BMW XM се нуди во две нови верзии, едната ќе биде претставена утре (ФОТО) - Канал 5

BMW XM се нуди во две нови верзии, едната ќе биде претставена утре (ФОТО)

BMW ја поедностави гамата на XM на само два модели.

BMW XM се нуди во две нови верзии, едната ќе биде претставена утре (ФОТО)

Големиот BMW XM Label со хибриден V8 мотор со моќност од 748 КС и вртежен момент од 1.000 Nm стана најмоќниот сериски модел на BMW M досега произведен.

Луксузниот SUV забрзува од 0 до 100 km/h за само 3,8 секунди, а максималната брзина е ограничена на 250 km/h, односно 290 km/h со пакетот M Driver. Хибридниот систем комбинира V8 мотор од 585 КС со електричен мотор од 197 КС. Другата, поевтина опција е XM 50e со моќност од 476 КС, додека повеќе нема да го гледаме 4,4-литарскиот V8 мотор кој развиваше 653 КС на конфигураторот.

Нови опции за опрема

BMV XM Label сега нуди дополнителни опции за персонализација, вклучувајќи ја новата металик боја на каросеријата BMW Individual Frozen Tanzanite Blue и 22-инчни тркала како стандардна опрема наместо претходните од 21-инчен. Достапни се и нови комбинации од кожа во ентериерот.

Подобрување и на полначот

Брзината на полнење е исто така подобрена до 11 kW за полнење со наизменична струја, а електричниот досег е до 76 км.

Моделот ќе биде јавно претставен на 14 јуни 2025 година на 24-часовната трка во Ле Ман. Во Германија, цената започнува од 183.400 евра, додека BMW XM 50e со хибриден шестцилиндричен мотор чини од 133.800 евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Легендарниот Федерер пристигна на Балканот: Погледнете каде ужива во својот одмор

Еден од најдобрите светски тенисери во историјата, сланвиот швајцарски тенисер Роџер Федерер ужива во заслужената пензија.

Фото: Легендарниот Федерер пристигна на Балканот: Погледнете каде ужива во својот одмор

Годинава, швајцарската ѕвезда го избра хрватската крајбрежје за летен одмор со семејството – дестинација што му ја препорачаа неговиот поранешен тренер и близок пријател, Иван Љубичиќ.

Судејќи според фотографиите што ги сподели со своите повеќе од 15 милиони следбеници на Инстаграм, поранешниот светски рекет број еден престојува во Истра, поточно во областа на Пула и Ровињ.

Швајцарскиот ас објави фотографии од крајбрежјето во Ровињ, од прошетките и пливањето во Јадранското Море, а се пофали и со интересните сувенири и магнети што ги пронашол таму.

– Сакам времето за одмор да го поминувам со семејството – напиша Федерер покрај објавените фотографии.

Покрај крстарењето со луксузен брод, Швајцарецот покажа дека во слободното време ужива и во едноставни активности, како што е возењето велосипед.

Неговото пристигнување на хрватското крајбрежје привлече големо внимание во регионот, а на социјалните мрежи уследија бројни позитивни реакции и пораки за добредојде од локалното население и од фановите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВРЕДИ: Каква врска има Груби со најавите на Ахмети за повлекување?

Обвинението за Артан Груби ги зовре страстите во ДУИ. Стравот од неговата меморија си го прави своето.

ВРЕДИ: Каква врска има Груби со најавите на Ахмети за повлекување?

Ахмети најавува повлекување од активната политика. Демек, тој сакал да се повлече, ама сопартијците не му давале. „Приказни за мали деца“, вели народот.

Одамна тврдиме дека Артан Груби е „црната кутија“ и дека од неговото присуство или отсуство зависат многу разврски.

Не случајно Бујар Османи, кој чека во низок старт, пласира прашања и теми со кои директно или индиректно го адресира Груби.

Улогата на Ислам Абази е многу важна за идните разврски во ДУИ, каде што очајно се обидуваат да создадат впечаток во јавноста дека ја контролираат ситуацијата, иако таа одамна им е надвор од контрола.

Односно, од тоа што прозборел Артан ќе зависи кој ќе оди курбан.

За Ахмети допрва доаѓаат тешки времиња. Угоре високо, удолу длабоко!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски и Ристески го промовираа новиот АТМ-Систем и новиот радарски систем инсталирани во Контролната кула

 Промовиран новиот АТМ-Систем и новиот радарски систем инсталирани во Контролната кула

Николоски и Ристески го промовираа новиот АТМ-Систем и новиот радарски систем инсталирани во Контролната кула

Заменик-претседателот на владата и министер за транспорт, Александар Николоски на скопскиот аеродром заедно со претседател на Управниот одбор и Извршен директор за воздухопловна навигација во Националaната македонска навигација М-НАВ Владимир Ристески денеска го промовираа новиот АТМ-систем и новиот радарски систем инсталирани во Контролната кула Скопје.

Ресорниот министер рече дека оваа година има рекорден број на летови .

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер