Болничар сакал да убие што е можно повеќе медицински сестри, внел 10 килограми експлозив(ВИДЕО) - Канал 5

Болничар сакал да убие што е можно повеќе медицински сестри, внел 10 килограми експлозив(ВИДЕО)

Помошник работник во болницата Сент Џејмс во англискиот град Лидс, кој внесе експлозивна направа со разорна моќ во болницата со намера да „убие што е можно повеќе медицински сестри“ во јануари 2023 година, е осуден на доживотен затвор.

Болничар сакал да убие што е можно повеќе медицински сестри, внел 10 килограми експлозив(ВИДЕО)

Мохамад Фарук, 29-годишник од Лидс, исто така планирал да изврши терористички напад врз воената разузнавачка база РАФ Менвит Хил, во Северен Јоркшир, пишува Би-Би-Си.

На судот во Шефилд, судијата Чима-Груб го осуди Фарук на доживотен затвор со минимум 37 години и го пофали пациент во болницата Сент Џејмс кој успеал да го убеди обвинетиот да не ја активира експлозивната направа.

За време на судењето, Фарук бил наречен „саморадикализиран терорист, волк самотник“ кој имал намера да убие голем број луѓе ако не бил Нејтан Њуби, пациент во болницата кој го навел Фарук да се откаже од својот убиствен план.

YouTube video

Тој рече дека „пристојноста и љубезноста на Њуби спречиле злосторство во породилното одделение на оваа голема британска болница на 20 јануари 2023 година“.

Осуден е на доживотен затвор, со минимум 37 години без жалба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно и топло

Времето утре ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. 

Утре променливо облачно и топло

Попладне ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Во текот на новата седмица времето ќе биде претежно стабилно и сончево со мала до умерена облачност. Утре во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла

Два големи пожари беснеат во Македонија.

Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла

Пожарот во делчевското село Бигла кој изби откако неодговорно лице утрово околу 10 часот палело гуми во својот дом, па ја зафатил блиската борова шума, е ставен под контрола, а нов пожар попладнево има во околината на Пехчево, кон Бугарска граница. Првиот човек на ЦУК вели дека во справувањето од пламените јазици во Бигла се употребени сите расположливи ресурси: трите ер-трактори, тешка механизација, а ангажирани се локалните пожрникари, доброволци и месно население, со цел да се спречи загрозување на домовите. Од страна на градоначалникот веднаш биле ангажирани просторните сили на Делчево, а на терен се и пожарникари од градот. Побарана е помош и од соседните противпожарни единици.

Пожарот во Палиград на планината Китка се уште е активен, селото е безбедно но поради тешко пристапниот терен, гаснењето е комплексно.

Големиот пожар кој што синоќа се закануваше на мариовско бонче, а денеска еден крак повторно се разгоре, е конечно изгаснат.

Инаку доброволните пожарникари од Битола и Кочани сведочеа од терен за тешката битка со пламените јазици кај Бонче, а според сведоштвата од терен, нивната интервенција била пресудна селото да биде спасено од огнената стихија.

Во Бонче исто така екипи на итната помош интервенирале на терен, едно лице вдишало чад справувајќи се со огнената стихија..

Состојбата со пожарите е ислучително лоша, Ангелов апелира до граѓаните особено да бидат внимателни..

Денеска Македонија бележи 20 шумски пожари. Дел од нив ставени под контрола. Екипи на ДСЗ остануваат на терен да дежураат пожарите да не се активираат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Огромна заплена на кокаин во Шпанија, уапсен Хрват

Шпанската полиција заплени околу 1,5 тони кокаин во градот А Побра до Карамињал, на брегот на северната покраина Галиција, а меѓу тројцата уапсени е и хрватски државјанин, објави локалниот весник „Ла Воз де Галиција“.

Огромна заплена на кокаин во Шпанија, уапсен Хрват

Кокаинот е пронајден во објект на имот недалеку од морето, каде што, според резултатите од досегашната истрага, бил привремено складиран.

Галиција е важна рута за шверц на кокаин

Галицискиот брег, познат по своите карпести заливи, е една од важните области за влез на кокаин во Шпанија преку Атлантскиот Океан од Јужна Америка.

Во последниве години, истражителите ја забележаа и соработката на локалните криминални групи со лица од земјите од поранешна Југославија, вклучувајќи ја Црна Гора, Србија и Хрватска, и сега се обидуваат да откријат дали некоја од групите од таа област е вклучена во случајот.

Полицијата со часови го претресуваше имотот и пловилата

Полицијата со часови го претресуваше имотот во саботата, а за време на операцијата провери и неколку пловила.

Меѓу уапсените е и Р. Р. Г., член од втора генерација на криминалниот клан Ос Фанчос, кој е присутен во областа А Побре со децении, објави весникот.

На Хрватот му се припишува улогата на надгледувач

Истражителите ја припишуваат улогата на надгледувач на неименуван хрватски државјанин.

Станува збор за лице испратено од една од криминалните организации вклучени во шверцот за да ја надгледува операцијата и да ги заштити своите интереси. Според полициските информации, неговата задача е, меѓу другото, да ја контролира испораката и количината на дрога и да провери дали се исполнети договорените услови.

Сè уште се бара бродот што се користел за транспорт на дрогата

Истражителите сè уште се обидуваат да утврдат кој брод го транспортирал кокаинот до брегот. Бродот што се користел за истоварување сè уште не е пронајден, додека се претпоставува дека дрогата пристигнала на локацијата непосредно пред полициската операција.

За време на претресот, полицијата отстранила бали што содржат кокаин од објектот. Истражителите проценуваат дека тежината е околу 1.500 килограми.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер