АвтомобилизамBMW XM изненади на тестот за избегнување конуси (ВИДЕО)Еден од најтешките модели во областа на патничките автомобили изненади на тестот за избегнување конуси.Шпанскиот km// го донесе на тест BMW XM, првиот самостоен M модел, но и најтешкиот BMW во продажба од 2800 kg. Тоа е чудовиште кое привлекува внимание со огромните димензии, но и со својата моќ. Сето тоа спакувано на четири тркала мора да биде и динамично убедливо. Очекувано, XM падна на тестот за избегнување лос при 77 km/h. Тоа не го постигнаа ниту многу побрзи и поспортски модели. Но, затоа XM ја заврши работата со 74 km/h, додека тест-возачот нагласи дека и по губењето на влечната сила, XM се однесува многу предвидливо и никогаш не влегува во доменот на опасен маневар. „Сè на сè, реакциите не се разликуваа многу од оние опишани во другите обиди: малку лебдење, чисти и релативно брзи движења и високо чувство на сигурност“, изјавува водителот. „Морам да признаам дека згрешив за првиот впечаток што го добив по првиот обид, реков дека ќе ми биде потешко да поминам меѓу конусите, но вистината е дека беше прилично лесно.“ XM беше особено добар во возење слалом. Тој го помина тест местото за 22,9 секунди, што е побрзо од значително помалиот и полесен Audi RS3 Sportback. Впрочем, може да се заклучи дека во однос на динамиката на возење, BMW не разочара. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп изјави дека веќе нема напади врз енергетски цели, Русите погодија бензинска во КиевРуски дрон погоди бензинска пумпа во украинскиот главен град Киев рано утринава, изјави градоначалникот Виталиј Кличко .Руски дрон погоди бензинска пумпа во украинскиот главен град Киев рано утринава, изјави градоначалникот Виталиј Кличко – само еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Украина и Русија се договориле да не ја напаѓаат енергетската инфраструктура на другата страна. Во нападот е повредено едно лице, а погодени се и магацини во друг дел од градот, соопшти Кличко на Телеграм. Сведок на Ројтерс слушнал експлозија во Киев. Погодени бензинска пумпа и магацини, Русија неодамна почна да ги напаѓа бензинските пумпи во Киев, со што го прошири опсегот на своите цели. russian terrorists have already attacked two gas stations in Kyiv this morning. This is the fucking “nuclear power” the world is so afraid of. A country 28 times larger, reduced to terrorizing gas stations in Ukraine’s capital. This is russia’s “great power.” https://t.co/eSi7IISRBL — UAVoyager🇺🇦 (@CrimeanVoyager) September 15, 2026 Според украинските власти, Русија погодила околу 300 бензински пумпи во изминатите неколку месеци, главно во областите долж или во близина на линијата на фронтот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКратовец осомничен дека прободел со нож полициски службеникКумановското обвинителство ќе спроведе истрага против 40-ет годишен кратовец заради напад со нож на полициски службеник при интервенција.Според обвинителството, осомничениот на 11 септември нападнал службени лица при вршење работи на јавната безбедност поврзани со спречување кривично дело. Кога двајца полицајци употребиле сила за да ја отворат заклучената врата од собата во која се наоѓал осомничениот, тој ги нападнал. При нападот, на еден од полициските службеници со нож му нанел тешки телесни повреди, меѓу кои прободна рана и посекотина. Поради опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо нивоПремиерот Мицкоски со владина делегација денеска заминува во Соединетите американски држави, како што најави синоќа на националниот сервис ќе има средби на високо ниво во Сенатот, Конгресот и Стејт депратментот.Премиерот Мицкоски со владина делегација денеска заминува во Соединетите американски држави, како што најави синоќа на националниот сервис ќе има средби на високо ниво во Сенатот, Конгресот и Стејт депратментот, но и разговори со финансиски институции и компании за конкретни проекти во енергетиката, високата технологија и воената индустрија. Мицкоски со владината делегација прво оди во Вашингтон, а потоа оттаму ќе заминат во Њујорк каде ќе учествуваат на годинешното Генерално собрание на Обединетите нации. Премиерот најави дека една од средбите во главниот град на САД ќе биде со претставници на финансиската инстутиција ДФЦ, која, потсети, е веќе присутна во земјава преку инвестицијата во проектот „Крстовдол“, кој во јавноста е познат како „Амтимон“. Според него, оваа институција пројавила интерес и за други проекти во енергетиката и напредната технологија.Прашан во вечерашното интервју дали на агендата е можеби и состанок со бугарската делегација, премиерот одговори дека до овој момент таква средба немаат во план.на дополнително прашање дали има информации за носење уставни измени со одложено дејство со цел одблокирање на интегративниот процес, тој рече дека не може да сподели такви информации во јавноста.Тагови: САД Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook