Болдвин е снимен како оди со помош на бастун, изгледа исцрпено - Канал 5

Болдвин е снимен како оди со помош на бастун, изгледа исцрпено

Алек Болдвин е фотографиран на улиците на Њујорк неколку недели откако беше ослободен од обвинението за смртта на снимателката на снимањето на Раст.

Болдвин е снимен како оди со помош на бастун, изгледа исцрпено

Актерот во јавноста се појави со бастун. Тој пред две недели имаше операција на колкот, за која рече дека била исклучително болна. На социјалните мрежи тој на своите фанови им порача дека пред две години требало да оди на операција, но, како што тврди, ја одложил поради деловни обврски.

Фотографиите на актерот се проширија на социјалните мрежи. Некои пишуваат дека Болдвин изгледа многу исцрпено и му посакуваат брзо закрепнување, додека други пишуваат дека не ги интересираат вестите за закрепнувањето на Алек и дека „треба да биде во затвор“.

За потсетување, Болдвин беше ослободен пред неколку недели од обвинението за убиство од небрежност на сетот на филмот Раст во октомври 2021 година.

„Задоволни сме од одлуката да ги отфрлиме обвиненијата против Алек Болдвин и да поттикнеме темелна истрага за оваа трагична несреќа“, се вели во заедничката изјава на адвокатите Лук Никас и Алекс Спиро.

Актерот ја застрела камерманката Халина Хачинс со реквизит на филмскиот сет. Во инцидентот е повреден и режисерот Џоел Соуза. На снимањето на тој нискобуџетен вестерн, Болдвин вежбал сцена со револвер и испукал жив куршум во кинематограферката Халина Хачинс, која набргу потоа почина.

Болдвин ја отфрли одговорноста за убиството, велејќи дека вежбал со револверот, но никогаш не го повлекол чкрапалото и дека Гутиерез-Рид и другите експерти за огнено оружје требало да се погрижат да нема куршуми во него.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со филмот „Фантази“ и доделување на наградите вечерва завршува 11. издание на МФФ Киненова

Со филмот „Фантази“ на Кукла Кешеровиќ, словенечко-македонска копродукција и доделување на наградите вечерва завршува 11. издание на МФФ Киненова.

Со филмот „Фантази“  и доделување на наградите вечерва завршува 11. издание на МФФ Киненова

Со проекција на „Фантази“ е долгометражен игран филм од 2025/2026 година, кој претставува словенечко-македонска копродукција во режија и сценарио на Кукла Кешеровиќ, вечерва се затвора 11. издание на МФФ Киненова. Филмот е словенечки официјален кандидат за најдобар меѓународен игран филм на 99. Доделување на наградите Оскар (2027)

Филмот ја следи приказната на Михрије, Сина и Јасна — три блиски пријателки во раните дваесетти години чиј неконвенционален начин на живот се менува кога ја запознаваат Фантази, млада трансродова жена. Низ нивната интеракција, ликовите истражуваат прашања поврзани со родот, желбите, идентитетот и личното себеоткривање.

Годинава, одлуката за најдобрите филмски остварувања на 11. издание на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ е во рацете на истакнато меѓународно жири, составено од врвни филмски авторитети:

Емин Алпер – Филмски режисер чии авторски потписи се препознатливи по силниот социо-политички супстрат и суптилната психолошка длабочина.

Александра Марковиќ – Режисер, документарист и професор, чиј критички поглед и креативен сензибилитет носат посебна димензија во валоризацијата на филмскиот израз.

Гоце Цветановски – Филмски режисер од Македонија, автор со значаен придонес во развојот и промоцијата на националната и меѓународната кинематографија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Македонски Брод, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

На 16.10.2026 во 17:05 часот полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишија од слобода С.В.(22) од Македонски Брод. 

Претрес во Македонски Брод, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

При претрес во неговиот дом, истиот со Наредба од основен суд Кичево пронајдена и одземена била грутчеста материја, марихуана, шише со течна материја и хартија за тутун. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДИК: Денес во Брвеница гласаат болните или немоќни лица и затворениците

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за Предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница.

ДИК: Денес во Брвеница гласаат болните или немоќни лица и затворениците

Вкупно 88 болни или немоќни лица можат да гласаат за градоначалник на Брвеница.

Своето право на глас може да го остварат и вкупно 9 лица кои се на издржување казна затвор. Гласањето на овие лица се спроведува во 3 казнено поправни установи на територија на Македонија, и тоа во градовите Скопје, Штип и Тетово.

Државна изборна комисија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер