Драма во Истанбул – турските власти трагаат по лавица, на дел од жителите им е наложено да не излегуваат од дома
2Драма во Истанбул – турските власти трагаат по лавица, на дел од жителите им е наложено да не излегуваат од дома
ЕвропаБолница во Холандија примила пациент, сомнителен на еболаБолница во Холандија денеска објави дека примиле пациент со „благ сомнеж“ дека е заразен со вирусот ебола и додаде дека резултатите од тестот ќе бидат познати овој викенд, пренесува АФП. Пациентот бил сместен на набљудување во специјализирана изолациска единица, објави Универзитетската болница Радбуд, која се наоѓа во Најмеген на истокот од Холандија. Болницата не објави детали за пациентот или неговите неодамнешни движења. Светската здравствена организација (СЗО) претходно денес објави дека епидемијата на ебола во Демократска Република Конго сега претставува „многу висок“ ризик за јавното здравје во земјата, во споредба со претходниот „висок“ ризик. Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, изјави дека во ДР Конго има 750 сомнителни инфекции и 177 смртни случаи кои веројатно се поврзани со вирусот. Во истата холандска болница, имало и пациент кој бил позитивен на хантавирус Во таа холандска болница, 12 членови на персоналот биле ставени во карантин на 11 мај откако лекувале пациент позитивен на хантавирус, евакуиран од крузерот MV Hondius. Тие не се придржувале до строгите протоколи при земање крв и урина од заразен пациент.Тагови: ебола Холандија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
КултураИзложба на астровотографии: Небесно платноИзложбата „Небесното Платно“ низ објективот на Скопско Астрономско Друштво претставува групна изложба на извонредни астрофотографски дела, претежно снимени под македонското небо. Централната цел на изложбата е да ја нагласи компетентноста на домашните астрофотографи, членови на Скопското астрономско друштво (САД) и нивната способност да ја истакнат својата уметничка и креативна страна преку врвни технички вештини. Астрофотографијата, која е централен елемент на оваа изложба, не е само техничка вештина, туку е длабока форма на уметнички израз. Таа ја премостува човечката визија со бесконечноста на универзумот. Преку привлечна визуелна естетика, овие дела служат како моќна алатка за популаризација на науката, охрабрувајќи ја публиката, особено младите, да го истражуваат универзумот и природните закони. Фотографиите ги трансформираат невидливите феномени на универзумот, како што се маглините, галаксиите, лунарните пејзажи и небесните појави во уметнички дела со силна визуелна естетика. Изложбата функционира како моќна едукативна алатка која го користи визуелното искуство за да ја доближи астрономијата до широката публика, инспирирајќи љубопитност и истражување. Авторите, ја демонстрираат својата експертиза со што создаваат услови за филозофско размислување за нашето место во Вселената. Изложените дела се директен доказ за високо ниво на техничка изработка и секоја фотографија е резултат на посветеност, на уметноста добиена од податоци снимени под автентичното македонско небо. Изложбата ќе се отвори на 25.11.2026. во Музеј на град Скопје во 19:30ч. Куратор на изложбата е мр.Станимир Неделковски. Изложбата и Каталогот се реализирани од Музеј на град Скопје, а финансирани од Град Скопје.Тагови: Изложба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветДрама во Истанбул – турските власти трагаат по лавица, на дел од жителите им е наложено да не излегуваат од домаТурските власти почнаа масовна потрага по лавица, која била забележана во шумска област на Истанбул. Дивото животно вчера попладнето прво било забележано од локален жител, а потоа регистрирано и од надзорните камери. Жителите на населбата Ускум-Рукој, добиле наредба да не ги напуштаат домовите додеа трае акцијата за пронаоѓање на лавицата, по која се трага и со дронови. Според турските медиуми, се верува дека лавицата побегнала од првиватен имот, каде што било чувано како егзотично животно. Лавицата првично била пронајдена, но обидот таа да биде успиена завршил неуспешно, по што екипите и ја загубиле трагата. SON DAKİKA / İstanbul Sarıyer’de aslan paniği: Yakalama çalışması başlatıldı İstanbul’un Sarıyer ilçesine bağlı Uskumruköy Mahallesi’nde aslan görüldüğü bildirildi. Aslanın yakalanması için bölgede çalışma başlatılırken, yetkililer çevrede yaşayan vatandaşları dikkatli ve tedbirli olmaları konusunda uyardı. Aslan termal kameralar ve güvenlik kameralarıyla tespit edildi. — Aykırı (@aykiri) November 22, 2026 Тагови: Истанбул Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВртоглаво растат акциите на „Нвидија“ по враќањето на Хуанг Акциите на Nvidia скокнаа во раното тргување денес по веста дека Џенсен Хуанг е вратен на функцијата извршен директор.Акциите на Nvidia се отворија за околу 30%, објави Би-Би-Си. Цената на акциите на компанијата претрпе удар - затвори со пад од речиси 14% во петокот откако Ројтерс објави дека компанијата е под истрага од страна на Комисијата за хартии од вредност на САД (SEC) поради нејзините сметководствени практики. Пазарите, исто така, се отворија во голема мера на позитивна територија - иако вреди да се напомене дека американските индекси веќе беа во пораст во претпазарното тргување по падот на пазарот во петокот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter