3Близначките Матилда и Марија станаа хит- сите ја видоа нивната реакција на Светското првенство (ВИДЕО)
ЗдравјеБолница Кавадарци: Повеќе новороденчиња споредено со лани - Во првиот квартал од 2025 година, во Општата болница со проширена дејност во Кавадарци се родени 25 проценти повеќе новороденчиња во споредба со истиот период од 2024 година, информираа од болницата.- Ова се убави вести од оваа јавна здравствена установа. Оваа статистика не е само бројка, таа претставува живот, иднина и надеж. Радосни сме што сѐ повеќе семејства го започнуваат својот најважен животен момент токму во нашата установа, каде што стручноста и грижата за пациентите се на прво место. Гордост е да се биде дел од овој позитивен тренд, а ние продолжуваме со посветеност и љубов да се грижиме за секој нов живот што започнува овде, во Кавадарци, соопштуваат од Општата болница Кавадарци. Тагови: бебе Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТатко и син спасени во Венецуела четири дена по земјотресотЧетири дена откако разорните земјотреси ја погодија Венецуела, спасувачите извлекоа татко и син од урнатините во државата Ла Гваира, давајќи нова надеж во потрагата по преживеани и покрај фактот дека поминаа повеќе од 72 часа од катастрофата. Тие беа изнесени на импровизирани носилки, видливо исцрпени и носејќи заштитни маски, објави Ројтерс. Ла Гваира е најтешко погодената област по земјотресите во средата, во кои загинаа најмалку 1.450 луѓе, а илјадници се водат како исчезнати, пренесе Танјуг. Спасувањето на таткото и синот следеше по 12-часовна сложена операција за време на која тимовите користеа специјализирани камери за пребарување. Операцијата за спасување ја водат членови на француската цивилна заштита и американски тим за пребарување и спасување од округот Ферфакс, Вирџинија, кои еден ден претходно извлекоа мајка и нејзиното деветмесечно бебе од урнатините. Член на француската цивилна заштита изјави дека и таткото и синот биле многу слаби, откако поминале четири дена под урнатините. Најмалку 33 лица беа спасени во текот на викендот, но десетици илјади сè уште се водат како исчезнати. Експертите предупредуваат дека 72 часа по земјотресот, шансите да се пронајдат живи луѓе под урнатините нагло се намалуваат.Тагови: Венецуела земјотреси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветОдржан прв состанок за контролата врз Ормускиот Теснец Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади, денеска изјави дека Иран и Оман во Мускат го одржале првиот состанок на заедничкиот комитет посветен на Ормускиот Теснец.Тој на мрежата X изјави дека двете страни размениле мислења за суверените права на крајбрежните држави од Персискиот Залив, како и за идното управување со Ормутскиот теснец, објави Ројтерс. Според него, разговорите се водат во рамките на привремениот договор потпишан овој месец од Техеран и Вашингтон.Тагови: Ормутскиот теснец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБудрис: Литванија направи отстапки за влез во ЕУМинистерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски на работна средба со министерот за надворешни работи Литванија Кестутис Будрис.Во фокусот на разговорите беше членството Европската унија. Литванскиот министер посочи дека Литванија направила големи отстапки за добивање статус земја членка на Европската унија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook