Богојески: Повикувам да се излезе и да се гласа на референдумот - Канал 5

Богојески: Повикувам да се излезе и да се гласа на референдумот

Големо мнозинство од членството на ВМРО-ДПМНЕ сака Македонија да биде дел од ЕУ и НАТО,  вели во интервју за Канал 5, заменик генералниот секретар Петар Богојески.

Богојески: Повикувам да се излезе и да се гласа на референдумот

Кој е дел од т.н. Реформаторско крило на партијата. Богојески ги повикува членовите масовно да се излезат на референудмот и да го кажат своето мислење за договорот. Со него разговараше Александар Видиновски.

Во видеото погледнете го целото интервју со Петар Богојески, заменик-генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и дел од т.н. реформаторско крило на партијата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Војдан Стојановски: „Со добар пристап и добра енергија до победа против Ирска“

Капитенот Војдан Стојановски вечерва повторно ќе ја предводи македонската сениорска репрезентација во натпревар кој може да го потврди пласманот во квалификациите за Евробаскет 2029.

Војдан Стојановски: „Со добар пристап и добра енергија до победа против Ирска“

„Играат брзо и агресивно, затоа мора да бидеме максимално фокусирани“ - вели капитенот на Македонија пред вечерашниот дуел.

Капитенот Војдан Стојановски вечерва повторно ќе ја предводи македонската сениорска репрезентација во натпревар кој може да го потврди пласманот во квалификациите за Евробаскет 2029. Македонија од 18:00 часот во спортската сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје ја пречекува Ирска во натпревар од 5. коло од претквалификациите, а евентуалната победа ќе значи и официјална потврда на местото во следната фаза.

Иако Македонија славеше на првиот меѓусебен дуел во Даблин, Стојановски предупредува дека ирската селекција не смее да се потцени.

„Вечерва играме против репрезентација која не беше воопшто лесно да ја победиме на гостински терен. Играат брзо, играат доста агресивно и затоа треба да бидеме максимално фокусирани и подготвени. Да имаме добар пристап и добра енергија, бидејќи само така можеме да дојдеме до победата која ни носи сигурен пласман во квалификациите за Евробаскет“, истакнува капитенот.

Стојановски нагласува дека двонеделниот подготвителен период бил искористен максимално, што е значајна разлика во однос на претходните ФИБА „прозорци“, кога времето за работа беше ограничено.

„Добро ги одработивме овие две недели. Имавме можност целосно да се посветиме на она што го бараше селекторот, за максимално подготвени да ги дочекаме овие натпревари. Контролните натпревари исто така многу ни помогнаа, особено ако се земе предвид дека повторно има промени во ростерот. Нашата цел останува иста – да играме добро и да победиме“, порачува Стојановски.

Македонија вечерва има можност со петта последователна победа во претквалификациите да го завери местото во квалификациите за Евробаскет 2029 и пред својата публика да направи уште еден значаен чекор кон нов европски предизвик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЦУК: Постигнавме значаен чекор кон модернизацијата на Центарот за управување со кризи

Постигнавме значаен чекор кон модернизацијата на Центарот за управување со кризи и зајакнувањето на капацитетите за заштита на граѓаните и природата.

ЦУК: Постигнавме значаен чекор кон модернизацијата на Центарот за управување со кризи

Постигнавме значаен чекор кон модернизацијата на Центарот за управување со кризи и зајакнувањето на капацитетите за заштита на граѓаните и природата.

За првпат, преку пилот-проект реализиран во соработка со домашна компанија, воспоставуваме систем за рана детекција на шумски пожари со интелигентни камери поставени на стратешки локации. Во моментов се оперативни поголем број камери, а во тек е проширување на мрежата на околу 50 камери, со што значително ќе се зголеми покриеноста на критичните шумски подрачја низ државата.

Системот овозможува 24/7 мониторинг од Оперативниот центар на ЦУК, навремено откривање на чад и почетните знаци на пожар, како и брзо известување на надлежните институции за побрза и поефикасна интервенција.

Со оваа технологија обезбедуваме:

✅Рана детекција на чад и пожар уште во почетната фаза, пред негово проширување.

✅Континуиран 24/7 мониторинг без прекин.

✅Интелигентни камери со ротација од 360 степени, кои постојано го надгледуваат просторот и автоматски се насочуваат и запираат на точната локација веднаш штом детектираат чад или пламен.

✅Автоматско известување преку е-пошта и порака до дежурниот Оперативен центар на ЦУК веднаш по детектирањето на чад или пожар.

✅Во наредниот период ќе биде воспоставен и звучен аларм во дежурниот Оперативен центар на ЦУК, кој ќе овозможи уште побрзо известување и реакција на надлежните служби.

✅Благодарение на поставеноста на камерите на телекомуникациски столбови, се обезбедува голема територијална покриеност и значително намалување на трошоците за поставување на системот преку искористување на постојната инфраструктура.

✅Подобра координација на институциите при интервенции преку визуелен увид во реално време во локацијата, правецот на ширење и интензитетот на пожарот.

✅Намалување на штетите и поголема заштита на човечките животи, шумите, имотот и природните богатства.

✅Интеграција со системот 112, ГИС-платформите и метеоролошките податоци за побрзо и попрецизно донесување оперативни одлуки.

Ова е само почеток. Пилот-проектот ќе послужи како основа за воспоставување национален систем за рана детекција на шумски пожари, кој во иднина ќе придонесе за уште поголема безбедност, поефикасно управување со природните ризици и подобра заштита на населението и природните ресурси.

Директорот на Центарот за управување со кризи, г-дин Мухамед Али, останува целосно посветен на модернизацијата на институцијата преку инвестиции во технологија, иновации и развој на професионалните капацитети. Неговата визија е јасна – модерен, ефикасен и подготвен систем кој навремено ќе одговори на секој предизвик, секогаш во служба на граѓаните и во заштита на природата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Советот на Народната банка го усвои Извештајот за ризиците во банкарскиот сектор за првиот квартал од 2026 година

На редовната седница, Советот на Народната банка го усвои Извештајот за ризиците во банкарскиот сектор за првиот квартал од 2026 година.

Советот на Народната банка го усвои Извештајот за ризиците во банкарскиот сектор за првиот квартал од 2026 година

Според Извештајот, во првиот квартал од 2026 година, банкарскиот сектор ја задржа својата стабилност со високо ниво на солвентност и задоволителна ликвидност, и добар капацитет за справување со претпоставените шокови, како што покажуваат резултатите од спроведените стрес-тестови.

Кредитирањето и депозитната активност забележаа раст и во првиот квартал од 2026 година, но побавен во споредба со претходниот квартал, најмногу под влијание на сезонските ефекти, коишто се вообичаено позасилени во првиот квартал од годината. Квалитетот на кредитното портфолио се подобри и кај секторот „домаќинства“, и кај корпоративниот сектор, што придонесе за натамошно намалување на вкупната стапка на нефункционални кредити, којашто се сведе на историски најниското ниво од 1,9%.

Банкарскиот сектор остварува позитивен финансиски резултат, којшто е на ниво слично на она од истиот период минатата година, обезбедувајќи солидни показатели за профитабилноста.

Народната банка и во иднина ќе биде претпазлива, постојано ќе ги следи ризиците и е подготвена да ги примени сите расположливи инструменти и мерки за зачувување на макроекономската и финансиската стабилност.

На истата седница, Советот разгледа и усвои повеќе материјали поврзани со тековното работење и надлежностите на Народната банка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер