Богати парични награди за руските освојувачи на медали на ЗОИ - Канал 5

Богати парични награди за руските освојувачи на медали на ЗОИ

Русија ќе ги награди освојувачите на златните медали на Зимските олимписки игри во Сочи со 122 илјади долари, соопшти денеска владата на оваа земја.

Богати парични награди за руските освојувачи на медали на ЗОИ
Предвидени се високи парични награди и за руските натпреварувачи кои ќе успеат да стигнат до сребрениот и бронзениот медал.

За освоено второ место и сребрениот медал наградата е дефинирана на 76 илјади долари, додека „бронзата“ ќе вреди 46 илјади долари.

Со овој потег Владата на земјата домаќин на ЗОИ следната година, сака дополнително да ги мотивира своите репрезентативци и да биде поправен впечатокот од Игрите пред четири години во Ванкувер (Канада) кога Русите го имаа најлошото издание во историјата на Олимпијадите со само 15 освоени медали и 11.место во генералниот пласман на земјите освојувачи на одличја.

Зимските олимписки игри ќе се одржат во Сочи од 7 до 23 февруари 2014 година. /Извор: МИА/

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Каква лага, не може Милошоски да каже дека Урсула фон дер Лајен лаже

Антонио Милошоски пишува дека СДСМ оставила отворена врата за ново бугарско вето, овојпат за македонскиот јазик во ЕУ. 

СДСМ: Каква лага, не може Милошоски да каже дека Урсула фон дер Лајен лаже

Каква лага!

Како може да каже дека претседателката на Европската комисија лаже?

Таа му кажа на Мицкоски в лице: Европа ве чека со вашиот идентитет и вашиот јазик.

Мицкоски рече: Преспа е ремек-дело на дипломатијата. Сиљановска рече: јазикот и идентитетот се заштитени, тоа е апсолвирано. Македонија на чист македонски јазик го потпиша договорот за Фронтекс.

Сè стои. Сè е потврдено. Од претседателката на Комисијата, од претседателката на државата, од самиот арамија.

Доста повеќе со лаги. Не можете да кажете дека Урсула фон дер Лајен лаже. Не можете да ја препишете вистината на претходната влада, па да ја обвините за тоа што самите го блокирате европскиот пат.

Реформите стојат во место. Вториот рок истече, на 1. јуни беше ветувањето. Нема ни глас од тоа ветување. Затоа патоказ добиваат другите земји, додека Македонија е во изолација.

СДСМ пред изборите кажа, а денес тоа е и на хартија и во лице- дека јазикот и идентитетот се заштитени.

Бандата бега од Лаура Ковеши, не од Бугарија.

Народот гледа. Власта ќе се врати во рацете на граѓаните, а бандата ќе одговара и пред независното судство и пред Лаура Ковеши, се наведува во партиската реакција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Четиринаесет годишниот Махмут е првата жртва на големите поплави во Истанбул- пред 6 месеци останал сираче

Четиринаесетгодишниот Махмут Ишилдак почина откако беше електрифициран за време на силниот пороен дожд во населбата Фатих во Истанбул.

Четиринаесет годишниот Махмут е првата жртва на големите поплави во Истанбул- пред 6 месеци останал сираче

Момчето било хафиз, што значи дека го знаеше целиот Куран напамет, а неговиот татко, кој работеше како верски учител, почина само шест месеци претходно.

Трагедијата се случи вчера вечерта, пред паркинг во населбата Чукур Бостан во населбата Фатих во Истанбул.

Според достапните информации, Махмут ги соблекол чевлите за време на поројниот дожд за да не се намокри. Во таа прилика, тој стапнал на кабли што биле на земја, по што бил електрифициран.

Момчето беше итно префрлено во болница со сериозни повреди, но лекарите, и покрај нивните напори, можеа само да го прогласат за мртов.

По трагедијата, се дозна дека Махмут имал пет браќа и сестри, а дека неговиот татко, верски учител, починал шест месеци претходно.

Особено трогателен детал е тоа што четиринаесетгодишникот бил хафиз, лице кое го научило напамет целиот Куран. Според неговите роднини, Махмут ќе биде погребан во градот Дизенгоф, Турција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еди Рама се огласи прв пат од почетокот на насилните протести во Албанија: Нема да поднесам оставка (ВИДЕО)

Албанскиот премиер Еди Рама изјави за Ројтерс дека нема да поднесе оставка, бидејќи насилните протести предводени од студентите влегоа во третиот ден.

Еди Рама се огласи прв пат од почетокот на насилните протести во Албанија: Нема да поднесам оставка (ВИДЕО)

Полицијата употреби водени топови за да ги растера демонстрантите кои кршеа прозорци и уништуваа имот во Тирана, што го натера парламентот да ја откаже седницата.

Студентите протестираат против зголемувањето на трошоците за образование и корупцијата, а оставката на Рама е меѓу нивните барања.

„Кога станува збор за повици за моја оставка, владите се менуваат на демократски избори. Минатата година имавме избори, а не револуција“, рече Рама во писмените одговори на прашањата од Ројтерс.

„Мојата одговорност е да ги слушам граѓаните, да одговорам на легитимните загрижености и да продолжам да ја водам Албанија напред. Алтернативата би била да ги предадам Албанците кои ми дадоа силен мандат да ги завршам преговорите за членство во Европската Унија“, додаде премиерот.

Рама е подготвен за разговор

Протестите претставуваат најголем предизвик за Рама досега, откако минатата година освои четврти последователен мандат, а членството на Албанија во Европската Унија беше клучно предизборно ветување.

Рама рече дека е подготвен да зборува за зголемувањето на трошоците за образование, но нагласи дека насилството не е начин да се изразат барањата на студентите.

„Нападите врз институциите, уништувањето на јавниот имот и заканите за јавната безбедност немаат никаква врска со легитимните барања на студентите“, рече албанскиот премиер.

Протестите следеа по месеци претежно мирни демонстрации предизвикани од плановите за изградба на луксузен туристички комплекс на јужниот брег на Албанија, поддржан од Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп. Проектот се соочи со правни предизвици.

Селаните изјавија за Ројтерс во јули дека нивното земјиште е нелегално продадено за да се направи простор за проектот. Но, Ројтерс не пронајде докази за злоупотреба од страна на Кушнер, кој не е директно вклучен во спорот меѓу селаните.

Улиците на Тирана беа преполни со остатоци од запалени контејнери, скршени автобуски станици и уништени семафори.

Во среда, десетици илјади студенти излегоа на улиците на Тирана, запалувајќи владина зграда и две банки и фрлајќи камења кон полицијата.

Организаторите на студентските протести како причина ги наведоа лошите услови на универзитетите, високата цена на високото образование, недостатокот на финансиска поддршка и неизвесните изгледи за работа по дипломирањето.

Албанија се стреми кон членство во ЕУ до 2028 година.

„Корупцијата мора да се запре и, како што самата ЕУ неодамна потврди, Албанија се бори против неа повеќе од кога било досега. Можеби има сили дома и во странство кои не сакаат Албанија да успее како лидер во процесот на пристапување кон ЕУ. Но, нема да дозволам насилството да ја одвлече Албанија од нејзиниот европски пат“, рече Рама.

Албанија, заедно со Црна Гора, моментално е меѓу водечките земји на Западен Балкан во процесот на пристапување кон Европската Унија и се надева дека ќе стане членка веќе во 2028 година.

Но, угледот на Албанија е нарушен од корупциски скандали, а политичките аналитичари велат дека земјата станала центар за банди кои сакаат да перат пари од трговија со дрога и оружје, што дополнително ги комплицира нејзините напори за пристапување кон блокот од 27 земји-членки.

Немирите во Албанија се дел од поширок бран студентски активизам во Европа.

Во Франција, средношколците протестираат и блокираат училишта со недели, барајќи повеќе наставници и подобри услови за работа. Тие предупредуваат дека дотраените училишни згради и преполните училници го поткопуваат квалитетот на образованието.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер