3Мелони предупредува на „сеење хаос“: Повеќе од 6.300 училишта во Италија добиле закани за поставени бомби
ЖивотБогојавление – Водици: Ден кога водите стануваат осветени и лековитиПразникот Водици (Богојавление) народот го празнува како еден од најголемите христијански празници, зашто на тој ден Исус Христос е крстен од Свети Јован Крстител во реката Јордан. Со тоа на овој празник му се дава значење на крштевањето како една од повеќето свети тајни на христијанството. Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата. Затоа кумот се смета за духовен родител на крстениот и најблизок роднина. Со овој празник завршуваат не само дванаесетте т.н. Некрстени денови туку и циклусот зимски празнувања во кој спаѓаат уште и свеченостите поврзани со Бадник, Божик, Нова Година (Василица) и сл. Празникот Богојавление се однесува на настанот на Христовото крштевање во реката Јордан од страна на Свети Јован Крстител, кој уште се вика и Претеча што значи претходник. Тој со своето учење одел пред Исус, што значи му претходел на Исус и затоа е наречен Претеча. Св. Јован го повикувал народот на покајание и му кажувал дека е дојдено времето кога ќе се појави Спасителот на Светот. Притоа луѓето ги крштевал со вода и им кажувал дека тој што ќе дојде по него ќе ги крсти со Свет Дух. „Јас ве крштевам со вода; но иде посилен од мене, Кому не сум достоен да Му ги одврзам ни ременчињата на обувките Негови. Он ќе ве крстеи со Дух Свети и со оган.“ (Лука, 3/16) Овој настан се нарекува Боголавление (Епифанија – јавување). Во почетокот на празнувањето на Богојавление, во овој празник биле слеани повеќе спомени, меѓу кои и Раѓањето Христово. „Во четвртиот век празниците биле одделени, така што Христовото раѓање било пренесено на 25 декември, на денот кога паганите го празнувале богот на Сонцето, а христијаните го празнуваат Сонцето на правдата.“ Крштевањето се изведува преку потопување во водата. На тој начин верникот излегува од водата измиен од гревовите. „Според Јован Дамаскин, Христос се крсти за да ги уништи главите на демоните во водата, бидејќи постоело сфаќање дека демоните живеат во водата; за да го измие гревот и да го погреба целокупниот стар Адам во водата, за да го освети Крстителот затоа што не го освети Претечата Христа туку Христос го освети Претечата, кога последниов ја стави својата рака врз Христовата глава; за да го исполни законот; затоа што Он Самиот го даде и не требаше да испадне негов престапник, за да ја открие тајната на Света Троица, бидејќи во тој час имаме јавување на Света Троица; за да стане образец на нашето крштение коешто е совршено крштение и се врши со вода и Дух Свети.“ Со своето крштевање во реката Јордан Исус ги освети водите. И денеска на денот Богојавление се извршува осветување на водите „Така по осветувањето водата престанува да биде вода на падот и станува вода на обновување, бидејќи се соединува со несоздадената благодат Божја“. Именден празнуваат: Богдан, (значи даден од Бога) Богдана, Божана, Бојан, Бонка, Богомил (значи мил на Бога), Јордан, Данчо, Јорданка, Данка, Даница, Дарин, Јован, Јованка, Јонко, Јонка, Јоана…Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВРЕДИ: Бараме оставка на Ахмети!Црно на бело, документите покажуваат дека министрите на ДУИ предлагале и гласале точки на седници на Владата со кои на белградската Алта Банка ѝ се овозможува деловна соработка со државата. Наместо да ги штитат интересите на граѓаните, функционерите на ДУИ отворале врати за финансиски аранжмани и партнерства со банка од Србија. Ова е само уште еден доказ за долгогодишната политичка и деловна соработка на ДУИ со структури поврзани со српските центри на моќ. По сите обиди ваквите информации да се сокријат од јавноста, фактите денес зборуваат сами за себе. Да ги потсетиме граѓаните на низата случаи кои бараат одговорност: 1. АЛТА БАНКА – ДОКУМЕНТИТЕ ГОВОРАТ! Министрите на ДУИ во Владата предлагале и поддржувале одлуки со кои се овозможувала соработка меѓу државата и Алта Банка од Белград. Јавноста има право да знае кои биле мотивите за ваквите одлуки и какви интереси стоеле зад нив. 2. ДАКА ДАВИДОВИЌ ВО ТЕТОВО! ДУИ беше дел од власта која го отвори патот за проектот на Дака Давидовиќ во Тетово. Лице кое подоцна се најде на американската листа на санкции поради сомнежи за корупција и незаконски активности. 3. МТЕЛ – СРПСКИОТ ОПЕРАТОР ВО МАКЕДОНИЈА! Во времето кога ДУИ управуваше со државата, на македонскиот пазар влезе МТЕЛ, дел од Телеком Србија. Уште еден пример за отворање на простор за српски државен капитал во државата. 4. ОТВОРЕН БАЛКАН – ПРОЕКТОТ НА ВУЧИЌ! Али Ахмети беше меѓу најгласните поддржувачи на Отворен Балкан, проект предводен од Александар Вучиќ, кој Косово континуирано го оспоруваше и го сметаше за штетен за своите интереси. 5. НЕУСПЕШНИОТ ТЕНДЕР НА ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА! Во времето кога Државната лотарија беше раководена од близок соработник на Артан Груби, тендерот за онлајн игри на среќа беше насочен кон српски и црногорски компании. Наместо транспарентност и заштита на јавниот интерес, јавноста доби уште една контроверза поврзана со бизнис интереси од соседството. 6. СРЕДБИТЕ СО СРПСКИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ! За време на мандатот на Бујар Османи како министер за надворешни работи беа реализирани бројни средби со претставници на српските институции. Граѓаните имаат право да знаат какви договори и какви резултати произлегле од тие контакти. ПРАШАЊЕТО Е ЕДНО И ЈАСНО: КОЛКУ ДОКАЗИ СЕ ПОТРЕБНИ ЗА АЛИ АХМЕТИ ДА ПРЕЗЕМЕ ОДГОВОРНОСТ? Од Алта Банка, преку Дака Давидовиќ, МТЕЛ, Отворен Балкан и спорните тендери, се создава слика за континуирана политичка и деловна поврзаност која заслужува темелна институционална проверка и политичка одговорност. Али Ахмети треба да поднесе оставка од претседателската функција во ДУИ и да се повлече од политиката. Време е да престане да ја држи партијата и нејзината иднина како заложник на сопствените политички интереси. Ги повикуваме сите чесни членови на ДУИ, но и политичките фактори кои сè уште имаат соработка со ова раководство, да се дистанцираат од овие политики и практики. Никој не смее да биде соучесник во срамот што ѝ се нанесува на албанската политичка кауза и на иднината на државата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураПремиерата на „Татко“ на Народен театар Битола со долготрајни аплаузи и силни импресииПремиерната изведба на „Татко“ од Август Стриндберг, во режија на Благој Мицевски, заврши со долготрајни аплаузи и топли реакции од публиката. Силната драмска приказна, интензивната сценска игра и емоциите што ги донесе претставата оставија впечаток кај присутните, кои по завршувањето на изведбата ја напуштија салата понесени од своите импресии. Премиерата на 10.ноември беше дел од официјалната програма на Општина Битола по повод одбележувањето на 4 Ноември – Денот на ослободувањето на градот Битола. Со оваа премиерна изведба, театарот даде свој придонес кон одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на градот. Освен режијата, Мицевски стои и зад сценографијата и костимите. Во претставата играат: Петар Горко, Катерина Аневска-Дранговска, Сандра Грибовска Илиевска, Никола Пројчевски, Живко Борисовски, Соња Михајлова.Асистент на режија е Дамјан Димовски, композитор Марјан Нечак, тон Александар Димовски, светло Горан Петровски, суфлер Гордана Михајловска, реквизит Цветан Јовановски, испициент Оливер Петровски, гардеробер Лилјана Китановска. Се работи за длабоко потресна психолошка драма за распадот на интимноста, осаменоста, недовербата и кревките граници на моќта во семејството. Каде исчезнува љубовта кога меѓусебното разбирање ќе го заменат сомнежот и борбата за надмоќ? И колку далеку може да оди човекот кога ќе се соочи со сопствената ранливост? Преку ова безвременско драмско дело, режисерот Благој Мицевски ги отвора прашањата за односот меѓу мажот и жената, за семејните односи и за трагедијата на човекот кој постепено го губи тлото под нозете. Што се случува со човекот кога ќе остари? Кога љубовта ќе се претвори во борба за моќ, а бракот во бојно поле на кое детето станува најневината жртва? „Задоволството беше и наше. Нема поголема радост од непосредната реакција на публиката и чувството дека она што го споделуваме од сцената допира до оние за кои го создаваме. Ви благодариме за аплаузот, довербата и заедничката театарска вечер“, истакнуваат од НТБ. Активностите на НУ Народен театар Битола продолжуваат на 14 ноември, кога се одбележуваат 82 години од постоењето на оваа институција. Овој значаен јубилеј ќе биде одбележан со свеченото отворање на 12. издание на Битола Шекспир фестивалот, кој годинава ќе започне со претставата „Кориолан“ од Вилијам Шекспир, која токму на отворањето на фестивалот ќе ја има својата прва премиерна изведба во матичната куќа.Тагови: битола НУ Народен театар – Битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаМелони предупредува на „сеење хаос“: Повеќе од 6.300 училишта во Италија добиле закани за поставени бомби Италијанската премиерка Џорџа Мелони ја отфрли можноста за реална опасност по анонимните закани за напади врз околу 6.000 училишта низ земјата и предупреди на „стратегија насочена кон сеење хаос“.На средба со лидерите на опозицијата во палатата Киџи, таа ги повика сите политички сили на обединување, додека наставата, по полициските проверки и евакуациите, денеска треба да продолжи вообичаено, пренесе „Анса“. Мелони ги повика лидерите на опозицијата да ги споделат достапните информации и да разгледаат низа предупредувања и извештаи од последните денови, вклучително и оние што се однесуваат на хакерски напади и сомнителни експлозивни направи во училиштата. Средбата траела речиси два часа, а на неа присуствувале замениците премиери Антонио Тајани и Матео Салвини, како и министрите Гвидо Крозето, Матео Пјантедози и Лука Чиријани и други високи функционери. Според извори од левиот центар, Мелони нагласила дека средбата не претставува замена за обраќање пред парламентот, откако некои опозициски политичари побараа пратениците да бидат информирани за заканите. Инцидентите исто така го отворија прашањето за можна хибридна војна, односно употреба на сајбер-напади и лажни дојави со цел да се предизвика несигурност и дезориентација. Според локалните власти, вчера околу 6.300 училишта низ Италија, како и повеќе од 700 во Шкотска и Северна Ирска, добиле закани за поставени бомби.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter