Блупринт Групацијата: Новиот Предлог Закон за јавно обвинителство дојде преку ноќ

Дел од граѓанските здруженија апелираат да не се брза со носењето на Законот за јавно обвинителство.

Новиот предлог закон за јавно обвинителство дојде преку ноќ и без јавна расправа, велат од Блупринт групацијата на граѓански здруженија од областа на правосудството. Тие соопштија дека воопшто не биле исконсултирани при пишувањето на новото законско решение. Со предлогот СЈО повеќе да не функционира како самостоен орган се губи суштината за тоа што е основано, велат од групацијата . Велат дека најважно е што нема законски пречки за продолжување на постапките од СЈО.

“ Законскиот текст јас не знам дека функционира со одреден датум. Тоа е едно од клучните разлики со претходното законско решение е токму тоа дека не калкулира со временски период пред и по , односно предвидено е сите предмети, во која и да се фаза, истрага, судска постапка , да бидат и понатаму преземени од претпоставка решението за функционалноста на СЈО во рамките на сега постоечкото. “ вели

Дали обвинителката Вилма Рускоска или некој друг ќе ја преземе челната позиција на предложеното Обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција треба да одлучи единствено Советот на јавните обвинители, велат од Групацијата. Ова мислење го дели и поранешната антикорупционерка Слаѓана Тасева, која за Канал 5 вели дека премиерот Зоран Заев нема ингеренции да предлага шеф на ова обвинителство.

“ Премиерот не е надлежен да предложи кој ќе биде на чело на тоа обвинителство, мислам дека тоа беше премногу избрзано и треа да се остави да се спроведе постапка онака како што е предвидено со закон. И други прашања постојат таму кои не се до крај разјаснети за тоа обвинителство. Изборот на Јавниот обвинител не е работа на Владата туку на Советот на јавни обвинители. Тоа решение може да се смета дури и како политичко барање, и треба да се воздржат од таков вид на интервенции во Јавното обвинителство. “ – вели Слаѓана Тасева , Транспаренси интернешнал Македонија.

Инаку, формално правно Јанева се уште нема поднесено оставка до Советот на јавните обвинители. Таа единствено јавно најави дека дава оставка, но и дека ќе ја извршува функцијата во обвинителството се додека не заврши нејзиниот мандат во септември.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер