КултураБогата културна програма за претстојните празници За време на новогодишните и божиќните празници македонските граѓани ќе уживаат во настаните кои за нив ги подготвуваат националните установи од областа на културата, Македонската филхармонија, Македонската опера и балет, МНТ, „Танец“ и останите институции. Ова на денешната прес-конференција го соопшти министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.Минатата година, потсети таа, почнавме со една убава традиција која ја практикуваат големите оркестри во светот, а тоа е реализација на новогодишен и божиќен концерт. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во популарните музички фрагменти од делата на големите автори на оперетите, полките, валцерите, но, и останатата домашна и светска класика. - На први јануари, во вечерните часови ќе се оддржи Новогодишниот концерт на Македонската опера и балет на кој ќе настапат реномираните оперски солисти со интернационална кариера, оркестарот, хорот и балетскиот ансамбл на Македонската опера и балет под диригентската палка на маестро Борјан Цанев, рече Канческа-Милевска. За Божиќниот концерт, предвиден на 7 јануари во Македонскиот народен театар ќе биде задолжена нашата најстара музичка институција, Македонската филхармонија. На концертот ќе бидат изведени атрактивни дела од домашната и светска музичка литература под водството на македонскиот диригент, маестро Саша Николовски Ѓумар. На 23 декември во Македонската опера и балет, Новогодишен концерт ќе има големиот амбасадор и афирматор на македонската култура и традиција, Ансамблот за народни игри и песни „Танец“. Ќе бидат изведени најпознатите танци и ора од нашата богата етнокореолошка традиција. - Провокација за посетителите и за љубителите на уметноста во Новиот театар ќе биде и премиерната изведба на првиот лиценциран мјузикл кој воопшто е направен во Република Македонија, „Чикаго“, во режија на Наташа Поплавска, копродукција на Македонскиот народен театар и Македонската опера и балет, потенцира Канческа-Милевска. Според неа, на 28, 29 и 30 декември јавноста ќе може да проследи еден вистински музичко-сценски спектал, кој на сцената ќе понуди многу визуелни ефекти и повеќе од 70 талентирани театарски и музички изведувачи, балетски и оперски солисти од овие установи и од Факултетот за музичка уметност. На Василичарскиот концерт на Македонската опера и балет, македонските изведувачи ќе ги изведат најпрепознатливите рефрени на композициите кои во изминатите дваесет години беа изведени на фестивалот на забавна музика „Макфест“. Таа изрази надеж дека во сите овие настани ќе ужива публиката од сите генерации. За најмладите, Македонската филхармонија на 20 декември ќе го одржи традиционалниот новогодишен концерт за деца. Диригент на концертот ќе биде Саша Николовски Ѓумар. Игор Дурловски, директор на Македонската опера и балет додаде дека на Новогодишниот концет ќе бидат изведени најпопуларни штраусови полки, како и сегменти од најизведуваните оперети на големиот мајстор Имре Калман. Како солисти ќе настапат првенците Ана Дурловски и баритонот Марјан Јованоски, како и Михајло Арсенски кој 15 или 20 години работи и живее во Германија. На Василичарскиот концерт предвидено е да настапат Тамара и Тијана, Елена Ристеска, Сара Мејс, Влатко Лозановски, Димитар Андоновски... Директорката на Македонската филхармонија Маја Чаначевиќ најави дека на 17 декември имаат претпразничен концерт, под раководство на Борјан Цанев. Зоран Џорлев, директор на Ансамблот за народни игри и песни “Танец“ истакна дека нивниот концерт ќе трае околу 120 минути. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветДрама: Авион исчезна над океанотСпоред неофицијални информации, авион од типот „ Gulfstream G100# со шест лица во него – кој летал од Бермудски Острови кон Бостон – се урнал во Атлантскиот Океан.Авионот изгубил контакт за време на летот, по што започнала потрага по леталото и лицата во него. Врз основа на моментално достапните информации, авионот исчезнал рано утринава, а потрагата е насочена кон областа во близина на брегот на Нантакет, Масачусетс. Американската крајбрежна стража потврди дека во потрагата се вклучени воздушни и поморски единици, пренесува британскиот таблоид „The Sun“. Засега нема официјална потврда дека авионот навистина се урнал, ниту пак се познати околностите на наводната несреќа. Надлежните служби ја продолжуваат потрагата, а дополнителни информации се очекуваат штом ќе бидат познати резултатите од операцијата. BREAKING: Gulfstream G100 with 6 persons on board has reportedly crashed into the Atlantic while flying from Bermuda to Boston pic.twitter.com/gHZI5Sq2vc — Breaking Aviation News & Videos (@aviationbrk) October 3, 2026 Тагови: авион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаМаскиран демонстрант запалил лице на жена, протетсите во Франција надвор од контролаПротестите на средношколците од посиромашните предградија на Париз ја зафатија целата земја. Десетици илјади ученици и нивни поддржувачи излегоа на улиците во Франција и се чини излегоа од контрола.Како што јавија дел од медиумите маскиран тинејџер во Марсеј бил приведен откако се обидел со спреј и запалка да запали лице на жена. Причината за протестите е поради лошата состојба на училиштата, преполните училници и недостигот на наставен кадар, а особено е лоша состојбата во посиромашните населби, тврдат демоинстрантите Неделава на протестите учествуваа ученици од над 1000 средни училишта, а за време на немирите беа уапсени повеќе од 5000 лица, но имаше и сериозно повредени демонстранти, еден ученик бил повреден од гумен куршум Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез повика на враќање на редот. Протестите започнаа во предградијата на Париз, каде што нивото на сиромаштија е високо, а потоа се проширија во самиот Париз и други француски градови, вклучувајќи ги Марсеј, Стразбур, Тур и Лил. Тагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
КултураАКТО завршува во недела со „Бистро на еден ден" во дворот на Железничката зградаСо настанот „Бистро на еден ден", утре, 4 октомври, се затвора 21. издание на фестивалот АКТО. Во периодот од 12 до 16 часот, во дворот на Железничката зграда (ул. Борка Талески бр.26, Скопје) ќе се одржи интервенција во јавен простор, едукативна програма за деца, музичка програма и перформативно готвење во живо. Настанот БИСТРО НА ЕДЕН ДЕН претставува еден од серијата јавни настани/интервенции, развиени во рамките на едукативната платформа ,,Градот како сцена: Изведување на јавниот простор". Еден од главните фокуси во рамките на оваа платформа е активирање на просторот на киното во Железничката зграда, како потенцијален заеднички простор за пошироката заедница на граѓани. Програмата вклучува перформативен настан „Ручаме солидарно" - готвење со колективот ХНУ перформанс и SCEN[ски] дизајн, музички настап на Хана Корнети (12:00) и винил DJ сетови на Chvare (13:00) и SHEF SHEF (15:00). За најмладите е подготвена детската ликовна работилница „Креативна игра", а дел од настанот се и креативната работилница 5 до 12, The Dude Specialty Coffee, пиварата БАК, како и издавачките куќи ИЛИ-ИЛИ и Шарла. Влезот е слободен. Со овој завршен настан, посветен на заедницата и јавниот простор, 21. АКТО [26] ја заокружува петдневната програма, која вклучуваше изведба на перформативен радио есеј, Лабораторија за перформативно-просторни практики, предавање на проф. Радивоје Динуловиќ и доделување на наградата ДЕНЕС 2026. Проектот 21. АКТО фестивал за современи уметности е поддржан од Гете институт Скопје и Министерство за култура и туризам на Република Северна Македонија, како и преку проектот „Култура за развој" на Владата на Швајцарија, кој го имплементира Хартефакт Фонд. Тимот на АКТО фестивал за современи уметностиТагови: АКТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16