МакедонијаБолеста „Њукастел" ги коси гулабите во Струмичко, надлежните апелираат на време да се вакцинираат со евтина вакцинаОдгледувачите на гулаби во Струмичко се жалат дека нивните јата се покосени од болеста „Њукастел", која во нашата држава се појави минатиот месец и засега е регистрирана само во Скопје.Според Агенцијата за храна и ветеринарство болеста е пренесена преку птици од Турција. Не се пренесува на човек, но е високосмртоносна за живината и предизвикува големи економски штети во живинарството. Гулабарите велат дека кај нивните миленици се појавува вртоглавица, вкочането крило и дијареја и набргу умираат. -Кај мене умреа околу четириесетина гулаби од вкупно 120, но тука не ги ставам младите гулаби кои угинаа во гнездата во гулабарникот. Можеби на прв поглед не е толку страшно, но одгледувачите на гулаби трпат и финансиска штета, бидејќи еден добар македонски вртач, стар над три години, чини над 500 евра, вели Тодор Маџаров, претседател на Здружението „Македонски вртач" од Струмица и долгогодишен одгледувач на овој вид гулаби, но и други птици и животни. Ни покажа и еден бел гулаб, кој ги имаше симптомите на болеста. Главата му беше свиткана нагоре, но според Маџаров може да се случи и да преживее, бидејќи досега имало и такви случаи. И Миле Алтанџиев потврдува дека болеста „Њукастел" ја има кај гулабите. -Моите гулаби беа меѓу првите кои беа нападнати од оваа болест, која не е нова и се појавува скоро секоја година. Пред две години изгубив цело јато кое го одгледував 25 години. За три дена ми умреа четирисетина гулаби. Истата година се појави и кај други гулабари. Годинава презедов мерки на немешање на гулабите и одгледувам само десетина гулаби. Сега поради пандемијата од коронавирусот не се движиме и не се собираме и со тоа не ги мешаме гулабите. Според моите сознанија болеста најмногу ги погодува младите гулаби, бидејќи се неотпорни, рече Миле Алтанџиев, претседател на Спортското друштво „Гулаб" од Струмица. Вирусот на оваа болест беше лабораториски потврден во почетокот на април во одгледувалиште за бројлери во скопската општина Гази Баба, по што Агенцијата за храна и ветеринарство донесе решение за спроведување на сет безбедносни мерки за спречување на ширењето на болеста. Заради заштита од евентуално ширење на вирусот преку месото од пазарот беа повлечени и уништени количините месо кои пред детектирањето на болеста биле дистрибуирани во продажба. Агенцијата за храна и ветеринарство апелира до одгледувачите на живина на целата територија на државава да ја исполнат законската обврска и согласно годишната наредба за здравствена заштита на животните, да се обратат до најблиското ветеринарно друштво и да ја вакцинираат живината и гулабите против болеста „Њукастел". -Вакцинирањето на живината, односно на гулабите е на трошок на одгледувачите и доколку не спроведат вакцинирање има казнени мерки. Вакцината е многу евтина, а единствен услов е еднократно да регистрираат одгледувалиште за околу 270 денари и да го внесат во нашиот систем, објасни директорот на Агенцијата за храна и ветринарство, Зоран Атанасов. Додаде дека доза вакцина чини околу 1.500 денари, од која може да се вакцинираат над илјади животни. Според податоци од гулабари во Струмица има околу стотина огледувачи на гулаби-вртачи, а во државата вкупниот број на гулаби е околу 10 илјади. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаЛеа преживеала страшен напад од ајкула- чудовиштето ѝ ја одгризала раката, а таа направила неверојатен потег (ВИДЕО)Австралијка која ја изгуби раката откако беше нападната од ајкула на плажа во Сиднеј, опиша како му задала „лево кроше“ на четириметарското морско чудовиште, откако тоа ги отворило вилиците само неколку сантиметри од нејзиното лице.Наставничката и мајка на едногодишно девојче, Леа Стјуарт (34), била нападната на 13 јуни додека пливала на плажата Куги наутро, објавува The Guardian. „Никогаш нема да го заборавам тоа лице“ Леа била во критична состојба повеќе од две недели, додека се лекувала од повреди опасни по живот што на крајот довеле до ампутација на нејзината рака. Во своето прво интервју за медиумите, таа се присетила на моментот кога видела голема бела ајкула во водата. „Никогаш во животот не сум врескала толку гласно. Помислив: „Спасувачите сигурно ќе нè слушнат, џет-скиите ќе дојдат секој момент и ќе ја избркаат“. Но, помина една минута и таа сè уште беше таму и никој не дојде да ме спаси“, изјави таа за емисијата „60 минути“. Таа додаде дека ајкулата ѝ се приближила до лицето и дека особено се сеќава на нејзините „црни, ситни очи“. „Изгледаше страшно. Никогаш нема да го заборавам тоа лице“, рече таа. „Бавно движење“ Кога големата бела ајкула ги отвори вилиците, Леа сфати што ќе се случи. „Морав да ја удрам, или ќе ми ја одгризе главата“, рече таа. За дел од секундата, таа ја удри со „лево кроше“ и вели дека сè се случило во „бавно движење“. Денес, таа го нарекува инцидентот „борба против диносаурус“. „Мислев дека ќерка ми нема да ја изгуби мајка си, па се свртев и почнав да ја удирам. Ајкулата беше огромна“, рече таа. Пред да пристигне помошта, морското чудовиште ѝ нанесе тешки повреди на левата рака и нога на жената. Таа беше извлечена на брегот, полусвесна, и вели дека почувствувала како „ѝ се лизга животот“. „Толку е фрустрирачки...“ „Се чувствував како да го напуштам моето тело и да одам некаде. И тогаш видов слика од мојата ќерка. Знам дека си помислив: „Не можам сега да умрам“, додаде Леа. Таа беше однесена во болница и помина неколку недели на интензивна нега. Вели дека сè уште „се навикнува на она што ѝ се случи“. „Толку е фрустрирачки. Ќерка ми ги крева рацете и сака да ја земам. Сакам, навистина сакам да ја земам, но едноставно не можам“, рече таа. Сепак, таа не дозволува нејзиниот хендикеп да ја дефинира. „Ќе најдам начин да го пребродам ова и да бидам најдобрата верзија од себе. Ми е дадена втора шанса. Не сум само жена која ја растргнала ајкула. Јас сум жена која удри ајкула во лице“, заклучи таа. Тагови: ајкула раката Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканГрција како никогаш порано ја засилува одбраната- потпишува голем воен договор со Израел Се очекува Грција да потпише договор со Израел за купување на повеќеслоен систем за воздушна одбрана во вредност од околу 3 милијарди евра (3,5 милијарди долари).Се очекува Грција да потпише договор со Израел за купување на повеќеслоен систем за воздушна одбрана во вредност од околу 3 милијарди евра (3,5 милијарди долари), како дел од пошироката програма за модернизација на војската, изјавија за Ројтерс два безбедносни извори. Советот за национална безбедност на Грција даде првично одобрение за договорот, кој вклучува напредни ракетни системи со краток, среден и долг дострел. „Грчките претставници ќе потпишат четири договори со директоратите на СИБАТ и МАФАТ на Израел подоцна во понеделник во Тел Авив, во вредност од околу 3 милијарди евра, кои опфаќаат три вида ракети и радарски системи“, изјави еден од претставниците за Ројтерс. Грција планира да потроши околу 28 милијарди евра до 2036 година за изградба на повеќеслоен систем „Ахилов штит“ за одбрана од балистички ракети, авиони и беспилотни летала, како и за купување до 40 борбени авиони Ф-35 од САД и фрегати од Франција и Италија. Изворот додаде дека ќе биде потпишан и посебен договор за систем за борба против беспилотни летала. Грција, која користи американски системи „Патриот“, руски системи „С-300“ и разни системи со краток дострел за заштита на својот воздушен простор, издвојува речиси 3,5 проценти од својот бруто домашен производ за одбрана, што е поголем удел од многу членки на НАТО. Причината е долгогодишниот спор со соседна Турција. Грција и Израел имаат силни економски и дипломатски односи, управуваат со центар за обука на воздухопловните сили во Грција, одржуваат заеднички годишни воени вежби и соработуваат во областа на системите против беспилотни летала и сајбер безбедноста. Министерствата за одбрана на Грција и Израел претходно потпишаа договор во Атина во април за набавка на израелски ракетни артилериски системи „ПУЛС“ за грчката армија, во вредност од околу 758 милиони американски долари.Тагови: грција Израел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамИ покрај големата побарувачка, БМВ М дефинитивно ги напушта рачните менувачи BMW е еден од ретките премиум производители кои сè уште се држат до мануелните менувачи, но се чини дека таа ера е при крај. И покрај големата побарувачка, особено во САД каде половина од купувачите на М2 избираат рачен менувач, сегашниот М2 би можел да биде последниот модел на BMW M со три педали. Високата продажба го натера БМВ да лансира специјална серија M3 CS Handshalter, но идните генерации на M3 и M4 најверојатно ќе се откажат од оваа опција. Голема побарувачка за рачен менувач Додека конкурентите како Audi и Mercedes-Benz одамна ги напуштија мануелните менувачи, BMW продолжи да им ја нуди опцијата на ентузијастите. Шефот на BMW M, Френк ван Мел, откри дека побарувачката за нивните автомобили со рачен менувач е сè уште значителна. Бројката е импресивна: секој втор модел М2 во САД е опремен со шест-брзински мануелен менувач, наместо достапниот автоматски ZF со осум степени. Големиот интерес за мануелните M2 модели во САД го убеди BMW неодамна да ја претстави ограничената серија M3 CS Handschalter за тој пазар. За прв пат, овој модел ги комбинира намалената маса и техничките надградби на верзијата CS со рачен менувач. „Погонот на задните тркала и мануелниот менувач се комбинација од соништата за многу пуристи“, рече ван Мел во едно неодамнешно интервју. „Затоа направивме и ограничен модел со рачен менувач за американскиот пазар. Побарувачката беше огромна, а автомобилот се распродаде практично веднаш. Последните М модели со рачен менувач? BMW не објави точно колку примероци од M3 CS Handshalter планира да произведе, но само потврдија дека бројот ќе биде „многу ограничен“. Тој модел ќе служи како збогум на генерацијата M3 G80 во САД и најверојатно ќе биде последниот M3 со опција за рачен менувач. Според достапните информации, следната генерација на M3, која се очекува околу 2028 година, ќе го задржи познатиот 3.0-литарски мотор со 2-турбо полнач, но повеќе нема да се нуди со мануелен менувач. Актуелниот BMW M4 ќе остане на пазарот уште некое време, но и тој ќе биде заменет пред крајот на деценијата. Неговиот наследник исто така се очекува да го отфрли шестстепениот мануелен менувач. Поради сето ова, моделот М2 би можел да остане последниот BMW M кој му овозможува на возачот самостојно да менува брзини.Тагови: бмв рачен менувач Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter