ВМРО-ДПМНЕ: Од опозиција Филипче вели Македонија не е на продажба а сите паметиме како со Заев го продадоа името
1ВМРО-ДПМНЕ: Од опозиција Филипче вели Македонија не е на продажба а сите паметиме како со Заев го продадоа името
3 Митесерите не мора да бидат редовен проблем – Како да се ослободите и да го спречите повторното враќање
АвтомобилизамBMW M4 во изведба на познат тјунер се претвори во карбонски ѕвер со 635 КС (ФОТО)За сите љубители на BMW кои бараат повеќе од стандардната понуда на баварската марка.И тоа е многу, бидејќи М одделот на BMW има навистина богата понуда. Ова, се разбира, не значи дека тјунерите немаат работа. Најдобар пример е Менхарт, кој вели дека неговата последна преработка е пристојна. Тешко е да се замисли бидејќи основата е M4 Competition, автомобил кој со своите можности ги задоволува и најжестоките зависници од адреналин. Автомобилот сега е означен како MH4 600, а тие наводно дискретни ажурирања вклучуваат голем број карбонски детали. Од карбон не беа поштедени ниту „бубрезите“, а како одличен додаток на естетско подобрување доаѓаат бандажите Styling 1000 M во мат бронзена завршница со пречник од 20 инчи напред и поголем број назад. Сепак, најважната вест е под хаубата. Шестцилиндричниот 3.0 битурбо мотор стандардно произведува 510 КС и 650 Nm, а по работата на Менхарт зборуваме за дури 640 КС и 780 Nm, значително повеќе отколку што сугерира името на модификацијата. На списокот на модификации е тркачки издувен колектор, достапен и без катализатор. Отстранет е и филтерот за честички, па протокот на димните гасови до четирикратните краеви со пречник од 100 mm целосно се ослободени. Изведбата е главно непозната, но во официјалното соопштение тјунерот нагласува дека 200 km/h достигнува за 10,5 секунди, а од 100 до 200 km/h за 6,42 секунди. Импресивно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Од опозиција Филипче вели Македонија не е на продажба а сите паметиме како со Заев го продадоа иметоОд опозиција Филипче вели Македонија не е на продажба, а сите паметиме како на власт со Заев го продадоа името и распродаваа идентитетот.Венко Филипче, сега опозиција зборува за непродажба на Македонија, а граѓаните паметат како со Зоран Заев на власт го продадоа името и го распродаваа идентитетот и националните интереси. Додека Филипче зборува дека државата не е на продажба, откако со Заев потпишаа бланко бел лист хартија со бугарски барања, токму тој се нуди и го продава идентитетот и јазикот на Бугарија, само за да дојде на власт. Малку му се фирмите во Бугарија, па сега Филипче сака само да дојде на власт за да може да краде, да мести тендери, да зема проценти и провизии, односно да продолжи од таму каде што застана во владата на неговиот ментор Заев. Освен својот личен интерес и џеб, Венко Филипче друго не го интересира, ниту СДС, партијата што ја води, ниту државата, ниту граѓаните го интересираат. Затоа СДС ја сведе на маргинална опозиција и на праг од биолошкиот минимум и е против се што во државата значи инвестиции, развој и подобар живот на граѓаните. Филипче сака само тој да има хациенди на Водно, стан во Дубаи, да добива Ауди Q8 од фирмите на кои им мести тендери, сака провизија од 20% од набавката и поставувањето на модуларни болници, сакаше да ќари на Ковид вакцини кои потоа на граѓаните ќе им ги продаваше по три пати повисока цена. Ова е вистинскиот Венко Филипче кој се што може се продаде и распродаде, како што со Заев ги распродаваа националните интереси, само за да дојде на власт. Да го спречи секој развој на државата и секоја инвестиција која ќе значи подобар животен стандард за граѓаните, за државата да стагнира само за тој да има тема за медиумско појавување. Одамна е прочитан Филипче дека освен неговиот интерес, ништо друго не го интересира, затоа и граѓаните и партиските членови и симпатизери не му веруваат, на избори за него не гласаат. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Минималната кошничка речиси 90.000 денари - власта има за авион и DJ, но нема за работникот! Сојузот на синдикати ја направи септемвриската пресметка: синдикална минимална кошничка е скоро 90.000 денари. За еден месец порасна околу 800 денари. Храната и пијалоците се околу 25.000. Со кирија за стан од 60 квадрати - близу 90.000. Студент што изнајмува стан во град, со сметки и превоз, често не го затвора месецот ни со 95.000. Просечната плата не ја покрива кошницата. Минималната е далеку под животниот стандард. Пензионерот живее уште потешко. Линеарните илјада денари не се никаква политика. Тие се понижување. Земјоделецот плаќа поскапо гориво, машини и ѓубриво, додека продава поевтино. Субвенциите пресечени и намалени за 40 милиони евра. Зелената нафта доцни. Откупот е понижувачки. Помошта од Унијата стои затоа што Мицкоски ги затна реформите и го забави патот кон ЕУ. Доаѓа зима. Сметките за струја и греење уште не стигнале. Ќе стигнат. Ова не е судбина. Ова е резултат. СДСМ бараше мерки на почеток на кризата: акциза на гориво да се укине, ДДВ на енергенси да се намали на 5 проценти, а минималната плата да изнесува 600 евра. Во време на најголемата криза со короната, почетокот на војната во Украина и големата енергетска криза, СДСМ даде над 2 милијарди помош за населението. Оваа екипа, со Мицкоски на чело, не даде ништо. Не прифатија ништо. Горивото го пуштија да порасне до плафон. Со него порасна и лебот, превозот, нивата, киријата. Сега продаваат статистика. Статистиката не полни фрижидер. Има за авион. Има за мебел. Има за луксуз. Нема за работникот. Човек што носи еден часовник од колекцијата од 60.000 евра и одело од пет или десет илјади, остава народот да гладува. 5,53 милиони за Дејвид Гета. 1,6 милиони да ја делат опозицијата. Провизија има. Плата нема. Собранието да го усвои предлогот на СДСМ за минимална плата од 600 евра. Не како подарок. Како праг под кој државата не смее да дозволи граѓанинот да заработува. Без тоа оваа есен нема „стабилност“. Туку пресметка на организираната криминална група врз кошницата. Арамијата живее над неа. Народот во неа. Скопје, 21.09.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаАФД извојува уште една голема изборна победа во Германија, ЦДУ на Мерц мина катастрофалноЛевицата го освои Берлин, додека Алтернатива за Германија победи во Мекленбург-Западна Померанија, а ЦДУ претрпе големи загуби на двата избори.Последните покраински избори во Германија за оваа година донесоа остри политички пресврти. Левицата го освои Берлин, додека Алтернатива за Германија победи во Мекленбург-Западна Померанија, а ЦДУ претрпе големи загуби на двата избори. Резултатот значи дека претходната коалиција на ЦДУ-СПД во главниот град повеќе нема мнозинство. ЦДУ го бележи својот најлош резултат во историјата на покраината со само 4,9%, Алтернатива за Германија е новата народна партија во државата, изјави копретседателката на оваа крајнодесничарска партија, Алис Вајдел, по покраинските избори во Берлин и Мекленбург-западна Померанија. Канцеларот Фридрих Мерц го нарече „слаб“ и побара негова оставка.според анкетата објавена од германскиот јавен сервис АРД, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, АФД повторно се позиционира како најубедлива политичка опција со 37 отсто поддршка, додека ЦДУ останува на 5,5 отсто и паѓа на петтата политичка позиција. Во Берлин, изборната сцена е сосема поинаква. Во главниот град и еден од најнаселените градови-држави во земјата, левичарската партија го зазема првото место со 25,3 отсто, по што следуваат ЦДУ со 19,1 отсто, АФД со 16,2 отсто, канцеларот Фридрих Мерц рече дека нема начин да се ублажи “ резултатот на ЦДУ во Мекленбург-Западна Померанија. „Тоа е катастрофа“, рече лидерот на ЦДУ во изјава во седиштето на партијата во Берлин. Тој рече дека неговата партија е „исцедена“ бидејќи натпреварот се стесни на битка меѓу Социјалдемократската партија и Алтернатива за Германија. Тој заврши со предупредување за „авторитарниот отров“ за кој рече дека сè повеќе наоѓа пат во општеството преку „фасцинацијата со авторитаризмот“.Тагови: Германија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16