АвтомобилизамBMW Серија 3 и Влатко Стефановски заеднички го одбележаа петдеценискиот јубилеј„50 години, две легенди“ е искрена и симболична приказна за едно старо пријателство што продолжува со нова енергија. Две различни, но длабоко слични патувања – едното на сцената, другото на патот – повторно се сретнуваат, заеднички славејќи половина век посветеност, автентичност и бескомпромисен квалитет. Во чест на петдеценискиот јубилеј – 50 години од појавувањето на BMW Серија 3 и 50 години од музичката кариера на Влатко Стефановски, M Кар BMW Македонија и Влатко Стефановски го одбележаа своето долгогодишно пријателство и доверба. Во 2019 година, Влатко создаде автентично звучно лого инспирирано од BMW Серија 3, а денес, неколку години подоцна, оваа уметничка поврзаност добива нова форма – BMW Серија 3 Touring станува негов секојдневен придружник на претстојните патувања низ светот. Во своето обраќање, Стефановски ја сподели својата лична приказна за поврзаноста со BMW, искуството со М Кар и важноста на квалитетниот автомобил во животот на еден музичар. „Во 2018 година, за првпат земав BMW и од тој момент почна нашата соработка со М Кар. Искрено, се заинтересирав не само за автомобилите, туку и за целата компанија и луѓето што работат таму. Оттогаш, па сѐ до денес – навистина немам никаква забелешка, ни на автомобилите, ни на односот, ни на поддршката што ја добивам. Ние музичарите имаме свои опсесии – мојата прва е музиката и гитарите, а втората – автомобилите и превозот. Многу е важно да се возиш во безбеден, сигурен и квалитетен автомобил, особено кога патуваш низ регионот или Европа. Откако почнав да возам BMW, станав свесен што значи вистинско искуство во возењето – тоа не е само начин да се стигне од точка А до точка Б, туку привилегија и уживање во секој километар.“ Генералниот директор на „BMW М Кар Македонија“, Марко Јовановски, ја нагласи симболиката на заедничката соработка со Влатко Стефановски и значењето на јубилејните приказни што се спојуваат во една целина. „Нашето старо пријателство со Влатко денес добива ново поглавје. Цениме дека 50 години од музичката кариера на гитарскиот виртуоз и 50 години од најуспешната BMW Серија 3 заслужуваат заедничка приказна. Овие јубилеи се основа за потсетување на едно емотивно патување низ пет децении – и на сцената, и зад управувачот. Патување што покажува дека квалитетот, страста и посветеноста се вредности што траат – и во автомобилската индустрија, и во музиката. Годинава одбележуваме уште еден значаен јубилеј – 10 години континуирано присуство и успех на „BMW М Кар Македонија“ како официјален застапник на BMW и MINI. Нашето лојално BMW семејство постојано расте, а еден од најдрагоцените успеси е токму оваа посебна соработка со Влатко. Од 2018 година Влатко е дел од нашата BMW фамилија, а денес со задоволство ја објавуваме новата етапа од тоа пријателство – каде тој повторно ќе ги освојува сцените со BMW Серија 3 Touring како свој верен сопатник“, изјави Јовановски. BMW Серија 3 е најдобро продаваната линија на BMW чија продажба акумулира околу 30% од годишната продажба на BMW возила на глобално ниво. Досега се продадени повеќе од 16 милиони примероци од BMW Серија 3 ширум светот, што ја прави најпродаваниот модел во историјата на BMW. Истата успешна приказна продолжува и во Македонија, каде BMW Серија 3 е убедливо лидер во својата класа за 2024 година. BMW Серија 3 – од самиот почеток до денес – е повеќе од автомобил: таа е срцето на брендот, симбол на континуитет, страст и препознатлива динамика. „Уште од 1975 година, кога моделот E21 првпат се појави на патиштата, BMW Серија 3 стана синоним за задоволство во возењето и еден од темелите на успехот на брендот BMW. Во текот на пет децении, оваа иконична спортска лимузина постојано го преосмислуваше концептот на динамично возење, поставувајќи нови стандарди за перформанси и носејќи насмевки на лицата на милиони возачи ширум светот. BMW Серија 3 не е само автомобил, таа е ДНК-то на брендот - дел од историјата, од суштината, од културата на возење и од иднината на премиум сегментот сегментот во средна класа. Преку седум генерации, таа стана симбол на перформанси, иновација и стил кој не излегува од мода. За таа цел подготвивме и специјална ретроспективна мини-изложба со седум легендарни изведби од Серија 3 – по една од секоја генерација, за да се потсетиме од каде почнавме и каде сме денес“, истакна Билјана Колемишевска, одговорна за маркетинг комуникации и односи со јавност во М Кар BMW Македонија. Во рамки на јубилејната година, компанијата М Кар BMW Македонија спроведува специјална кампања – подарок опрема во вредност од 10.000 евра за купувачите на BMW Серија 3, како дел од прославата на 50 години BMW Серија 3 и 10 години посветеност на македонскиот пазар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаКолекционерско издание на „GTA 6“: За 400 долари добивате сè освен самата играАко се суди според огромната возбуда околу „Grand Theft Auto VI“, брзо се приближуваме кон еден од најголемите настани во светот на видеоигрите во последните неколку години.Новата „GTA“ ветува враќање на сè што ги направи автомобилите клучен дел од серијалот – од брзи потери и трки до уште подетални опции за прилагодување на возилата. Сето ова доаѓа со препознатливата мешавина од криминал, хаос и судири со законот, по кои станаа познати „Rockstar Games“. Сепак, иако очекувањата се огромни, најновата одлука на „Rockstar“ може да разочара дел од фановите. Компанијата претстави колекционерско издание насловено „The Goodtime State - Vice City Collection“, со висока цена од 399,99 долари. Проблемот е што во пакетот недостасува најважниот елемент: самата игра. Што добивате? „Rockstar“ ја претставува колекцијата како луксузен пакет со предмети за колекционери, инспириран од светот на „Vice City“. Таа содржи разновидни предмети, вклучувајќи очила за сонце „Oakley“, налепници, значки и мапа на Леонида – измислениот регион во кој се одвива дејството на „GTA VI“. Купувачите добиваат и бејзбол капа, фигура на маскотата на „Vice City“, чашка за жесток пијалак, торба за носење преку тело, приврзок за клучеви, стапче за мешање коктели и магнетно огледало. Иако колекцијата е очигледно наменета за сериозни колекционери, во кутијата нема да го најдете најважниот предмет: „GTA VI“. За самата игра, ќе треба да издвоите дополнителни 79,99 долари за стандардното издание или 99 долари за „Ultimate“ верзијата. Тоа значи дека купувачот што го сака целиот пакет ќе мора да плати речиси 480 или 500 долари, во зависност од изданието на играта. „GTA VI“ без физички диск Колекционерскиот сет пристигнува во време кога „Rockstar“ веќе предизвика реакции со одлуката „GTA VI“ да биде првиот голем AAA наслов на компанијата без традиционално издание на физички диск. Играта ќе биде достапна дигитално преку продавниците на „PlayStation“ и „Xbox“, додека физичките примероци во продавниците ќе содржат само код за преземање. Оваа одлука предизвика негативни реакции во дел од гејмерската заедница. Извршниот директор на „Take-Two Interactive“, Штраус Зелник, го бранеше овој пристап, тврдејќи дека физичките дискови веќе немаат голема смисла за потрошувачите. Ситуацијата е особено интересна за колекционерите. Тие сега можат да потрошат речиси 400 долари за кутија полна со предмети поврзани со играта, а сепак да не ја добијат самата игра во таа кутија. „Rockstar“ има направено нешто слично и претходно Сепак, ова не е првпат „Rockstar“ да продава колекционерска кутија без самата игра. Компанијата направи сличен потег во 2018 година со „Red Dead Redemption 2“, изданието „Collector's Box“ објавено тогаш, исто така, не содржеше примерок од играта. Разликата, сепак, беше во цената. Таа колекционерска кутија чинеше 99 долари – помалку од една четвртина од цената на новата „Vice City Collection“. Денес, оригиналните колекционерски кутии за „Red Dead Redemption 2“ можат да се најдат на „eBay“ по цени што надминуваат 700 долари, што покажува дека вредноста на ваквите производи може да порасне кај колекционерите со текот на времето. Сепак, останува фактот дека фановите на „GTA VI“, кои ги сакаат и колекционерските предмети и самата игра, ќе мора да ги купат одделно. Со цена од речиси 400 долари само за колекционерските предмети, „Rockstar“ очигледно цели кон најпосветените фанови на серијалот и кон колекционерите кои се подготвени да платат висока цена за предмети поврзани со еден од најочекуваните наслови во историјата на видеоигрите. Извор: Б92Тагови: GTA 6 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Живот„Многу те сакам“: Лука Модриќ им ги разнежни срцата на фановите со нова објаваЛука Модриќ преку социјалните мрежи ѝ го честиташе деветтиот роденден на својата најмлада ќерка, Софија.По тој повод, хрватскиот фудбалер сподели неколку фотографии на кои се заедно, придружени со кратка и емотивна порака. На една од фотографиите, таткото и ќерката се насмеани додека позираат заедно, додека другите прикажуваат опуштени моменти од семејниот живот. На пример, на една фотографија се гледа како Софија седи на рамениците на татко ѝ, а на друга Модриќ ѝ помага да си ја исуши косата. „Среќен роденден на мојата прекрасна и многу посебна мала принцеза! Многу те сакам!“, напиша Модриќ. Најмладото од трите деца Софија е најмладото дете на Лука и неговата сопруга, Вања Модриќ. Покрај неа, тие имаат син, Иван, и ќерка, Ема. Лука и Вања стапија во брак во 2010 година, а една година подоцна ја прославија и црковната венчавка во Загреб. Модриќ честопати преку социјалните мрежи ги одбележува важните моменти од животот на своите деца, особено нивните родендени. Неговото семејство често го придружува на фудбалски настани. Сопругата и децата честопати го бодреле од трибините за време на клучни натпревари и му се придружувале во прославите по големите победи. Извор: Индекс.хрТагови: Лука Модриќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредувањеРускиот претседател Владимир Путин вчера присуствуваше на воена вежба на планините Урал, во која учествуваа војници од Кина и од неколку други земји.Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот за колективна безбедност – безбедносен сојуз предводен од Москва, составен од неколку поранешни советски републики. Путин изјави дека 47.000 војници учествуваат во вежбата „Центар-2026“, вежбајќи одбивање напади на 11 полигони и во Каспиското Море. Вежбата започна во понеделникот, а завршува денес. Путин предупреди дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград. „Околу 6.000 војници од Русија и од други земји учествуваа во завршната фаза на полигонот Чебаркул“, рече Путин. Тој додаде дека делегации од 55 земји учествувале како набљудувачи. Според извештаите на руските медиуми, во вежбата учествуваат воени единици од Белорусија, Киргистан и Таџикистан, заедно со војници од Кина, Монголија и Пакистан. За време на посетата, Путин изврши увид во различни видови вооружување, вклучително и новите беспилотни летала „Геран“ на млазен погон, кои руската војска ги користи во нападите врз Украина. Посетата на Путин уследи еден ден откако Русија го предупреди НАТО дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград, доколку некоја членка на воениот сојуз се обиде да ја отсече таа руска ексклава на западот на земјата од остатокот на Русија. Извор: Б92Тагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook