Боксерот Флојд Мејведер и понатаму најбогат светски спортист

Американскиот професионален боксер Флојд Мејведер со годишна заработка од 105 милиони долари повторно е на врвот на листата на Форбс на најбогатите спортисти во светот.

Зад Мејведер кој на врвот на листа на Форбс беше и минатата година се најдобриот светски фудбалер Кристијано Роналдо со 80 милиони долари и еден од најдобрите светски кошаркари Леброн Џејмс со 72, 3 милиони долари.

Волшебникот на Барселона Лионел Меси со 64,7 милиони долари е на четвртата позиција , а Коби Брајант од ЛА Лејкерс е петти со 61,5 милиони долари годишна заработка.

Меѓу десетте најбогати светски спортисти се и голферот Тајгер Вудс со 61,2 милиони, тенисерот Роџер Федерер 56, 2 мил. играчот на голф Фил Микелсон е осми со 53,2 милиони, вториот тенисер меѓу десетте најбогати е Рафаел Надал со 44,5 милиони , елитната десетка ја затвора Мет рајан со 43,8 милиони долари годишна заработка.

1. Флојд Мејведер (бокс)105 милиони долари

2. Кристијано Роналдо (фудбал) 80

3. Леброн Џејмс (кошарка) 72,3

4. Лионел меси (фудбал) 64,7

5. Коби Брајант (кошарка) 61,5

6. Тајгер Вудс (голф) 61,2

7. Роџер Федерер (тенис) 56,2

8. Фил Микелсон (голф) 53,2

9. Рафаел Надал (тенис) 44,5

10. Мет Рајан (американски фудбал – рагби) 43,8

Пешевска: На 8 Мај ќе се случи потоп

 „Лицемерно е да се каже во предизборие дека власта понудила решение за платите“

Македонските граѓани покажаа дека Гордана победи во 60 општини, од кои во 17 се градоначалници од актуелната власт, Актуелниот претседател победи само во 3 општини во првиот круг. Тоа е јасен показател дека на 8 Мај ќе се случи потоп. Во државата опозиционерското движење е масовно. Лицемерно е да се каже во предизборие дека власта понудила решение за платите, каде бевте изминатите три години да го предложите? Ние треба да работиме на подобрување на БДП и реална анализа во кои сектори треба да се покачат платите, колку индустриски сектори се затворија поради нереалните политики. Фокусирани сме на квантумот на гласови, добро ни оди на терен низ цела држава, по изборите ќе се преговара со програмски усогласените партии со нас партии, рече Жаклина Пешевска во Само Вистина.

Уапсени 21 лице во акција на Европол за измама на кол-центри

Затворени се 12 кол-центри осомничени за измама.

Најмалку 21 лице се приведени во Германија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и во Либан, во полициската акција „Пандора“, која беше спроведена со поддршка на Европол, во текот на разбивање мрежа на 12 кол-центри осомничени за измама на илјадници луѓе, соопшти денеска Европол.

Во соопштението се наведува дека во акцијата „Пандора“, спроведена на 18 април, затворени се 12 кол-центри осомничени за измама, а одземени им се документите и имотот.

Како што се посочува, измамите опфаќале лажни полициски повици, инвестициски измами и „љубовни“ измами, а работата на кол-центрите ја организирале 39 лица. /МИА

Стојчевски: ЗНАМ не прави разлика ниту етнички ниту политички основи кај гласачите

„Денеска во СДСМ има многу чесни, искрени и исплашени социјалдемократи од се што се случува, но не по нивна вина“

На граѓаните им е преку глава од меѓусебните напаѓања, особено од двете најголеми политички партии. Ние како нова партија нема да се служиме со напади. Во врска со прекинатото гласање во една од кумановските општини, кога беше прекинато гласање, иако имаме прочистен избирачки список, одговорноста за спроведување најмногу е на е на ДИК. Движењето ЗНАМ не прави разлика ниту етнички ниту политички основи кај гласачите. Најголема поддршка очекуваме од левичарските гласачи поради што ние потекнуваме од таква партија. Денеска во СДСМ има многу чесни, искрени и исплашени социјалдемократи од се што се случува, но не по нивна вина. Дајте изјава од носителите или коносителите од сегашниот парламентарен состав на СДСМ, да не биде само декларативно дека сте се откажале. Од раководството ја одбија подадената рака, поради ароганцијата, рече Даниел Стојчевски во Само Вистина.

од раководството

притисни ентер