјалната кохезија, односите меѓу заедниците и предизвиците со кои се соочува општеството. На состанокот беше истакнато дека податоците и резултатите од истражувањата треба да служат како основа за конкретни активности и јавни политики. Таквиот пристап овозможува спроведувањето на Стратегијата на Министерството да биде повеќе насочено кон реалните потреби на граѓаните, да се темели на докази и да обезбедува мерливи резултати.Тагови: ОН Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook