Бојан Јовановски е пуштен на слобода - Канал 5

Бојан Јовановски е пуштен на слобода

Осудениот Бојан Јовановски-Боки 13 е пуштен на слобода, дознава Канал 5 од судски извори. 

Бојан Јовановски е пуштен на слобода

Неофицијално,причината била лошата здравствена состојба, за што Кривичен суд добил лекарски извештаи од повеќе доктори, како и цели лекарски козилиуми.

Ова значи дека Боки 13 ќе се лекува од слобода, а откако му беше извршена операција и му беше отстранет желудникот.

Адвокатот Владимир Туфегџиќ вели дека ја добиле одлуката, за која вели дека иако е задоцнета, е праведна.

„По однос на прашањето за кое пројавувате интерес, како бранител ја потврдувам информацијата дека Основниот кривичен суд Скопје донесе одлука за прекин на издржувањето на казна затвор за осуденото лице Бојан Јовановски и истата е доставена до осуденото лице.

Ваквата одлука иако е задоцнета истата е за поздравување како законита, правична и пред се хумана, донесена врз основа на две последователни позитивни мислења од надлежниот Јавен обвинител во рамки на иста постапка и врз основа на комплетната медицинска документација за здравствената состојба на осуденото лице“ , изјави Туфекџиќ за Канал 5.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБРМ: Основната каматна стапка зголемена за 0,25 процентни поени

Народната банка ја затегнува монетарната политика со зголемување на основната каматна стапка за 0,25 процентни поени, на 4,25 насто.

НБРМ: Основната каматна стапка зголемена за 0,25 процентни поени

Одлуката на Извршниот одбор како што истакна од таму, доаѓа во услови на сè уште присутни инфлациски притисоци, геополитичка неизвесност и засилена кредитна активност во домашната економија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Делегација на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија положи свежо цвеќе пред споменикот на 12-те ваташки младинци

Делегација на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, предводена од генералниот секретар Горан Минчев, положи свежо цвеќе пред споменикот во нивна чест

Делегација на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија положи свежо цвеќе пред споменикот на 12-те ваташки младинци

По повод 83 години од стрелaњето на 12-те ваташки младинци, делегација на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, предводена од генералниот секретар Горан Минчев, положи свежо цвеќе пред споменикот во нивна чест.

Овој трагичен настан од 1943 година останува еден од најболните симболи на страдањето на македонската младина во Втората светска војна, кога под окупацијата на бугарските фашистички сили, младите животи беа згаснати затоа што во себе носеа идеја за слобода и припадност кон сопствениот народ.

Ваташките младинци не се само дел од историјата, туку живо сведоштво за цената што ја плаќале генерации Македонци во борбата за слобода, правда и сопствено национално достоинство. Нивната жртва останува над секоја дневна политика и претставува трајно потсетување дека слободата не се добива лесно, туку се извојува со големи жртви, болка и човечки животи.

Во време на нови политички притисоци и обиди за поинакво толкување или разводнување на историските факти, Македонија има обврска да остане доследна и обединета во одбраната на својот идентитет, својата историја и достоинството на својот народ.

Движењето ЗНАМ останува цврсто посветено на негувањето на историската вистина и на почитта кон жртвата на македонскиот народ, со јасна порака дека ваквите трагедии никогаш не смеат да бидат заборавени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Собранието дебата за Предлог законот за судската и јавнообвинителската служба

Предлог законот за судската и јавнообвинителската служба не е реформски, не ги исполнува барањата на синдикатите и не ја унапредува положбата на вработените- ова е ставот на засегнатите службеници 

Во Собранието дебата за Предлог законот за судската и јавнообвинителската служба

Предлог законот за судската и јавнообвинителската служба не е реформски, не ги исполнува барањата на синдикатите и не ја унапредува положбата на вработените- ова е ставот на засегнатите службеници кои во Собрание говореа на јавна расправа за законското решение. Порачаа дека се незадоволни бидејќи министерството за правда до Собранието доставиле текст, за кој велат дека е целосно различен од договореното со нив. Забележуваат дека барале поинаква пресметка за раст на платите, но и разграничување на нивните позиции.

Критики за предлог законите имаше и вишата обвинителка Фатиме Фетаи, а во одбрана на предлог-законот во Собранието беше заменик министерот за правда Ален Деребан.

Појаснува дека платите ќе се зголемуваат преку постигнатите колективни договори, а со целиот предлог морале да побрзаат поради роковите од реформската агенда.

Заменик-министерот рече дека аргументираните забелешки кои се прифатливи ќе бидат преточени во амандмани, за во второ читање на законот да ги усвојат пратениците на комисијата за политички систем.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер