Бојаџи: Веќе јас не сум важен и на филмот му посакувам добра среќа - Канал 5

Бојаџи: Веќе јас не сум важен и на филмот му посакувам добра среќа

Бојаџи, на денешната прес-конференција во МКЦ, рече дека вчерашниот настан за него била совршената можност за тој и филмот да се разделат и филмот да си тргне по неговиот, а тој по својот пат.

Бојаџи: Веќе јас не сум важен и на филмот му посакувам добра среќа

Сценаристот и режисер Јани Бојаџи, по синоќешната македонска премиера на неговиот дебитантски филм „Ругање со Христос“ на отворањето на 3. Меѓународен фестивал на дебитантски филм „Киненова“, ја повика Владата да го остави филмот да заработува и да се прикажува низ Македонија.

Бојаџи, на денешната прес-конференција во МКЦ, рече дека вчерашниот настан за него била совршената можност за тој и филмот да се разделат и филмот да си тргне по неговиот, а тој по својот пат.

- Веќе јас не сум важен и на филмот му посакувам добра среќа и да се сретнеме сите некаде пак. Важно беше да се случи таа премиера за да се отвори таа порта и паднат сите маски. Тука јас завршуваме, еве го филмот. Ако отвора општествени дискусии, мене ќе ми биде драго да се разговара, рече Бојаџи.

Крајната идеја на филмот, продолжи тој, е да се гледа во кино, но дека само Штип прифатил во понеделник да се направи премиера.

- Сите други центри за култура во Македонија кои поседуваат технички можности прво прифатија, а потоа одбија да го прикажуваат со образоложение дека немаат ниту еден единствен слободен термин до крајот на годината и да им се јавам после Божик следната година, рече Бојаџи.

Нагласи дека филмот е финансиран од државата и центрите за култура се на државата, односно дека директорите на кино салоните ги именува Владата, но сега тие не му дозволуваат да се прикажува и заработува.

- Филмот ќе си има фестивалски живот, но бидејќи е нискобуџетен филм со 280 илјади евра, кои се уште не се сите исплатени и имаме инспекции, а една апликација на посериозен фестивал чини 100 долари, целата моја идеја беше да дојдам до премиера, да го прикажувам и заработувам и половина од нив да потрошам на апликации, рече Бојаџи.

Филмот освои награда на фестивалот во Монтреал, каде што беше светската премиера. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Си Џинпинг го нарече Путин „стар пријател“ пред средбата со Трамп

Кинескиот претседател Си Џинпинг го нарече рускиот претседател Владимир Путин „стар пријател“ на средбата во Кина, пред Самитот на Азиско-пацифичките лидери.

Си Џинпинг го нарече Путин „стар пријател“ пред средбата со Трамп

Двајцата разговараа за војната во Украина, енергетската соработка и односите со САД. Си се обидува да одржи деликатна рамнотежа меѓу односите со Москва и Вашингтон.

Во четврток, Си и Путин треба да имаат историска трилатерална средба со американскиот претседател Доналд Трамп.

Руските медиуми средбата веќе ја оценуваат како дипломатска победа за Путин. Трамп денеска ќе отпатува за Кина од Филипините, каде присуствуваше на Самитот на Азиско-пацифичкиот регион.Таму се сретна со индискиот премиер Моди, австралискиот премиер Албанезе и јапонската премиерка Такаичи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Собранието ќе ги продолжи прекинатите опозициски пратенички прашања

Собранието на денешната 130.седница ќе продолжи со одржувањето на опозициски прашања, кои беа прекинати на 12 ноември по бараните паузи од пратеници од опозицијата.

Собранието ќе ги продолжи прекинатите опозициски пратенички прашања

Претседателот на собранието, Африм Гаши на брифингот со новинарите во понеделник се осврна на дилемите за прекинатата седница за опозициски пратенички прашања. Потенцира дека постоеле разни толкувања на деловникот во однос на тоа дали паузите треба да се пресметуваат во предвидените два часа за поставување прашања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со температура до 21 степен

Времето денеска според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд а максималната температура ќе достигне од 17 до 21 степен.

Променливо облачно со температура до 21 степен

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 17 до 21 степен.

Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 19 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Под влијание на јужно воздушно струење до петок ќе биде релативно топло со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h). Од сабота температурите ќе бидат во опаѓање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер