Боемска вечер утре во Кавадарци - Канал 5

Боемска вечер утре во Кавадарци

 Боемска вечер организираат утре Здружението „Винотек“ и Општина Кавадарци, во рамките на Кавадаречко културно лето. 

Боемска вечер утре во Кавадарци

-Виното, храната, уметноста преточена низ музика, песна, сликарство, поезија, забава, ќе бидат дел од култната кавадаречка улица „Зелен пазар“, место за средба и дружење на боемите, со тиквешките винарии, дестилерии, ресторани, музички групи, староградски песни, чалгии, серенади, музички перформанси, ликовни уметност, поети, појасни вечерва Јован Еленов, претседател на „Винотек“, здружение што се залага за промоција на производите од грозје и винскиот туризам.

Целта е, како што нагласи, негување на традицијата и промоција на најголемиот лозаровинарски регион во државата, Тиквешкиот. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Реката Лепенец покриена со необична пена на влевот во Вардар

Со бела пена е прекриена реката Лепенец при влевот во реката Вардар во Скопје.

Реката Лепенец покриена со необична пена на влевот во Вардар

Пената се влева директно во Вардар.

Известени се од Град Скопје, најавено е дека инспектори веднаш ќе додат на терен да видат која е причината за пената во лепенец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Украина изврши напад врз „Вајлдберис“ во Санкт Петербург и симферопол на Крим

Продолжува конфликтот меѓу Москва и Киев.

Украина изврши напад врз „Вајлдберис“ во Санкт Петербург и симферопол на Крим

Украински дронови извршија напади врз магацини на таканаречениот руски Амазон во Санкт Петербург и Ленинградската област.

Компанијата„Вајлдберис“ ги потврди нападите врз нивните објекти и соопштија дека привремено ја прекинале работата во своите логистички центри во Санкт Петербург, како и центарот за сортирање во Симферопол.

Дронови се обиделе да го нападнат и магацинот на компанијата во Казан, но според локалните жители, системите за противвоздушна одбрана успеале да ги соборат додека се приближуваа.

Во текот на изминатата недела, украинските дронови извршија напади врз приближно 10 отсто од целата инфраструктура на „Вајлдберис“ оваа компанија се смета за руски еквивалент на Амазон, а причинетата штета надминува 2 милијарди долари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Спасовски: Две години Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, професионални раководители, Академија за јавна администрација и модерни институции

Реформите во јавната администрација продолжуваат со мерки што обезбедуваат професионално управување и континуиран развој на административните капацитети.

Спасовски: Две години Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, професионални раководители, Академија за јавна администрација и модерни институции

Со донесувањето на Законот за високи раководители, за првпат се воспоставува единствен систем за избор на највисоките раководни позиции во државната администрација.

Новиот модел предвидува јавен оглас, проверка на условите, рангирање и избор на најдобрите кандидати, со што високите позиции се поврзуваат со знаење, компетентност, професионално искуство и интегритет.

Законот опфаќа државни секретари, директори и заменици директори во институциите каде што е предвидено, а воведува и механизми за следење на нивната работа и одговорност за резултатите.

Дополнително, ограничувањето на вршителите на должност на шест месеци и намалувањето на бројот на членови во управните одбори, придонесуваат за поголема одговорност, стабилност, поефикасно користење на јавните средства.

Во изминатиот период е воспоставена и Академија за јавна администрација, која ќе биде носител на обуките и професионалниот развој на административните службеници, а со модернизација на Центарот за обука, реализирани се обуки за повеќе од 1.000 службеници и воспоставен е современ електронски систем за учење.

Истовремено, се унапредуваат Информациониот систем за управување со човечки ресурси, инспекцискиот систем, процесите за управување со квалитет, како и транспарентноста и учеството на јавноста преку Партнерството за отворена власт.

Паралелно се унапредени и процесот на проценка на влијанието на регулативата преку поголема транспарентност, јавни консултации и подобро планирање на законските решенија.

Почитувани,

Овие резултати се доказ дека реформите не се декларативни, туку носат конкретни промени кои создаваат поефикасни институции, подобри услуги за граѓаните и се поставуваат темели за администрација во која континуираното учење и усовршување ќе бидат составен дел од кариерата.

Емил Спасовски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер