Детски насмевки, долготрајни аплаузи и весела публика на изведбата на „Пинокио“ на Битолски театар во Прилеп
2Детски насмевки, долготрајни аплаузи и весела публика на изведбата на „Пинокио“ на Битолски театар во Прилеп
3ВМРО-ДПМНЕ: Од опозиција Филипче вели Македонија не е на продажба а сите паметиме како со Заев го продадоа името
„Вашингтон пост“: Трамп сака да го забрза развојот на вештачката интелигенција,неговото семејство сè повеќе заработува од тоа.
Почина синот на Синди Крафорд: Трагедија во семејството на познатата манекенка, Пресли имаше само 27 години
1„Вашингтон пост“: Трамп сака да го забрза развојот на вештачката интелигенција,неговото семејство сè повеќе заработува од тоа.
2Почина синот на Синди Крафорд: Трагедија во семејството на познатата манекенка, Пресли имаше само 27 години
СветБлумберг: САД подготвуваат нова рунда санкции врз енергетскиот сектор на Русија САД разгледуваат нова рунда санкции врз енергетскиот сектор на Русија за дополнително да го зголемат притисокот врз Москва доколку рускиот претседател Владимир Путин одбие да прифати потенцијален мировен договор со Украина. Соединетите Американски Држави разгледуваат нова рунда санкции врз енергетскиот сектор на Русија за дополнително да го зголемат притисокот врз Москва доколку рускиот претседател Владимир Путин одбие да прифати потенцијален мировен договор со Украина, објави Блумберг, повикувајќи се на извори. Меѓу мерките што се разгледуваат се и таргетирање на руските танкери што транспортираат нафта, како и трговците што олеснуваат трансакции, изјавија изворите под услов да останат анонимни. Се вели дека новите санкции би можеле да бидат објавени уште оваа недела. Американскиот министер за финансии Скот Бесант ги разгледа плановите со група европски амбасадори, нагласувајќи дека САД продолжуваат да даваат приоритет на завршувањето на војната во Украина под водство на американскиот претседател Доналд Трамп. Конечната одлука за мерките е оставена на претседателот. Преговорите за потенцијален мировен договор напредуваат, со одреден договор за безбедносни гаранции за Украина. Сепак, статусот на териториите во источна Украина, користењето на замрзнатите руски средства и управувањето со нуклеарната централа Запорожје остануваат спорни прашања. Американските предлози вклучуваат создавање демилитаризирана или слободна економска зона во делови од источна Украина кои не се под контрола на Москва, додека Киев и неговите сојузници го отфрлаат отстапувањето на територија на Русија. Американските претставници, исто така, ги гледаат замрзнатите руски средства како дел од евентуален договор, додека Москва реагираше остро на можноста, обидувајќи се да ја заштити својата економија. Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, рече дека територијалните барања на Москва се непроменети и дека трупите на НАТО не треба да бидат распоредени во Украина, но додаде дека војната „се ближи кон својот крај“ и изрази надеж за договор. Цените на нафтата паднаа за околу 20 посто оваа година, достигнувајќи го најниското ниво од февруари 2021 година, додека претходните санкции веќе ги таргетираа водечките руски производители и бројните танкери што транспортираат нафта. Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека безбедносните гаранции ќе бидат правно обврзувачки преку гласање во Конгресот, а се очекува понатамошна координација со Русија во наредните денови. Тагови: русија украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалВидео: Неверојатниот Меси повторно ја воодушеви Америка со нова мајсторија и постави нов рекордИако натпреварот во МЛС-лигата меѓу Интер Мајами и Сан Дијего заврши нерешено (2–2), сите погледи повторно беа вперени кон еден од најдобрите светски фудбалери во историјата, волшевникот Лионел Меси. Брилијантниот Аргентинец уште еднаш докажа зошто важи за еден од најдобрите специјалисти за прекини во историјата на фудбалот. Во 23-тата минута, Меси мајсторски погоди од слободен удар и го израмни резултатот за својот тим, постигнувајќи го својот 75-ти гол во кариерата на овој начин. Со овој погодок, Меси самостојно го зазеде второто место на вечната листа, надминувајќи го легендарниот Бразилец Жаир Роса Пинто. Сега, единствениот играч пред аргентинскиот волшебник е поранешниот бразилски репрезентативец Марселињо Кариока, кој во текот на својата кариера постигнал 78 гола од слободни удари. Што се однесува до самиот натпревар, гостите од Сан Диего поведоа преку Андерс Драјер во 12-тата минута, пред Меси да го израмни резултатот со потег на вистинска мајсторија. Луис Суарез го комплетираше пресвртот за домаќините со гол во 75-тата минута, но одличниот Драјер се погрижи Интер да не стигне до победата; тој го постигна израмнувачкиот погодок во 82-рата минута, спречувајќи ги домашните навивачи целосно да го прослават најновиот историски успех на својот капитен. Free kick goal and it had to be HIM 🤩🤷♂️ https://t.co/4wUhKXNjzL — Inter Miami CF (@InterMiamiCF) September 20, 2026 Тагови: Лионел Меси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМаксим Димитриевски до СДСМ: ВНИМАВАЈТЕ ДА НЕ ВИ СЕ ЈАВИ И ЗНАМ 3.0 !Довербата кај граѓаните се гради со работа и резултати, а се потврдува со отчетност и преземање одговорност.Токму на тие принципи, Движењето ЗНАМ го темели своето дејствување, порача претседателот Максим Димитриевски на настанот посветен на отчетот на избраните и именуваните функционери од редовите на ЗНАМ во Скопје. Димитриевски истакна дека ЗНАМ не е реприза на политичките модели што граѓаните веќе ги имаат видено и дека секој еден функционер мора да биде свесен дека функцијата е доверена од граѓаните и подлежи на нивна оценка. „Секој еден функционер од ЗНАМ, почнувајќи од сите вас овде во салата, завршувајќи до мене – секој еден е менлив. Граѓаните даваат и граѓаните земаат власт. Но, притоа ЗНАМ не смее да биде една реприза од она што е веќе видено во Македонија.“ - истакна тој. Осврнувајќи се на обвинувањата од страна на СДСМ, Димитриевски упатувајќи им директна порака, порача дека Движењето ЗНАМ нема да дозволи обидите за политички пресметки да го променат начинот на кој движењето ја гради довербата со граѓаните. „Се јавил ЗНАМ 1, па сега и ЗНАМ 2.0, па обвинуваат за наводни афери. Во ЗНАМ афери нема. Нас не краси чесност, отчетност, одговорност и транспарентност. И ние сме различни од сите нив останати. Но, притоа ќе им кажам да внимаваат да не им се јави и ЗНАМ 3.0. Но, на крајот на денот, еден е ЗНАМ – Движење ЗНАМ за НАША МАКЕДОНИЈА и еден ден ќе биде ЗНАМ политичка партија која ќе преземе одговорност да ја води државата.“ - порача Димитриевски. Отчетот на избраните и именуваните функционери од редовите на ЗНАМ продолжува во повеќе градови низ Македонија до крајот на годината, како дел од континуираниот процес на претставување на сработеното и резултатите од работењето на функционерите на Движењето во изминатите две години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураДетски насмевки, долготрајни аплаузи и весела публика на изведбата на „Пинокио“ на Битолски театар во ПрилепЕдна сцена, илјадници детски насмевки и едно прекрасно фестивалско утро. Вака беше на првиот ден од театарскиот фестивал за деца „Силјан Штркот“ во Прилеп, кој го отвори екипата на Битолскиот театар со претставата „Пинокио“. „За нас беше огромно задоволство и особена чест што со „Пинокио“, во изведба на НУ Народен театар Битола, го отворивме театарскиот фестивал. Додека нашите актери се подготвуваа зад сцената, пред влезот веќе нè чекаше најубавата публика – дечињата, со љубопитност, возбуда и насмевки на лицата. А кога завесата се крена, започна едно поинакво патување – во светот на Пинокио, фантазијата, музиката и детската магија. Најголемата награда за секој што создава театар за деца е токму среќата во нивните очи. Благодариме за прекрасниот пречек и за можноста токму ние да го отвориме ова фестивалско патување“, истакнуваат од НТБ. Оваа е претстава во која Пинокио не потсетува дека секоја голема приказна започнува со детската фантазија. Се работи за приказна што и по повеќе од еден век ни укажува дека патот до тоа да станеш „вистински“ минува низ искушенија, грешки и храброст. Детската претстава не е само забава. Таа е првото место каде што детето учи да препознава чувства, да поставува прашања, да разликува добро од лошо, да верува, да сонува и да ја користи својата фантазија. „Пинокио“ од Карло Колоди, во режија на Деан Дамјановски, е приказна за растењето, изборите, искреноста, љубовта и патот кон тоа да станеме подобри. Главниот лик го игра Никола Стефанов, а во останатите улоги се: Валентина Грамосли, Марјан Георгиевски, Јулијана Мирчевска, Маја Андоновска Илијевски, Катерина Аневска Дранговска, Александар Димитровски, како и децата од Театарска школа „Бабец“: Ана Анѓелевска, Стефан Доневски, Матеа Василевска, Лина Трампевска, Николина Јанкоска, Ана Марија Каранфиловска, Војдан Мавровски, Николај Илијевски, Марија Јовев, Андријана Мемет, Каја Крстевска. Композитор е Марјан Неќак, сценографијата е на Сергеј Светозарев, костимографијата на Андреј Ѓоргиевски, изработка на маски Сара Милевска, ментор на театарската школа Бабец Јулијана Мирчевска. ТФД „Силјан Штркот“ започна со детска радост, а „Пинокио“ со задоволство ја раскажа својата приказна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook