МакедонијаБочварски: Очекуваме да се зголеми поддршката за СДСМ, на локалните избори ќе настапиме со коалициските партнери од изминатите десеттина години Пратеникот на СДСМ и поранешен министер за транспорт и врски, Благој Бочварски вечерва истакна дека очекува да се зголеми поддршката од граѓаните за СДСМ на локалните избори.-Резултатите од избори во избори се менуваат. И тоа е нормално и тоа се случува и ниту една политичка партија не може да има свој корпус на гласови кој што го чува и кој што не може да се менува. Сите избори го покажале ова. Резултатите се менуваат. Но, многу поважно е од она коешто се поставува како прашање е како граѓаните живеат, дали граѓаните денеска се задоволни од она коешто во изминатата година оваа Влада го покажа како резултат, како перформанси на една нова политичка гарнитура која најавуваше многу, а денеска граѓаните низ сите контакти кои што ги имаме велат дека апсолутно се чувствуваат измамени од она коешто беше ветувано од страна на ВМРО-ДПМНЕ и на овие избори очекуваме и граѓаните, пред се, да го дадат својот глас. За нас е многу важно граѓаните преку своите идеи, предлози кои ќе ги дадат во наредниот период и сите тие предлози да можеме да ги инкорпорираме во нашите предизборни програми по општините за на крајот на денот да се претставиме подобро пред граѓаните. Очекуваме поддршката да се зголемува, рече Бочварски во вечерашното гостување на „Вести плус“ на Телевизија Канал 5. Бочварски истакна дека на локалните избори ќе настапат својата природна коалиција на коалициони партнери со кои настапуваат во изминатите десеттина години. -СДСМ ќе коалицира и веќе ја има својата природна коалиција на коалициони партнери со кои настапуваме во изминатите десеттина години. Таа коалиција ќе настапи и денеска заедно на овие локални избори со СДСМ. Претседателот на партијата има добиено поддршка од страна на Извршниот одбор и е овластен да разговара со сите политички чинители. Но, во овој момент сметаме дека треба да се настапи само со оваа коалиција која што е природна и гравитира околу СДСМ, тоа се пред се левичарските партии, но и партите од центарот, ВМРО-Народна партија. Со таа коалиција ќе настапиме, но практично ќе ги следиме резултатите и тековите. Ќе бараме,пред се, поддршка од граѓаните, рече тој. Смета дека преку овие избори ќе се прати еден сериозен сигнал и во бројот на гласовите на сите политички партии и на оваа владејачка коалиција за идниот период. -Ова е суштината, дека ВМРО-ДПМНЕ е на власт во Скопје последните четири години, а не сега да се оградуваат од еден или од друг кандидат. Тие победија, добија мнозинство и добија и градоначалник. Граѓаните можат да направат разлика - дали подобро се владеело во време на претходната локална власт во Скопје кога градоначалник беше Шилегов, дали се реализираа повеќе проекти или ова како перформанс го даде ВМРО-ДПМНЕ за Скопје. Очекуваме граѓаните да ја препознаат, пред се, разликата од она коешто беше ветувано, рече тој. На прашањето доколу СДСМ доживее полош резултат од оние претходните парламентарни, дали ќе следуваат некакви промени во партијата, Бочварски со договор дека тие се концентрирани и фокусирани на изборот на најдобрите кандитати за градоначалници и за советници со кои ќе настапат на локалните избори. -СДСМ денес е концентриран и фокусиран на локалните избори, на изборот на најдобрите кандидати, на презентацијата на програмата на тој кандидат за секоја одредена општина, на поставување на кандидати на советничките листи кои ќе освојат подобар резултат и денеска сме концентрирани на таа политика. Очекуваме дека граѓаните ќе је препознаат политиката, токму поради тоа што граѓаните и веќе прават дистинкција после само една година на власт на ВМРО-ДПМНЕ се гледа дали денеска квалитетот на живот е подобар или не. Ние поминавме многу кризи со претходната Влада – и енергетската криза и КОВИД пандемијата и имавме подобри резултати во голем број на сегменти отколку што тоа денеска во мирно време го работи ВМРО-ДПМНЕ и ги остварува овие резултати кои загрижуваат и во економијата и во други сфери, изјави тој. Во однос на тоа Владата да ја продолжи иницијативата за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, Бочварски потенцира дека неговата партија бара да не се прави упад во системот, туку да се почитуваат процедурите, транспарентниот пристап. -Она коешто го бара СДСМ е да не се прави упад во системот, туку да се почитуваат процедурите, транспарентниот пристап и да не дојдеме во ситуација каде што само персоналните решенија ќе бидат променети, туку бараме да се промени целата слика за и тој процент кој е низок да се промени на подобро и да имаме повеќе доверба од граѓаните во овој сегмент. Мораме да имаме во предвид дека извршната власт не може да врши притисок врз третата власт, односно судската власт. Треба да има поставен систем и модел по кој ќе се поставува. Она коешто како политичка партија се залагаме да има суштински реформи. Значи, не само персоналните решенија да се променуваат во една држава, бидејќи после пожарот во Кочани и оваа голема трагедија граѓаните побараа промена на системот. Ако сакаме да го промениме системот, тогаш треба да седнеме да ги отвориме законите, кој е тој закон, која е таа одлука која што треба да ја донесе Собранието, рече Бочварски. Смета дека треба да се настапи со промена на системот преку промена на реформските закони. -Ние сметаме дека овде треба да се настапи токму со промена на системот преку промена на овие реформски закони. Праксата ја имаме, и од европските земји, од Европската унија. Претседателот Филипче на таа средба со претседателот на Владата исто така укажа дека сме отворени да се формираат тие работни групи, да се работи на промена на овие закони, ќе ја дадеме поддршката по однос на промена на моделот, да имаме независно судство и обвинителство, практично да го подобриме овој систем. ВМРО-ДПМНЕ секој ден има различен став по однос на оваа прашање. Прво рекоа дека би биле за промена на целиот систем, за промена на законите во правосудството, на реформската агенда, па потоа рекоа дека треба да се менува обвинителот, потоа рекоа дека се задоволни од обвинителот, па потоа повторно сега на оваа интерпелација настапуваат со еден различен став, рече Бочварски. Тагови: Бочварски Вести плус Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветДрама на израелскиот аеродром: Исчезна двегодишно дете, пронајдено на лента за багажДвегодишно дете накратко исчезна на меѓународниот аеродром Бен Гурион во Израел откако се качило на лента за багаж и пешачело неколку метри до местото каде што се сортираат куферите пред да се товарат во авиони.Инцидентот се случил во четврток, кога семејство кое се подготвувало за лет за Ларнака, Кипар, се соочило со исчезнувањето на своето дете, објави денес Канал 12. Откако родителите не успеале да го пронајдат детето, ја известиле полицијата, која започнала потрага по исчезнатото дете на аеродромот. Двегодишното дете било пронајдено неколку минути подоцна на лента за багаж, каде што се сортираат куферите пред да се товарат во авиони. Аеродромските власти соопштија дека детето е пронајдено неповредено и во добра состојба, откако пешачело само неколку метри на лентата. Во соопштението се наведува и дека детето не било под надзор на своите родители во времето на инцидентот. Израелските аеродромски власти започнале истрага за да ги утврдат околностите на инцидентот, а според извештаите на медиумите, полицијата ја разгледува и можноста за покренување истрага. Извор: Б92Тагови: аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветХаос на аеродромот во Мајами: Судир на два авиона, има повредени ВИДЕОТоварен авион на „UPS“ и авион на „Copa Airlines“ се судрија на пистата на меѓународниот аеродром во Мајами во текот на ноќта, при што беа повредени две лица.Во судирот учествуваа „Boeing 767“ на „UPS“ и „Boeing 737“ на „Copa Airlines“, објави „CBS“. „Околу 21:15 часот, авион што пристигнуваше и се повлекуваше се судрија на раскрсницата на две писти“, вели Грег Чин, директор за комуникации на меѓународниот аеродром во Мајами. 🚨 JUST IN: First video of the damage following a tarmac collision between a UPS 767 and Copa Airlines 737 at Miami International Several injuries reported on the Copa 737 But thank God this wasn’t more severe 🙏🏻 https://t.co/dAootpX9Hm — Nick Sortor (@nicksortor) November 15, 2026 Чин вели дека противпожарната служба на Мајами им пружила помош на двајца пациенти на местото на настанот за полесни повреди и дека не им бил потребен медицински превоз, како и дека летовите биле пренасочени кон други писти, па судирот не влијаел врз работењето на аеродромот. Карго авионот на „UPS“ требало да полета од Мајами до Богота, Колумбија, а авионот на „Copa Airlines“ слетал од Панама Сити, Панама.Тагови: авион Мајами Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЕксплозија во Ормускиот теснец: Танкери дигнати во воздух (ВИДЕО)На двата танкери избувнале експлозии и голем пожар.Два танкери за нафта се запалија откако наидоа на подводни мини во јужниот дел од Ормускиот теснец во текот на ноќта, соопштија поморските сили на Иранскиот корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), велејќи дека бродовите се обиделе тајно да поминат низ неовластена рута. ИРГЦ во соопштението наведува дека танкерите претходно ги исклучиле своите системи за навигација и автоматска идентификација на бродови во обид да го сокријат своето движење низ Ормускиот теснец. Според Иранскиот корпус на револуционерна гарда, откако наидоа на морските мини, на двата танкери избувнаа експлозии и голем пожар. Во соопштението се додава дека уште два танкери за нафта, кои исто така се обиделе да поминат низ неовластена рута, дејствувале по предупредувањата од центарот за контрола на поморскиот сообраќај на ИРГЦ и се вратиле кон Персискиот Залив. 🚨🇮🇷 Another day, another oil tanker IN FLAMES in the Strait of Hormuz, with Iran's Revolutionary Guards releasing footage of the burning vessel. Tehran says the tanker was attempting to pass through the strategic waterway without authorization. Writer: Oliver https://t.co/wqbwoEpDXV — Mario Nawfal (@MarioNawfal) November 14, 2026 Тагови: Ормускиот теснец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook