Боки-13 бара повторување на кривичната постапка за „Рекет“

Пред Кривичниот суд побара повторување на постапката за случајот Рекет.

Облечен во негов препознатлив стил, навидум во добра физичка состојба за која рече дека не одраз на здравствените проблеми со кои се соочува, Бојан Јовановски познат како Боки 13 за прв пат се појави пред медиумите откако доби прекин на издржувањето на затворската казна. Пред Кривичниот суд побара повторување на постапката за случајот Рекет. Тужбата на бизнисменот Орце Камчев која Основниот граѓански суд ја одби а со која бараше 1, 5 милиони евра од Јовановски и Катица Јанева од Рекет, исказите на Ана и Ратка Камчеви пред тој суд, се доволна причина според него Кривичен да ја повтори постапката за случајот Рекет со што како што вели, јавноста ќе дознае каде завршија парите од Луј Витон чантата.

-На крајот на краиштата сите не занима каде се парите. Одговорот мислам дека многу добро го знае Русковска, го знае Јордан Камчев, го знаат неколку политичари, а одговорот го знам до некаде и јас зошто сум учествувал во сите тие дејствија и тоа не го спорам. – Бојан Јовановски – Осуден во случај Рекет

За случајот Рекет Боки 13 доби 9 години затвор, екс специјалната обвинителка Јанева 7 години. Апелација ја потврди пресудата а Врховен суд кој и сега треба да одлучи по барањето за повторување на постапката, еднаш веќе им ги одби жалбите за вонредно преиспитување на пресудата. Јовановски беше првостепено осуден и за случајот Меѓународен Сојуз, но оваа пресуда Апелација ја укина на почетокот на април и го врати предметот на повторно одлучување.

Барселона подготвува трансфер удар

Барселона планира да го ангажира 22-годишниот Пау Виктор од Жирона на лето по успешната сезона на десно крило како позајмен во вториот тим на клубот.

Каталонскиот гигант има опција да го купи шпанскиот фудбалер за 3 милиони евра, кои имаат намера да ги искористат, пишува шпанскиот весник „Мундо Депортиво“, но додаваат дека клубот се уште не е запознаен со какви средства ќе има за трансфери на лето.

Пау Виктор е водечки стрелец за Барселона Атлетик и беше повикан на пет од натпреварите на првиот состав предводен од главниот тренер Чави Ернандез. Тој не забележа минутажа во првиот тим, останувајќи на клупата./МИА

Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ не е спремна за јасни интеграции

„Доблест е да се прими пораката,а со тоа и да се промените откако сте ја примиле“

Ако има еден политичар кој што покажал прифаќање на различностите, тоа сум јас. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ и кандидатката за претседател Сиљановска, која што дури и името во Собрание името ми го чита како Сречко, ксенофибијата и е до ниво што и пречи и да види документ на Албански јазик. Мојата досегашна работа покажува дека доблест ми е поддршка на различностите. Не видовме програмска определба, освен дека на слоганот стои „Македонија повторно твоја“, тоа значи дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се одтргне од албанофобијата и кзенофобијата. Треба да пазите кога зборувате за „твоја“, туку наша. Го осудивме и однесување на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ за меѓусебните препукувања, по кои се билдаат меѓусебните рејтинзи, а не се нудат решенија, рече Фатмир Битиќи во Само Вистина.

Мурињо посочи тројца фаворити на ЕП 2024

Жозе Мурињо именуваше три селекции за кои верува дека можат да го освојат претстојното Европско првенство во Германија. 61-годишниот тренер е без работа од јануари кога доби отказ од Рома.

-Според мене, трофејот ќе го освои некој помеѓу Португалија, Франција или Англија. Ова се трите најсилни селекции. Можни се изненадувања, да. Гледајќи ги квалитетите на играчите, мислам дека Португалија може да оди во финалето со идеја да замине со златото, изјави португалскиот стручњак.

Тој неодамна откри дека двапати ја одбил понудата да ја преземе репрезентацијата на својата земја.

-Вратата на Португалија ми беше отворена двапати. Првиот пат беше кога бев во Реал Мадрид. Тогаш претседателот Флорентино Перез ми рече дека е невозможно да заминам, па јас го прифатив тоа. Вториот пат беше неодамна кога сè уште бев во Рома. Дали се каам за вториот случај? Не, не ми е жал. Не ми е жал поради причината што не прифаќам. Сега ќе играме на ЕП со селектор (Роберто Мартинез) кој заврши одлична работа и има одлична генерација играчи, додаде Мурињо. /МИА

притисни ентер