Бојан Јовановски: Добивам закани по живот, се гледам како политички затвореник

Добивам закани по живот, на кого му одговара да не се дознае вистината за „Рекет“ рече Бојан Јовановски на денешното рочиште за овој случај. 

Тој пред Судот кажа дека се чуствува како политички затвореник и лице на кое се тренира правда. Јовановски вели дека му се прекршени правата загрантирани со Уставот, а за тоа го известил државниот обвинител, но и амбасадорите во земјава. Од кого биле упатени заканите Боки 13 не кажа, но дека имало такви потврди и неговиот адвокат Сашко Дуковски.

„Секојдневно има закани и притисоци. Во овој момент не би кажал од кого се, но има закани дали ќе збори или нема. Од надворешни лица. Не е херметички затворен затворот ‘Скопје’. Тој најдобро знае од каде доаѓаат. Ова е најмалку правен процес, туку е политички процес. Доаѓаат преку посредници, некогаш и директни.. Не можеме да кажеме дали се политичари. Од висока позиција се од секакво миље во оваа наша убава држава.”,вели Сашко Дуковски – адвокат на Бојан Јовановски.

На рочиштето сведочеше некогашната прва заменичка на Катица Јанева во СЈО, обвинителката Елизабета Јосифовска. Таа кажа дека на 2-ри мај минатата година по налог на специјалната обвинителка потпишала мислење за издавање на времен пасош во траење од 8 месеци на бизнисменот Камчев, осомничен во “Империја”.

„Барањето се работеше итно, беше добиено утрото, а кај мене на потпис стигна пред крај на работно време. Јанева и Стефанова не беа на работа, а мене ми беше чудно што не се почитуваше стандардната процедура. Се јавив кај шефот на кабинет на Јанева и таа ми рече дека комуницирала со специјалната обвинителка која потврдила дека треба времен пасош. Се слушнав телефонски и со Стефанова таа не се согласуваше, но последниот збор го имаше по закон Јанева. Јас немав избор, морав да потпишам.“, сведочеше Елизабета Јосифовска.

Јосифовска кажа дека на на состанок во декември 2018 Лиле Стефанова доставила предлог за одбивање на жалба и продолжување на притворот на Орце Камчев, но Јанева побарала да биде заменет со куќен. Рече дека ова било збунувачки за сите, а Стефанова кажала дека ќе биде штетно за истрагата , но Јанева и одговорила дека тоа ќе биде добро за процесот“

На друг состанок одржан во април, но во потесен состав во СЈО, Јосифовска кажа дека Јанева побарала од обвинителите Стефанова, која е надлежна за „Империја“ и од Бурим Рустеми, кој ја води истрагата „Поштенска банка“, да изготват пресметки колкави суми да исплатат како оштета на државата и со спогодба за вина да се ослободат од неа, со парични казни. Јанева рекла: „за да не одат луѓето во затвор“.

На прашање на адвокатот на Јанева, Јосифовска кажа дека пракса било да се преговара со осомничени за спогодба или соработка во истраги и дека според процедурите само специјалната обвинителка можела да знае дали против Камчев се воделе други истраги – што за адвокатите е во корист на Јанева.

За следни сведоци во постапката се повикани обвинителите Лиле Стефанова, Бурим Рустеми, како и некогашната шефица на Кабинетот на Јанева.

Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ не е спремна за јасни интеграции

„Доблест е да се прими пораката,а со тоа и да се промените откако сте ја примиле“

Ако има еден политичар кој што покажал прифаќање на различностите, тоа сум јас. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ и кандидатката за претседател Сиљановска, која што дури и името во Собрание името ми го чита како Сречко, ксенофибијата и е до ниво што и пречи и да види документ на Албански јазик. Мојата досегашна работа покажува дека доблест ми е поддршка на различностите. Не видовме програмска определба, освен дека на слоганот стои „Македонија повторно твоја“, тоа значи дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се одтргне од албанофобијата и кзенофобијата. Треба да пазите кога зборувате за „твоја“, туку наша. Го осудивме и однесување на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ за меѓусебните препукувања, по кои се билдаат меѓусебните рејтинзи, а не се нудат решенија, рече Фатмир Битиќи во Само Вистина.

Мурињо посочи тројца фаворити на ЕП 2024

Жозе Мурињо именуваше три селекции за кои верува дека можат да го освојат претстојното Европско првенство во Германија. 61-годишниот тренер е без работа од јануари кога доби отказ од Рома.

-Според мене, трофејот ќе го освои некој помеѓу Португалија, Франција или Англија. Ова се трите најсилни селекции. Можни се изненадувања, да. Гледајќи ги квалитетите на играчите, мислам дека Португалија може да оди во финалето со идеја да замине со златото, изјави португалскиот стручњак.

Тој неодамна откри дека двапати ја одбил понудата да ја преземе репрезентацијата на својата земја.

-Вратата на Португалија ми беше отворена двапати. Првиот пат беше кога бев во Реал Мадрид. Тогаш претседателот Флорентино Перез ми рече дека е невозможно да заминам, па јас го прифатив тоа. Вториот пат беше неодамна кога сè уште бев во Рома. Дали се каам за вториот случај? Не, не ми е жал. Не ми е жал поради причината што не прифаќам. Сега ќе играме на ЕП со селектор (Роберто Мартинез) кој заврши одлична работа и има одлична генерација играчи, додаде Мурињо. /МИА

Де Лаурентис: Не разбирав фудбал, но земав некои од најважните играчи во историјата на Наполи

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис уште еднаш се истакна себеси како фудбалски шеф, додека пак го нападна поранешниот спортски директор на клубот, Кристијано Џунтоли, кој сега работи во Јувентус.

-Отсекогаш се однесував како претприемач. Вложувам пари, љубов и интелигенција. Мојата работа ја доживувам како обврска. Не знаев ништо за фудбалот, но потпишав со некои од најважните играчи во историјата на Наполи. Ниту Лучијано Спалети не беше донесен од спортскиот директор (Џунтоли). Отсекогаш ми се допаѓал овој тренер поради неговиот карактер, прокоментира Де Лаурентис на прес-конференција поврзана со неговиот филмски проект. /МИА

притисни ентер