ЗдравјеБолна состојба која најчесто ги погодува жените, а овие лица се посебно ризични (фото)Волчјо око (клавус) на ножните прсти и стапалата...Волчјото око (кавусот) е честа појава која особено ги погодува жените поради носењето тесни и неудобни чевли. Тоа е задебелување на кожата кое може да стане многу болно. Се јавува поради преголем притисок или триење на кожата, најчесто на прстите или стапалата, поради што го отежнува одењето. Како се создава? Ризикот од оваа појава имаат лица со јаки и испакнати коски на прстите на нозете, тенка кожа или некои деформитети на прстите или стапалата. Деформитетот може да предизвика триење на кожата од стапалото со обувките. Постојат два вида волчјо око: 1. Тврдо волчјо око Најчесто се формира на помалите прсти или на надворешната страна на малиот прст. На овие места, неудобните обувки предизвикуваат најголемо оштетување на ткивото. 2. Меко волчјо око Најчесто се појавува помеѓу четвртиот и петтиот прст на нозете. Ваквото волчјо око е помеко потта што се јавува помеѓу прстите. Мекото волчјо око е болно при допир и лесно може да се инфицира. Дамите се посклони кон оваа појава поради тесните обувки што ги носат, како и чевлите со високи потпетици, поради протисокот во стапалото кое оди надолу при одење. Најчести ризици се: - тесни чевли - долго стоење, одење или трчање - одењето боси - носење чорапи што се лизгаат и не го штитат доволно стапалото при одење - неправилно држење на телото при одење - физички активности поради кои стапалата трпат голем притисок - газење на внатрешната или надворешната страна на стапалото - деформитети на стапалата Третман Постојат разни фластери кои би го олесниле газењето, но не би го излечиле клавусот. За негово отстранување најчесто се препорачуваат производи кои содржат салицилна киселина која ја омекнува тврдата и задебелена кожа. Некогаш е потребно постапката да се повтори неколкупати за отстранувањето на волчјото око да биде ефикасно. Сепак, доколку страдате од дијабетес, имате деформитети на стапалата или сте во повозрасна група на луѓе, најдобро е да се консултирате со лекар. Покрај салицилната киселина како третман за оваа состојба, се препорачува и ласерско отстранување на клавусот. Тоа е брза и рутинска процедура, а проблемот се решава од корен. По отстранување на волчјото око, потребни се 8-16 недели за целосно регенерирање на кожата во таа област. Во случај на инфекција на волчјото око од него тече гној, а околната кожа е црвена и болна. Тогаш се препорачува да се обратите кај вашиот лекар кој ќе ви препише адекватна терапија, најчесто антибиотици.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоПроменливо облачно со сончеви периодиСпоред УХМР времето денеска ќе биде претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови, најпрво во крајните западни делови, а потоа на повеќе места ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 10, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 23 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, од утре до почетокот на следната работна седмица, времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни, а во четврток ќе бидат проследени и со појава на ретки грмежи. Во четврток наместа ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, освен во петок кога ќе биде засилен и од северозападен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 21. октомври 2026 годинаДневен хороскоп за среда, 21. октомври 2026 година. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе имате потреба да ги покажете своите емоции и ќе ја доживеете саканата личност на нов начин. Ќе има малку немир ,но врската е во ред. Кариера Ве очекува непромиослено однесување на вашите надредени , поради што ќе се чувствувате повредени. Здравје и совет Не ги земајте работите при срце. Ќе помине. Шкорпија 24.10.-22.11. Љубов Денеска наоѓате вистински начин некому да ги покажете своите чувства , било да станува збор за погледи или само за зборови. Кариера Поради добро завршената работа , некои денеска би биле малку под заштита и пуштени дома пред крајот на работното време. Здравје и совет Имате право да уживате. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашиот стил на забава надалеку е познат по оригиналноста. Денеска дури и ќе претерате. Кариера Можно е дека ќе изјавите нешто што ќе повреди некого од вашите колеги. Затоа контролирајте си го јазикот. Здравје и совет Бидете умерени. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Денот е идеален за да останете дома , било во двојка или сами. Многумина нема да сакаат да излезат со друштво. Кариера Со олеснување ќе го прифатите фактот дека се наближува викендот. Тоа ќе ви ги олесни работните часови. Здравје и совет Наспијте се добро. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Некои денеска би можеле да се покажат како вистински сонувачи. Ќе сонуваат за љубовта што ја нема или ќе ги малтретираат другите со такви приказни. Кариера Кога ќе ги сведете сите сметки , ќе видите дека има нови трошоци , но и нови добивки. Пак сте на исто , не се нервирајте. Здравје и совет Одморете се. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ќе дојде до мало подобрување на вашите лични односи, но и натаму тешко ќе наоѓате вистински зборови во комуникацијата со партнерот. Кариера За да ги ослободите новите идеи , поврзете се со младите соработници . Тие ќе ви помогнат за да се изразите. Здравје и совет Следете ги своите сништа. Овен 21.3-20.4. Љубов Повторно ќе најдете рамнотежа во личните односи . На некои во тоа ќе им помогнат пријателите. Саканата личност сепак ве сака. Кариера На работното место ќе чувствувате мир и стабилност. Тајните остануваат за некој друг да ги решава. Здравје и совет Продолжете да го градите започнатото. Бик 21.4- 20.5. Љубов Веројатно ќе ја споите саканата личност со друштвото и така ќе минете една убава вечер или попладне. Кариера Веќе ништо поврзано со работата нема да ве загрижува. Вашите задачи ви се целосно јасни и тоа ви е доволно. Здравје и совет Вежбајте гимнастика. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе копнеете консвојот љубовен идеал, но како што ќе минува денот , така ќе бидете свесни дека тој е далеку од вас. Кариера Ќе чувствувате преодна потреба да се повлечете , па ако е некако можно ќе се обидете да делувате од сенка. Здравје и совет Грижите што ќе се појават се обична илузија. Рак 22.6-22.7. Љубов Доколку излезете, има голема веројатностубаво да си поминете. Сепак , внимавајте што зборувате за да не направите збрка. Кариера На работното место нема да бидете кој знае колку ангажирани. Се ќе одработите рутински и ќе ви недостига мотив. Здравје и совет Вежбајте јога за подобра концентрација. Лав 23.7-22.8. Љубов На моменти ќе имате потреба да пресечете и да избегнете некои напори или мали проблеми во врската, но тоа нема да биде потребно. Се е во ред. Кариера Мали недоразбирања во односите со соработниците ќе имаат преоден карактер, па не им придавајте значење. Здравје и совет Останете мирни. Девица 23.8.-23.9. Љубов Вашиот партнер ќе покажува потреба за повеќе нежности , па без проблеми ќе го направите тоа. Добро е. Кариера Повремено во главата ќе си ги анализирате претходните работни денови и предизвиците што сте успеале да ги совладате. Потоа ќе се опуштите. Здравје и совет Вежбајте на отворено.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСања Лукаревска и Љупчо Пренџов вечерва во „Само вистина“ Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Сања Лукаревска и Љупчо ПренџовКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВелешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50