Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
1Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
Други спортовиБоксерот Мејведер со заработувачка на деценијата пред Роналдо и МесиАмериканскиот боксер Флојд Мејведер заработил најмногу од сите спортисти на светот во изминатата деценија, јавуваат британските медиуми.Поранешниот светски првак заработил дури 780 милиони евра во последните 10 години. Мани, според неговиот прекар, го одигра својот последен бокс меч во 2017 година кога со прекин го победи ММА мегастарот Конор Мек Грегор во Лас Вегас. Тоа беше негова 50-та победа во исто толку натпревари. После тоа, се зборуваше за можното враќање, но веќе немаше професионални натпревари. Поранешниот светски шампион оствари повеќе од милијарда евра за време на својата кариера, со само двајца други спортисти во клубот на милијардери - легендарниот кошаркар Мајкл Џордан и голферот Тајгер Вудс. Португалската фудбалска sвезда Кристијано Роналдо го зазеде второто место на списокот со заработувачка во последните 10 години со 640 милиони евра. Интересно е што на почетокот на деценијата, Роналдо беше само 13-ти спортист во светот според годишните приходи. Зад Мејведер и Роналдо е ѕвездата на НБА, Леброн Џејмс со 606 милиони евра. Џејмс е единствениот спортист со тенисерот Роџер Федерер кој е меѓу 10-те најплатени спортисти во секоја од десетте години од последната деценија. Меѓу првите петмина е и аргентинскиот фудбалер Лионел Меси со 605 милиони евра и еден од најдобрите тенисери на светот ,Швајцарецот Роџер Федерер со 572 милиони освоени во последните 10 години. Списокот на ТОП 10 спортисти со најголема заработувачка во последните 10 години : 1. Флојд Мејведер (боксер од САД) - 780 милиони евра 2. Кристијано Роналдо (Португалија - фудбал) - 640 3. Леброн Џејмс (САД - кошарка) - 607 4. Лионел Меси (Аргентина - фудбал) - 605 5. Роџер Федерер (Швајцарија - тенис) - 572 6. Тајгер Вудс (САД- голф) - 553 7. Фил Микелсон (САД - голф) - 428 8. Нејмар (Бразил - фудбал) - 357 9. Мани Пакијао (Филипини бокс) - 350 10. Луис Хамилтон (Велика Британија - Формула 1) - 342.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСо изведување докази на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“Со изведување на докази на одбраната, која има најавено 240 сведоци, во судницата во затворот „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители. Процесот започна на 19 ноември минатата година, осум месеци по катастрофалниот пожар што се случи на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени.Тагови: Основен суд Кочани Пулс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСобранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавкиСобранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки.Спорната одредба се однесуваше на мандатите на претседателот и членовите на Државната комисија за жалби по јавни набавки.Со предложените измени се овозможуваше нивно повторно именување без јасно ограничување на бројот на мандати. Досегашното законско решение предвидуваше мандат од пет години, со право на уште еден избор.Тоа значи дека членовите можеа да ја извршуваат функцијата најмногу десет години. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одби да го потпише указот за прогласување на законот токму поради оваа одредба.Таа оцени дека новата формулација е правно непрецизна и остава простор за неограничен број реизбори.Амандманот за бришење на членот го поднесоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Од владејачкото мнозинство образложија дека со ова се прифаќаатзабелешките на претседателката. Од СДСМ реагираа дека и тие претходно предложиле исто решение.Опозицијата побара законот да биде повлечен и да се организира јавна расправа за новите измени.За законските измени беа поднесени вкупно 2.158 амандмани.Тагови: Собранието Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоПроменливо облачно со повремени сончеви периодиВрмето денес според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди.Променливо облачно со повремени сончеви периоди. Во западните делови ќе има услови за појава на слаби врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени. Во Скопје, променливо облачно со услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ До почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање. Ќе дува слаб до умерен, а во петок силен повремено многу силен ветер од јужен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter