Богата програма на Скопско лето и оваа седмица - Канал 5

Богата програма на Скопско лето и оваа седмица

Оваа недела во рамки на Скопско лето има голем избор на настани од различни области.

Богата програма на Скопско лето и оваа седмица

Вчера во Чифте амам се отвори изложбата на Михаил Корубин „Визуелна Артикулација“ која предизвика голем интерес кај присутните. Корубин на публиката и се претстави со 13 големи платна кои ги насликал годинава како и со минијатурни графики арт токен за кои допрва ќе се пишува бидејќи самиот тој е иноватор на овој стил.

Денес во Музејот на македонската борба за сите љубители на класичната музика ќе се одржи концерт на Андреј Наунов на пијано и Кристијан Жермен од Австрија. Овој настан е во соработка со Австриската амбасада во Скопје.

За најмладата публика во среда ќе игра претставата „Некој нека ми каже колку сум важен“ во Театарот за деца и младинци, со почеток во 19 часот.

Во претставата играат: Мики Анчевски – Курт, Марија Ѓорѓијовска - Бад, Гунар, Премиерот, Никола Наковски - раскажувач, Ана Лиз, Продавачот Мефисто, Капетанот, Госпоѓата, Пациентот.

Ненад Митевски - Раскажувач, Курт Газирано, Архитект, Доктор Петер,

Полицаецот, Главниот Доктор, Цариник, Штауб.

Ангела Димитрова - Раскажувач, Елена Дебелата, Архитект, Докторка Нина,

Гатачката, Воспитувачка, Новинарката, Докторката, Старата госпоѓа

Додека во Куршумли ан малку подоцна со почеток во 20 часот стартува концертната промоција на албумот „Вида“ на MIYATTA.

Овој настан е потпомогнмат од Македонска Радио Телевизија, Буба мара радио, Институтот Јунуз Емре и уште неколку спонзори.

Фотографот Ацо Кондев со изложбата „Парис ла Дефанс“ е на програма во четврток и тоа во Културно информативниот центар со почеток во 20:30 часот.

Во продукција на Снежана Богдановска – Сани ќе се одржи модна ревија како омаж на Тјери Муглер, насловена како „Ангел на ексцентричноста“ во петок на 30 јуни.Се работи за ревија на студентите на институтот Изет цури според инспирација од моделите на дизајнерот Тјери Муглер.

Специјални гости учесници се Изет Цури, Никола Ефтимов, Доминик Брунет, Игор Марков и други.

Режијата е на Анастасија Стејси Марш Богдановска.

Фоаје на НОБ

Саботата е резервирана за изложба на фотографии на Џон Илија Апелгрин „Забранети луѓе“ и тоа во Кинотека на Македонија со почеток во 20 часот.

Малку подоцна во 21:00 е најавен Гала оперски концерт на националната опера и балет со солистите, хорот и оркестарот на НОБ. Диригентската палка е на Реваз Јавакишвили од Грузија. На програмата се арии од Верди, Пучини, Чилеа и Моцарт.

Салон на НОБ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Што промени светската музичка ѕвезда,  Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа  вака супер на 57 години.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело.

Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање.

Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога.

Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена.

Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Најпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. 

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот.

На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално.

https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed

„Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото.

Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

Еврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви.

Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција.

Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер