Бодибилдер лежел 15 часа онесвестен во теретана, никој не го забележал – сега е во кома - Канал 5

Бодибилдер лежел 15 часа онесвестен во теретана, никој не го забележал – сега е во кома

Бодибилдерот лежел онесвестен во соблекувална во теретана во Перт 15 часа, а лекарите морале да го стават во индуцирана кома за да се обидат да му го спасат животот.

Бодибилдер лежел 15 часа онесвестен во теретана, никој не го забележал – сега е во кома

Бодибилдерот Џулијано Пироне се онесвестил под туш во 24-часовна теретана, а никој не го забележал цели 15 часа, објави Њујорк Пост.

Мајката на Џулијано, Даниела, рече дека нејзиниот син отишол во теретана на 20 август пред работа. Тие го пронашле Џулијан во несвест дури навечер, во туш кабината каде постојано течела студена вода.

„Мојот син сега е во кома, во болница во Перт“, вели очајната мајка.

Даниела раскажала дека Џулијано кобниот ден пред работа отишол во теретана, а бидејќи тој не ѝ се јавувал во текот на денот, ниту пак одговарал на нејзините повици во текот на попладневните часови, почнало да ја фаќа паника.

Загрижена им се јавила на неговите пријатели, поранешната сопруга, колегите, но сите ѝ рекле дека ниту го виделе ниту се слушнале со Џулијано.

„Беше многу необично, беше толку неверојатно од него“, рече Даниела.

Таа веднаш отишла во полиција каде го пријавила неговото исчезнување. Инспекторите веднаш се обиделе да го лоцираат мобилниот телефон на Џулијано и пристигнал сигнал од салата.

„Полицијата упадна во објектот, го нашла под туш во кабина, каде што течела ледената вода. Беше на подот, без свест“, рекла мајката.

„Мислеа дека е мртов“, додала Даниела.

Но, бидејќи се уште имал пулс, полицијата го започнала процесот на реанимација и Џулијано накратко се освестил, по што веднаш бил префрлен во болница.

„Полицаецот што го најде потоа дојде да ме земе мене и мојот сопруг и нѐ однесе во болница. Јас сум секогаш со мојот син“, објаснува мајката.

Данијела објаснила дека туш кабината во која го нашле нејзиниот син била заклучена, а полицајците ја кршеле вратата.

„Џулијано му пратил порака на другар во 7:03 часот, а го нашле дури после 22:30 часот“, вели Даниела и додава дека е целосно шокирана што никој не забележал ништо чудно за тие 15 часа.

Таа истакнува дека камерите го снимиле Џулијано како паркира пред теретана неколку минути пред 5 часот наутро и дека никому не му било чудно што 17 часа подоцна неговиот автомобил се уште бил таму.

„Тие спортски сали се небезбедни. Треба да имаат некаков систем за пријавување, па ако некој член не се одјави по два или три часа, некој од вработените треба да провери каде е тој човек. Можеби мојот син не би бил во кома ако некој го најде за час или два“, вели Данијела.

Таа не кажала што точно се случило со нејзиниот син, ниту зошто лекарите го ставиле во вештачка кома. Единствено што кажала е дека нејзиниот син удрил со глава кога паднал во кабината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Исламскиот младински форум со демант на тврдењето дека се терористичка организација

Исламскиот младински форум – Скопје ги отфрла обвинувањата во кои се поврзува со организација од Македонија што се најде на египетската листа на терористички организации. 

Исламскиот младински форум со демант на тврдењето дека се терористичка организација

Во допис насловен како јавен демант, скопското здружение најави дека ќе поведе судски постапки и ќе бара надомест на штета од оние за кои ќе се утврди одговорност за ширење невистинити и штетни тврдења.

„Нагласуваме дека споменувањето во документи на странски институции не претставува правен доказ дека станува збор за организацијата на која се однесува една таква неоснована одлука. Таквата идентификација бара официјална документација и прецизна проверка на правниот идентитет на организацијата“, се вели во демантот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новак Ѓоковиќ гради кула од 320 метри во Мајами (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ веќе неколку години активно се префрла од тенисот на работните места што ќе ги работи по завршувањето на неговата неверојатна кариера. 

Новак Ѓоковиќ гради кула од 320 метри во Мајами (ВИДЕО)

Србинот продолжува да им пркоси на физиката и се обидува да освои уште еден голем трофеј на 39-годишна возраст.

Од друга страна, тој е вклучен и во развојот на ATMA, нов луксузен бренд на Aman Group, кој има план да направи нешто навистина големо во Мајами.

Имено, идејата е да се комбинираат сместување, спортски објекти и програми што ќе помогнат во здравјето, закрепнувањето и долговечноста. Централната фигура на сè ќе биде облакодер во Брикел, во една од најпознатите и најлуксузните области во Мајами. Се наведува дека кулата ќе достигне висина од 320 метри, што е три пати повисоко од Белградската кула...

Ѓоковиќ и Aman Group започнаа соработка во 2024 година. Српскиот тенисер треба да учествува во планирањето на програмата и идеите што луѓето ќе ги користат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Ја обновуваме жичарата, Скопје повторно ќе ужива во својот најубав поглед

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска направи увид во работните активности за обнова на жичарата на Водно.

Ѓорѓиевски: Ја обновуваме жичарата, Скопје повторно ќе ужива во својот најубав поглед

- Жичарата е едно од омилените скопски доживувања. Таа нѐ носи поблиску до природата и до глетката што секогаш нѐ потсетува колку е убав нашиот град. Но, при увид, беа констатирани сериозни недостатоци, последица на долгогодишното неспроведување на неопходните големи сервиси и редовното одржување од страна на претходните раководства. Беше потребен обемен и темелен зафат, занемаруван речиси една деценија. Затоа жичарата беше ставена вон функција. За мене, безбедноста на нашиот народ е пред сѐ. Тука нема компромис. Сега сме посветени на нејзината целосна реконструкција. За безбедно возење, сигурна работа и спокојство за секој посетител – изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека во тек се зафатите за обнова на жичарата и темелна реконструкција на кабините, а се очекува да пристигне и моторот кој е испратен на репарирање надвор од државава.

- Очекуваме за многу кратко време, веќе следниот месец, по завршувањето на работите и неопходните безбедносни проверки, жичарата повторно да ги пречека скопјани и гостите на нашиот град. Го обновуваме она што со години било запоставувано. Со одговорност, со работа и со дела. Го враќаме сјајот на Скопје рече Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер