СДСМ: Мицкоски на прославата за 35 години независна Македонија, исто како на Илинден - го нарекува народот „талог“
1СДСМ: Мицкоски на прославата за 35 години независна Македонија, исто како на Илинден - го нарекува народот „талог“
Други спортовиБоксерски шампион оди во затвор- направил сообраќајка, па побегнал од домашен притворЕден од најдобрите светски боксери и трикратен светски шампион, Жервонта Дејвис, ќе мора да помине околу два месеци во затвор откако го прекрши куќниот притвор поради предизвикување сообраќајна несреќа во 2020 година.Светскиот шампион во лесна, суперлесна и супер перо категорија го имаше последниот меч на крајот на април против Рајан Гарсија и со 27-ми нокаут ја постигна 29-та победа во кариерата во исто толку меча. Само две недели подоцна, судот во Балтимор го осуди на 90 дена домашен притвор за инцидент, стар три години. Тој со своето Ламборџини поминал на црвено светло и предизвикал сообраќајна несреќа во која четири лица се повредени, а потоа удрил во оградата на продавница и побегнал од местото на несреќата, во која за среќа нема загинати. Сето ова го направил додека возачката дозвола му била привремено одземена поради претходни сообраќајни прекршоци. Дејвис се изјаснил за виновен по сите 14 точки од обвинението и се соочува со казна од повеќе од седум години затвор, но судот му одреди само 90 дена домашен притвор и 200 часа општокорисна работа. Но, ниту еден месец подоцна Дејвис ги прекрши правилата за домашен притвор, па остатокот од казната, нешто повеќе од 60 дена, ќе го одлежи во затвор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалОстанува во затвор поранешната ѕвезда на Премиер лигата- судењето му е закажано за идната година Поранешниот англиски фудбалер Џои Бартон ќе остане во притвор откако новото барање за кауција беше одбиено од судот во Ливерпул. Почетокот на судењето, кое беше закажано за минатата недела, беше одложено за 8 март 2027 година. Обвинение и судска одлука Бартон беше обвинет за нанесување тешки телесни повреди на Кевин Линч, што 44-годишниот поранешен фудбалер го негираше на суд и се изјасни за невин. Наводниот напад се случил на 8 март во Хајтон. Обвинителството тврди дека на инцидентот му претходело заедничко консумирање алкохол во локален голф клуб. Според обвинението, Линч претрпел сериозни повреди на окото во нападот. Тој е поранешен тренер во пониска лига и основач на академија за специјално образование. Бартон се појави на рочиштето преку видео врска од затворот ХМП во Ливерпул. Откако судијата Дејвид Потер го одби барањето за кауција, Бартон само кимна со главата за да покаже дека ја разбира одлуката. Следното прелиминарно рочиште е закажано за 11 декември оваа година, а се очекува главниот претрес да трае околу две недели. Потоа Бартон ќе добие шанса да ја презентира својата одбрана пред поротата. BREAKING: Former footballer Joey Barton will remain in custody until his trial next year after a bail application was refused. 🚨 pic.twitter.com/SenEtKy47d — Sky Sports News (@SkySportsNews) September 7, 2026 Кариера и контроверзии За време на неговата кариера, поранешниот играч од средниот ред беше почитуван поради неговите фудбалски вештини, но стана познат и по инцидентите надвор од теренот. Неговото однесување честопати привлекуваше исто толку медиумско внимание како и неговите игри. Своите најдобри играчки години ги помина во Премиер лигата, каде што играше за Манчестер Сити, Њукасл Јунајтед, Квинс Парк Ренџерс и Барнли. Во Англија беше член на Евертон, а во странство го носеше дресот на Марсеј и Ренџерс. Одигра еден натпревар за англиската репрезентација, во 2007 година против Шпанија. По завршувањето на играчката кариера, се префрли на тренерска работа. Ги водеше Флитвуд Таун и Бристол Роверс, но тој период од неговата кариера беше обележан и со јавни конфликти и дисциплински проблеми.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16Македонија одбележува 35 години независност 08:0926-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00
МакедонијаСДСМ: Мицкоски на прославата за 35 години независна Македонија, исто како на Илинден - го нарекува народот „талог“На прославата за 35 години независна Македонија, Мицкоски побара „да не се делиме“, па веднаш се закани дека ќе „расчистува со талогот“ и седна до државниот обвинител Ненад Савески.Исто како менторот Вучиќ. Повторно копи-пејст. Прво навредување, а потоа повик на единство. Хипокризија во најчиста форма. На јубилејот на независноста премиерот прво зборува за единство, за жртвите, за иднината. Потоа ја активира истата стара фашистичка реторика на „талог“ кампањата што ја води од Илинден наваму, по теркот од најмрачните периоди. И за да биде пораката кристално јасна, седнува до државниот обвинител. Ова не е државнички говор. Ова е отворена закана. Ова е порака: ние ги контролираме институциите, ние ќе „расчистуваме“, ние одлучуваме кој е талог, а кој е ВМРО, тоа е криминална елита. Додека зборува за правда и за тоа дека „талогот не смее да стане елита“, неговата Влада е најголемиот пример токму за тоа - криминални тендери, задолжувања од 4 милијарди евра за две години, мито дури и кај директорите и возачите, поделби, заплашување на критичарите и медиумите. Граѓаните не се талог. Опозицијата не е талог. Критичарите не се талог. Талог е оној што ја злоупотребува власта, што ги дели луѓето, што седи до обвинителот и испраќа закани на денот на независноста. СДСМ ќе продолжи да ја брани демократијата, слободата на говор и правото на секој граѓанин да не биде обележан како „талог“ само затоа што мисли поинаку. Народот ќе победи. Криминалците ќе одговараат. Власта ќе биде вратена на граѓаните, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16Македонија одбележува 35 години независност 08:0926-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00
МакедонијаСимболот на Брисел , облечен во македонска носија по повод 8- Септември (ВИДЕО)На социјалнит емрежи се појави видео од еден од најпознатите симболи на Брисел, облечен во македонска носија. Еден од најпознатите симболи на Брисел, статуата Манекен Пис, денеска за првпат беше облечен во традиционална македонска носија, по повод 8 Септември – Денот на независноста и 35 години од осамостојувањето на Македонија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter