Универзитетска клиника за психијатрија: Расте бројот на пациенти кои побарале помош поради претрпено семејно насилство
Клиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделник
1Универзитетска клиника за психијатрија: Расте бројот на пациенти кои побарале помош поради претрпено семејно насилство
2Клиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделник
Шоу бизБоб Дилан, Трудо, Нетанјаху, жителите на Хидра - цел свет жали по Леонард КоенМногубројни почитувачи на музиката и стиховите на Леонард Коен се собираат пред неговата куќа во Монтреал каде тој е роден, палат свеќи и ги пејат неговите песни.По Коен жали се жали и во Израел, каде канадско - еврејскиот песник се сметаше за домашен. Премиерот Бенјамин Нетанјаху и претседателот Рувен Ривлин се огласија меѓу првите политичари, по повод смртта на Коен. - Ти благодарам на се што ни остави - напиша Ривлин на фејсбук. Нетанјаху на својот профил напиша дека познатиот музичар бил „ голем творец, талентиран уметник, Евреин кој го сакаше народот на Израел и израелската држава“. - Никогаш нема да заборавам кога дојде во Израел во текот на Јомкипурската војна да им пее на војниците од длабоко чувство на заедништво - додаде премиерот. Коен зазема посебно место во срцата на жителите на грчкиот остров Хидра, каде поминал голем дел од својата младост. - Ова беше негово прибежиште. Сакаше да свири гитара овде - изјави за Франс прес Ставрос Доускос, сопственик на таверна во Хидра. Коен во шеесеттите години на минатиот век на Хидра си купил камена куќа и таму ја напиша една од најконтроверзните збирки поезија „Цвеќиња за Хитлер“, својот прв роман и уште неколку книги, а ја сретна и својата муза и љубов Мариен Ихлен, на која и ја посвети познатата балада „ Довидување Мариен“. Боб Дилан за Њујоркер изјави дека делото на Леонард Коен е длабоко вистинито и изненадувачки мелодично. - Кога луѓето говорат за Леонард, пропуштаат да ги споменат неговите мелодии, кои за мене, со неговите стихови, се најголема генијалност. Колку што мене ми е познато, никој до тоа не се доближил во модерната музика - вели Дилан. Канадскиот премиер Џастин Трудо на Твитер напиша: Ничија музика не звучеше како таа на Коен. Ќе и недостасуваш на Канада и на светот! Градските власти во Монтреал ги спуштија знамињата на пола копје. Леонард Коен се прости од својата публика со својот последен албум, објавен само пред неполн месец, „You Want It Darker“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПретрес во Голема Речица, лишено од слобода едно лице, пронајдено оружје и дрогаНа ден 16.10.2026 во времето од 15:00 до 16:30 часот, врз основа на судска наредба, извршен е претрес во дом и други помошни простории во село Голема Речици кај А.А.(57) поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.При претресот, во една од собите во подрумската просторија под кревет пронајден е еден пиштол марка „екол дуал“ со една празна рамка, додека во помошна просторија во склоп на куќата во навлаката од перница пронајдени се 22 мали најлонски кесички со кокаин и една поголема најлонска кеса со кокаин. За време на претресот лицето упатило закани кон полициските службеници и е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка, По документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаМасовни протести ја тресат Франција, речиси 300 приведени во неколку градовиВо Франција изби нов бран масовни протести, придружени со насилство и судири со полицијата. најмалку 270 луѓе се уапсени во судирите во кои полицијата употреби солзавец во повеќе градови. Демонстрантите протестираат поради високите цени и бараат повисоки плати и пензии, како и подобри јавни услуги. Немири ги зафатија Париз, Марсеј, Лион и Стразбур, Гренобл, Тулуз, каде многу објекти се демолирани или запалени, а во Лион во оган пламнал туристичкиот информативен центар на плоштадот Белкур. Според „Гардијан“, протестите се насочени и против слабеењето на францускиот систем на социјална заштита. Незадоволството се прошири од училиштата кон работниците, пензионерите и земјоделците, на кои им се придружија и припадници на движењето „жолти елеци“. Премиерот Лекорну изјави дека протестите се меѓу најнасилните во последните неколку децении. Hélas, j’avais vu juste : la France dérive dangereusement vers la faillite et le chaos. https://t.co/D7lQ064dTO — Julien PERIER (@JulienPERIER_83) October 17, 2026 Тагови: протести Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДИК: Гласањeто во Брвеница, денес започна во 7 часот утринава и се одвива во најдобар редОд информациите пристигнати досега до Државната изборна комисија, од вкупно 88 болни или немоќни лица, своето право на глас го оствариле 85.Од вкупно 9 лица кои се запишани во Избирачкиот список а се на издржување на казна затвор или притвор, досега гласале 7 гласачи. Гласањето на овие лица се спроведува во 3 казнено поправни установи на територија на Северна Македонија, и тоа во градовите Скопје, Штип и Тетово. Гласањeто во Брвеница, денес започна во 7 часот утринава и се одвива во најдобар ред, без евентуални проблеми или потешкотии во остварување на избирачкото право или одвивање на изборниот процес.Тагови: Брвеница ДИК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook