Бочварски очекува автопатите Петровец–Катланово и Кичево–Охрид да се завршат идната година - Канал 5

Бочварски очекува автопатите Петровец–Катланово и Кичево–Охрид да се завршат идната година

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски очекува делницата Петровец – Катланово да биде завршена наредната година, а автопатот Кичево – Охрид да се заврши во предвидениот рок до 31 декември идната година.

Бочварски очекува автопатите Петровец–Катланово и Кичево–Охрид да се завршат идната година

Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата, Бочварски образложи зошто се пролонгира рокот за изградба на автопатот Петровец – Катланово, посочувајќи дека изведувачот не го дал посакуваниот прогрес и поради тоа договорот бил раскинат. Бочварски информира дека новата јавна набавка е завршена, избран е изведувач и истиот е воведен во работа.

– Деновиве започнуваат мерењата на терен, да се направат дополнителни мерења од страна на новиот изведувач и секако од почетокот на наредната година очекуваме и градежни работи согласно временските услови. Нашите очекувања се дека оваа делница мора да биде завршена наредната година бидејќи тоа го должиме на граѓаните, но некогаш постојат и вакви околности и услови кога изведувачите не ги почитуваат зададените рокови и тогаш преминуваме кон раскинување на договорот, рече Бочварски.

Во однос на автопатот Кичево – Охрид, министерот посочи дека го прават притисокот истиот да се заврши во предвидениот рок – 31 декември 2023 година.

– Имаме тим од сите ресори од Министерството, Јавното претпријатие за државни патишта, Агенцијата за имотно-правни односи, Правобранителство, Агенцијата за катастар на недвижности и други кои имаат удел во оваа постапка и работат секојдневно на решавање на сите процедури и потешкотии кои се јавија на терен, но прогресот се одвива сега добро, работите течат и нашиот рок што сме го задале за реализација на овој автопат е непроменет, нагласи Бочварски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ослободени петмината осомничени за тероризам од американската база. Трамп: Изненаден сум

Британската полиција за борба против тероризмот потврди дека петмина мажи, уапсени под сомнение за тероризам во близина на базата на Кралските воздухопловни сили (RAF) во Ферфорд, се пуштени на слобода со кауција. 

Ослободени петмината осомничени за тероризам од американската база. Трамп: Изненаден сум

RAF Ферфорд е британска воздухопловна база во Глостершир која интензивно ја користат американските воздухопловни сили, особено за стратешки бомбардери и летови со долг дострел.

Заради инцидентот, завчера рано наутро беше прогласена вонредна состојба и беа евакуирани десетици домаќинства, откако полицијата доби пријави за три сомнителни возила во близина на базата.

Од полицијата за борба против тероризмот наведуваат дека истрагата се одвива во повеќе насоки. Се испитува можноста во инцидентот да биле вклучени посредници или поединци кои работеле – свесно или несвесно – за странска држава.

Сите петмина уапсени мажи се британски државјани од Лондон, на возраст меѓу 23 и 25 години. Тие првично беа приведени под сомнение за кршење на Законот за експлозиви, а потоа повторно уапсени под сомнение за подготовка на терористички чин.

Полицијата потврди дека мажите и понатаму се предмет на истрага. Тие се пуштени на слобода под строги ограничувања на движењето и забрана за контактирање со одредени лица. Тројца од осомничените живеат во Вестминстер, еден во Камден, а еден во Вилсден, пренесува Би-би-си.

Со децении, Американските воздухопловни сили (USAF) ја користат базата „РАФ Ферфорд“ како истурена оперативна локација. Во последните месеци, американски бомбардери полетуваа од оваа база кон Блискиот Исток, откако Обединетото Кралство го одобри барањето на САД за користење на објектот за одбранбени напади врз Иран.

Во јули, Иран изјави дека „секоја база што се користи за агресија врз иранска територија претставува легитимна цел за неговите сили“. Американскиот државен секретар Марко Рубио синоќа за „Фокс њуз“ изјави дека е јасно оти во настаните бил вклучен „странски актер“, иако не понуди ниту докази, ниту детали. „Она што се случи, она што за малку ќе се случеше или она што можеше да се случи во Обединетото Кралство за време на викендот, претставува многу сериозна ситуација. Јасно е дека е вклучен странски актер“, рече тој.

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп во Овалната соба изјави дека е „изненаден“ од ослободувањето на петтемина осомничени и дека тој не би им дозволил да излезат со кауција. „Знаеме сè за нив; немаше да ги пуштиме надвор“, рече Трамп, додавајќи дека Обединетото Кралство тесно соработувало со САД на овој случај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски: Досегашните разговори со Софија се без напредок, потребна ни е помош од ЕУ како најзасегната страна

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вели дека со досегашните разговори со официјална Софија, во кои не била вклучена трета страна, не е постигнат никаков напредок.

Муцунски: Досегашните разговори со Софија се без напредок, потребна ни е помош од ЕУ како најзасегната страна

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вели дека со досегашните разговори со официјална Софија, во кои не била вклучена трета страна, не е постигнат никаков напредок и дека очигледно во разговорите треба да помогне, како што вели, најзасегнатата страна, а тоа е Европската унија.

Муцунски ова го изјави во телевизиско гостување, прашан да го образложи предлогот што пред неколку дена го изнесе во интервју за МИА – вклученост на ЕУ во натамошните разговори со Бугарија.

„Пред неколку месеци јас имав билатерална средба со мојата колешка. Претседателката Силјановска-Давкова се сретна со претседателката Јотова. И на тие средби секоја страна си ги кажува своите позиции, а никаков напредок не постигнуваме. А целта и најголемиот успех би било да се најде начин да обезбедиме предвидлив пат на државата, што значи дека очигледно е потребна помош од најзасегнатата страна, а тоа е европската унија во една целина. Затоа сме убедени дека е потребно засилено директно вклучување“,изјави Муцунски прашан да го коментира извештајот на „Политико“, според кој Македонија е исклучена од патоказите што ги подготвува ЕУ за дел од земјите кандидати, Муцунски рече дека се очекува Европската комисија неделава да објави документ поврзан со политиката на проширување, во кој, според неговите информации, треба да биде дефиниран и патот кон нови политики на т.н. Постепена интеграција, што, како што кажа, е особено значајно за земјава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар

Од полноќ дизелот е со нова пониска цена за 4,5 денари за литар, бензините поскапеа за еден денар. 

Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар

Владата претходно на седница ја продолжи мерката за намаленото ДДВ за дизелот до 12 октомври

Литар дизел сега се продава по цена од 100 денари, бензинот еуросупер 95 за 100 а еуросупер 98 за 102 денари за литар...

Со владината одлука да продолжи мерката за намаленото ДДВ до 12 октормври според владата има цел да се обезбеди стабилност о заштита на животниот стандард на граѓаните

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер