ЗабаваБојата на очите открива дали сте привлечни или пак сте роден лидерЗабавете се и дознајте дали бојата на очите совршено ве опишува.Кафеави очи Луѓето со кафеави очи секогаш се подготвени да прифатат каков било предизвик. Никогаш нема да се откажат од борба и ќе дадат се од себе да докажат дека тие се најдобри. Доста се чувствителни и секогаш се љубезни кон другите луѓе но само додека е се како што тие сакаат. Сакаат авантури и да запознаваат нови луѓе. Темпераментни се. Бегајте подалеку од нив кога се лути. Луѓето со кафеави очи имаат карактеристики како и луѓето со зелени очи. Сакаат промени и спонтани се. Убави се и елегантни. Кога станува збор за љубовните врски во нивно друштво треба да внимавате. Тие сакаат кратки врски, а често пати нема ни да забележат дека ве завеле. Многу се енергични и храбри и сакаат да експериментираат во животот. Сини очи Велат дека оваа боја е најпосакувана. Сините очи како и кафеавите се доста распространети. Луѓето со сини очи имаат ведар дух. Фасцинираност од сините очи оди толку далеку што некои луѓе купуваат леќи во сина боја или се прават ласерски операции со кои ја менуваат бојата на очите. Луѓето со сини очи се шармантни, привлечни и вистински пријатели. Сините очи донесуваат спонтаност и енергичност. Луѓето со сини очи живеат живот со полни гради. Секогаш искрено ќе се трудат да ви помогнат. Продуховени се и повеќе им се наклонети кон подолгите љубовни врски. Сакаат среќно семејство и очекуваат верност од партнерот. Имаат силно изразена моќ на забележување и ништо нема да им избега. Отворени Се по прашање на чувствата и не се срамежливи. Зелени очи Луѓето со зелени очи се енергични и креативни. Сакаат авантури и прифаќаат сите предизвици кои се наоѓаат пред нив. Ќе ви се одмаздат ако ги измамите или излажете. Реторички се надарени. Интелигенцијата е нивната посилна страна. Никогаш нема да дозволат нешто или некој да им се препречат на патот кон среќата. Тие се страсни љубовници и сакаат долги врски. Понекогаш можат да бидат многу љубоморни. Привлечни се и имаат најсексапилна боја на очите. Сакаат да ги забавуваат луѓето. Можете да им верувате но доколку ги навредите секогаш ќе ви одговорат и е направат будала од вас. Сиви очи Луѓето со сиви очи се родени да бидат лидери. Тие имаат моќ да решаваат големи проблеми помеѓу луѓето бидејќи секогаш имаат позитивно решение. Тие се мошне силни личности и поседуваат силна енергија која ги штити од надворешните притисоци. Лесно се прилагодуваат и не постои ситуација или околина на која не може да се прилагодат. Имаат чуден карактер и секогаш делуваат како да се зафатени. Не поднесуваат стагнација и монотонија. Секогаш мораат нешто да работат. Луѓето сакаат да бидат во нивна близина бидејќи емитираат смирувачка енергија. Секогаш се водат со разумот и умеат да чуваат тајни. Немаат авантуристички дух. Педантни се, но не се деталисти. За нив е мошне лесно да си го организираат животот врз основа на нивното практично размислување и паметни одлуки. Тие се лојални и тежнеат кон долги љубовни врски. Верни се и одлични љубовници. Црни очи Црната боја на очите е мошне ретка. Луѓето со црни очи всушност имаат многу темни кафеави очи. Што тоа зборува за нив? Луѓето со црните очи имаат хипер активен темперамент и полни се со страст. Никогаш нема да ги остават недовршени нивните обврски и ќе вложат 100 отсто енергија да го завршат тоа што го почнале. Имаат натпреварувачки дух и секогаш се обидуваат да бидат супериорни. Луѓето со црни очи се таинствени. Не се отвораат лесно пред другите луѓе. Тоа понекогаш е пречка да започнат љубовна врска. Но кога ќе се вљубат тие се верни партнери. Често имаат цврсти ставови. На луѓето со црни очи може да и верувате и секогаш можете да се потпрете на нив. Никогаш нема да ве изневерат. Покрај сите позитивни карактеристики тие имаат дух на кавгаџии и секогаш ги бранат своите ставови дури и кога знаат дека згрешиле. Луѓето со црни очи не се трпеливи и не можат долго да чекаат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Секси скијачка Русокосата Сината Николина е експлозивна и секси! Босанската скијачка се подготвува за историско деби, но, сите зборуваат за нејзиниот изглед.Николина Драгољевиќ, 23-годишна скијачка од Босна и Херцеговина, се подготвува за најголемиот предизвик во нејзината досегашна кариера. Оваа млада спортистка од Пале ќе дебитира во Светскиот куп во алпско скијање, а нејзиниот настап во Леви, Финска, ќе има и историско значење за спортот во Босна и Херцеговина. Со нејзиното деби, Босна и Херцеговина испишува нова страница во својата скијачка историја, бидејќи за првпат ќе има двајца претставници во Светскиот куп, во различни дисциплини. Покрај Николина, боите на својата земја ќе ги брани и Елведин Музаферија. Младата скијачка не крие колку ѝ значи можноста да се натпреварува со најдобрите во светот, а пред големиот предизвик упати порака која покажува колку таа верува во своите соништа. „Доаѓам од мала земја, но моите соништа се големи. Сакам да докажам дека со упорност, напорна работа и верба во сопствените способности, можеш да постигнеш сè што ќе посакаш“, изјави Николина. Сепак, Николина не се посветува исклучиво на спортот. Таа е студентка на Факултетот за физичко образование и спорт и настапува за Скијачкиот клуб „Јахорина“. Интересно е и тоа што младата спортистка го привлече вниманието на јавноста и надвор од скијачките патеки. На Инстаграм ја следат повеќе од 10.000 луѓе, со кои таа споделува детали од својата спортска кариера и секојдневието. За нејзините фанови секако најитересни се фотките на кои Николина е најчесто во секси бикини а во преден план е бујниот задник. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
Шоу бизЕштон Кучер би можел да стане милијардер, но не поради глуматаХоливудскиот актер Ештон Кучер наскоро би можел да стане дел од клубот на милијардери – не благодарение на неговите актерски хонорари, туку преку неговите инвестиции во вештачка интелигенција. Неговата рана инвестиција во „Антропик“ (Anthropic) – компанијата што стои зад популарниот чет-бот со вештачка интелигенција, „Клод“ (Claude) – би можела да му донесе огромен поврат. Според проценките на „Блумберг“ (Bloomberg), инвестициската фирма „Саунд венчрс“ (Sound Ventures) – чиј соосновач е Кучер – поседува удел во „Антропик“ проценет на приближно седум милијарди долари. Во 2023 година, преку оваа фирма, Кучер – заедно со менаџерот на Мадона, Гај Осеари – учествуваше во првата голема рунда на институционално финансирање на „Антропик“, пренесува „Индипендент“ (The Independent). Низ годините, инвестициската фирма вложила вкупно 435 милиони долари во „Антропик“ (Anthropic); точниот удел од евентуалната добивка што ќе му припадне лично на Качер сè уште не е познат, пренесува Танјуг. „Антропик“, компанијата што стои зад чет-ботот „Клод“ (Claude), денес треба да започне со тргување на берзата, при што се проценува дека нејзината пазарна вредност изнесува 1,5 трилиони долари, а почетната цена на акцијата е 83 долари, пишува „Индипендент“ (The Independent). 48 годишната холивудска ѕвезда – познат по своите улоги во филмови и серии како „Што се случува во Вегас“ (What Happens in Vegas) и „Лудите седумдесетти“ (That '70s Show) – ја започнал својата инвестициска кариера во 2010 година, кога заедно со Осеари и милијардерот Рон Беркл ја основал фирмата „A-Grade Investments“. Оваа фирма, меѓу другото, инвестирала во технолошки компании како „Спотифај“ (Spotify), „Убер“ (Uber) и „Ер-би-ен-би“ (Airbnb). Во 2015 година, Качер и Осеари ја основаа компанијата „Саунд венчрс“ (Sound Ventures), преку која поддржаа голем број технолошки стартапи, вклучувајќи ги „Дуолинго“ (Duolingo) и „Рисерч-гејт“ (ResearchGate). Според медиумските извештаи, „Саунд венчрс“ (Sound Ventures) управува со инвестиции во вредност од приближно две милијарди долари, при што околу 800 милиони долари се вложени во компании за вештачка интелигенција, меѓу кои се „Антропик“ (Anthropic), „Опен АИ“ (OpenAI) и „Ворлд лабс“ (World Labs). Претходно оваа година, Качер се повлече од својата раководна улога во „Саунд венчрс“ за да основа нова инвестициска фирма заедно со Морган Белар, поранешен партнер во инвестициската фирма „НФИКС“ (NFX). Новата фирма ќе се фокусира на инвестиции во напредни технологии, инфраструктура, енергетика и таканаречениот сектор на „длабоки технологии“ (deep tech). Качер ќе остане советник во „Саунд венчрс“, додека Гај Осеари и Ефи Епстајн ќе продолжат да ја раководат компанијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Златна фудбалерка го „фрли“ дресот и облече проѕирен фустан, Градите ѕиркаат од фустанотЕдна од најсексапилната фудбалерка на светот, атрактивната Клои Кели повторно воодушеви со својот секси стајлинг.Јавноста е навикната да ја гледа во фудбалски дрес и на теренот, но Клои Кели овојпат покажа сосема поинакво издание. Англиската фудбалерка Клои Кели привлече големо внимание на доделувањето на наградите „GQ Мажи на годината“ во Лондон, каде што се појави во мошне смело издание. Наместо спортскиот дрес во кој сме навикнати да ја гледаме, овојпат таа се одлучи за елегантен црн фустан што ѝ го откриваше грбот, додека проѕирната ткаенина му даде на целиот изглед дополнителна доза на сензуалност. Припиениот фустан ја истакнуваше нејзината фигура, а отворениот грб беше еден од најефектните детали во оваа комбинација. Со овој избор, Клои покажа сосема поинаква страна на својот стил, далеку од фудбалскиот терен и спортската опрема. Бројни познати личности од светот на спортот, модата, музиката, филмот и забавата се собраа на свечениот настан, а фудбалерката на Арсенал беше меѓу гостите што го привлекоа вниманието на фотографите. Клои Кели е една од најпрепознатливите фудбалерки во англиската репрезентација, со која освои европски титули во 2022 и 2025 година. Особено е впечатлив нејзиниот гол против Германија во финалето на Европското првенство во 2022 година, кога го постигна одлучувачкиот погодок во 110-тата минута.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook