ВМРО-ДПМНЕ: 11 Октомври нека биде потсетник за храброста на борците од НОБ и наша обврска да ги чуваме нивните идеали
2ВМРО-ДПМНЕ: 11 Октомври нека биде потсетник за храброста на борците од НОБ и наша обврска да ги чуваме нивните идеали
КултураБогата програма на Македонската филхармонија за сезоната 2015/2016 Македонската филхармонија најавува богата и атрактивна програма која што ќе ја краси новата концертна сезона 2015/2016 година. Од свеченото отворање на 1 октомври, па се до крајот на следниот концертен репертоар, публиката ќе има можност да присуствува на актуелните остварувања на стандардната концертна програма, на новите и старите музички творби на македонската симфониска музика, како и на светските премиерни дела кои на оркестарот и на самата институција ќе им наметнат една свежа, поинаква концепција. И годинава, Македонската филхармонија на подиумот ќе донесе врвни солистички и диригентски имиња од светската и од домашната музичка сфера, кои, секој со својот индивидуален уметнички и креативен хабитус, ќе ја претстави магијата на разновидните дела од звучната ризница. Новата концертна сезона на Македонската филхармонија ќе стартува на 1 октомври 2015 година со концертот под наслов „Маратон Брамс“, на кој под диригентство на маестро Даниел Рајскин од Русија, како солист ќе се претстави извонредниот Алексеј Володин, еден од најбараните пијанисти на денешницата, а кој во иста вечер ќе изведе два Концерти за пијано и оркестар од Јоханес Брамс, што е вистински раритет во концертната практика. Рускиот виолончелист Александар Књазев, руската виолинистка Алина Ибрагимова, пијанистот од Бугарија Евгени Божанов, сопранот Голда Шулц од САД, рускиот пијанист Евгениј Корољов, Сајака Шоџи на виолина од Јапонија, се дел од годинашните солистички ѕвезди, а освен маестро Цанев и Саша Николовски-Ѓумар, зад оркестарот ќе застанат извонредните Емил Табаков (Бугарија), Јануш Пшибилски (Полска), Кејс Скалионе (САД), Дорон Соломон (Израел), Тимоти Редмонд (Велика Британија)... Освен атрактивните солисти и диригенти, Македонската филхармонија во новата сезона најавува и нов циклус под наслов „Алхемија“, кој подразбира нов концепт на концерти во кои се содржани сосема различни дела во однос на жанровската и стилската определба, а сепак имаат свои врзивни звучни ткива, како и мошне атрактивни солисти. Годинава на „Алхемија“ ќе се претстават Џо Пауерс на усна хармоника од САД и Ави Аватал на мандолина од Израел. Целта е токму овие концерти да понудат програмски концепт кој ќе отскокнува од стандардниот. „Фантастичен бутик“, „Виолината на Алина“, „NY vs NY“, „Некој ме гледа романтично“, „Клецмер фешта“, „Црн бран“, „Островска инспирација“ се дел од насловите на концертите кои ќе донесат навистина возбудлива програма, дела од Сен-Санс, Росини, Брух, Менделсон, Гершвин, Лист, Малер, Равел, Чајковски, Прокофјев, Мархулетс, Шостакович, Моцарт, Џон Адамс, Бетовен, Вивалди, Бритн, Вила-Лобос... Во новата сезона, како што може да се забележи и од насловите, Македонската филхармонија, покрај циклусот „Алхемија“, нуди и уште неколку други атрактивни концерти како „NY vs NY“ кој ќе се одржи во духот на новогодишните празници, или „Некој ме гледа романтично“ по повод Денот на вљубените, кои ќе понудат навистина специфични звучни мигови. Околу триесетина симфониски концерти всушност, се дел од новиот репертоар на Македонската филхармонија, меѓу нив и традиционалните - симфониски концерти за деца, божикниот и велигденскиот концерт, концертите на учениците и студентите од музичките образовни институции и се разбира, циклусот „Кирилица“ кој ќе ги претстави актуелните остварувања на македонските музички уметници. Под наслов „Наследство“, а под палката на маестро Саша Николовски-Ѓумар, ќе биде реализиран јубилеен концерт посветен на двајцата македонски композитори Властимир Николовски (по повод 90 години од раѓањето) и Томе Манчев (по повод 65 години од неговото раѓање). На концертот „Вокални авантури“, пак, под диригентство на маестро Борјан Цанев како солисти ќе се претстават двајцата македонски и светски врвни пејачи - сопранот Ана Дурловски и басот и контратенорот Игор Дурловски, кои ќе изведат мошне интересен сплет од арии и дуети. Ќе биде реализиран уште еден концерт со македонски солисти, овој пат квартет дувачи од оркестарот на Македонската филхармонија, како и концерт на кој солист е нашата извонредна виолинистка Анна Кондратенко, концерт-мајстор на Македонската филхармонија. Уште двајца македонски истакнати солисти со светска кариера ќе настапат оваа сезона - Исмаил Лумановски на кларинет и Дритон Гаџа на виола. Во текот на целиор репертоар ќе бидат изведени и творбите кои се победници на конкурсот на Министерството за култура за дела од областа на сериозната музика. И следната концертна сезона оркестарот на Македонската филхармонија ќе оствари неколку гостувања во другите македонски градови, а меѓу нив предвидени се и два симфониски концерти за деца во Прилеп и во Битола.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: 85 години борба против фашизмот! Да не ни се повтори Ванчо МихајловПред 85 години партизаните излегоа за слободна држава. За слобода. За достоинство на човекот. Против фашизмот!Не за поделба. Не за понижување на народот. Не за да го викаат талог, мочуриште, медиокритети, глодари. Тој речник не е од 11 Октомври и вредносите на НОБ. Тој речник е од друга традиција. СДСМ ја памети својата, секогаш на вистинската страна на историјата. Антифашизмот не е споменик туку обврска. Обврска да се живее во мир и слога, не во закани и раздор. Обврска законот да важи за сите, не само за оние што немаат кабинет. Обврска зборот да биде слободен, а медиумот да не биде во мрак. Обврска државата да работи за себе, не за интерес на друга земја. Иднината е во Европа. Во подобар стандард. Во плата од која се живее достоинствено и добро. Во пензија што не се крои секој месец. Во чиста и здрава вода. Во млади што остануваат дома, не затоа што им е речено да бидат патриоти, туку затоа што имаат работа, дом и иднина. Патриотизам е како се живее денес и што им се остава на децата утре. Да не мораат да земаат бугарски пасоши. Да не мораат да глумат патриоти заради личен интерес, туку вистински да ја сакаат и да ја почитуваат својата татковина. Лажниот патриотизам не смее да биде пат кон власт. Македонија не е депонија за туѓ проект. Не е рудник за туѓа муниција. Не е хардвер за туѓа дигитализација. Не е ходник за туѓа агенда. Не е каса за провизија. Македонија е заедничка татковина. Се работи за сопствената татковина, се живее со соседите. Доколку е потребно и се преговара, не се провоцира. Предците се бореа да имаме држава. Денешната генерација има битка за иднината. Битка против корупцијата и криминалот, за подобар живот, повисоки плати. Битка за слобода на говор и медиуми. Битка за нормален и достоинствен живот. Битка да живее чесниот свет, не банда. Заедничка битка за Европа. СДСМ е наследник на таа борба. Со демократски средства. Со вистина. Со глас на народот. Државата ќе ја вратиме во служба на народот. Иднината не е во поделбите. Иднината е во Европа, во правда и во слобода. Скопје, 11.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: 11 Октомври нека биде потсетник за храброста на борците од НОБ и наша обврска да ги чуваме нивните идеалиДенес го одбележуваме почетокот на вооружената борба против фашистичкиот окупатор. На 11 октомври 1941 година во Прилеп и Куманово, Македонците храбро го кренаа првиот удар за слобода.ЧЕСТИТКА ОД ВМРО-ДПМНЕ ПО ПОВОД 11 ОКТОМВРИ-ДЕН НА НАРОДНОТО ВОСТАНИЕ 11 Октомври нека биде потсетник за храброста на борците од НОБ и наша обврска да ги чуваме нивните идеали Денес го одбележуваме почетокот на вооружената борба против фашистичкиот окупатор. На 11 октомври 1941 година во Прилеп и Куманово, Македонците храбро го кренаа првиот удар за слобода. Денес им се поклонуваме на храбрите борци и на нивните идеали за слобода. Благодарение на нивната пожртвуваност, денес ние живееме во слободна татковина. На овој голем ден ја славиме решителноста на македонскиот народ за слобода и создавање самостојна и независна држава. Тие идеали и денес нe водат во создавањето подобра сегашност и подобра иднина за генерациите што доаѓаат. ВМРО-ДПМНЕ непоколебливо го следи заветот што го оставија храбрите борци. Обединети и сплотени, да го продолжиме стремежот на борците од НОБ за да имаме попросперитетна Македонија, да го вложиме своето знаење и труд во негувањето и развојот на нашата татковина. Се залагаме за зачувување, развој и напредок на македонската држава, за да обезбедиме подобра иднина за сите наши граѓани. Да ги пренесеме идеалите на младите генерации и самата идеја да се живее и расте во сопствена, самостојна и независна држава. Нека е честит 11 Октомври, Денот на народното востание! Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНезависен синдикат на полицијата :Реакција на нападите за полициска бруталност[⛔️] Независниот синдикат на полицијата најостро ги осудува обидите за политичка манупулација и ставањето на етнички предзнак на борбата против недозволената трговија со дрога.[👮♂️] Имено, од информациите со кои располагаме како синдикат, се работи за полициска акција во која осомничените лица најпрво се обидуваат да ги прегазат колегите, потоа го одземаат службеното оружје на еден од колегите, за на крај додека се даваат во бегство предизвикуваат неколку сообраќајни незгоди на автопатот Скопје - Тетово од каде се здобиваат со повреди и каде по дополнителна проверка е пронајдена дрогата. [❗️] Апсолутно ирелевантен е фактот што се по националност колегите кои постапуваат и го ставаат својот живот во ризик поради спречување на ваквиот тип на сериозен криминал кој нема етничка граница. Секако ги повикуваме сите релевантни структури да извршат внимателна проверка и контрола на настанот и постапувањето на колегите, додека политичките партии да се воздржат од заземање на страната на криминалот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter