ВМРО-ДПМНЕ: Филипче веќе ја нуди Македонија на распродажба и подготвува нови национални отстапки само за да дојде до власт
1ВМРО-ДПМНЕ: Филипче веќе ја нуди Македонија на распродажба и подготвува нови национални отстапки само за да дојде до власт
СветБлумберг: Иран нема да биде нападнат од САД по ветувањето дека нема да се егзекутираат демонстранти Се чини дека Иран засега ги избегна американските воени напади откога висок ирански функционер вети дека нема да има егзекуции на демонстранти по што претседателот Доналд Трамп ги ублажи заканите.Трамп синоќа изјави дека бил информиран оти убиствата во Иран престануваат додавајќи дека би бил многу вознемирен ако продолжи задушувањето на протестите. Ова претставува значителна промена во тонот во споредба со почетокот на неделата кога ги повика Иранците да продолжат со протестите и вети дека помошта е на пат, пренесува „Блумберг“. Олеснувањето на тензиите се одрази и на пазарот на нафта, каде што цената падна првпат по шест дена поради намалената загриженост за можни прекини во снабдувањето. Цената на суровата нафта „брент“ денеска падна за 3,4 проценти - најголем пад од ноември минатата година - откако порасна за речиси 11 проценти во текот на изминатата недела. Податоците за следење на летовите од „Флај радар 24“ FlightRadar24 покажаа продолжување на воздушниот сообраќај над иранскиот воздушен простор по привремената суспензија. Организацијата за цивилно воздухопловство на Иран потврди дека појдовните и дојдовните летови функционираат нормално, објави полуофицијалната новинска агенција „Тасним“. Протестите во Иран против режимот на врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи наводно од минатата недела се смириле кога стотици илјади луѓе излегоа на улиците. Властите тврдат дека повторно воспоставиле контрола и ги обвинуваат САД и Израел за поттикнување немири и вооружување терористи. Во државните телевизиски извештаи доминираат провладините собири, а националната интернет-блокада продолжува да го отежнува независното известување за настаните на терен. И покрај ова, организациите за човекови права продолжуваат да известуваат за растечки број жртви во демонстрациите што почнаа кон крајот на декември минатата година. Групата за човекови права на Иран, со седиште во Осло, објави податоци за најмалку 3.428 убиени демонстранти, што ја прави оваа репресија врз дисидентите најсмртоносна во последните децении. Исто така, се наведува дека повеќе од 18.000 луѓе биле приведени. Во интервју за американската телевизија „Фокс њуз“ емитувано вчера, шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, ја отфрли можноста за егзекуција на демонстрантите, што се чини дека е директен одговор на предупредувањето на Трамп за можна многу силна акција. „Бесењето не доаѓа предвид“, рече Арагчи. „Не сум слушнал за тоа и нема бесење денес, утре или некогаш. Можам да ви кажам, сигурен сум во тоа. Воопшто нема план за бесење“. Арагчи повтори дека „дипломатијата е многу подобра од војната“ и се спротивстави на понатамошни американски напади. „Не повторувајте ја истата грешка што ја направивте во јуни минатата година. Ако пробате неуспешен експеримент, ќе го добиете истиот резултат“, рече тој алудирајќи на настаните од јуни 2025 година кога Израел ги прекина преговорите за нуклеарните активности на Техеран со воздушни напади. Како одговор, Иран нападна американска воздухопловна база во Катар и им го одби пристапот на меѓународните нуклеарни инспектори. Вчера, да потсетиме, иранското судство ја отповика смртната казна на 26-годишниот Ерфан Солтани за кого активистите предупредија дека е во опасност од брза егзекуција.Тагови: Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12
Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33
Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00
Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05
Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41
Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче веќе ја нуди Македонија на распродажба и подготвува нови национални отстапки само за да дојде до властДодека официјална Бугарија секојдневно испраќа пораки со кои директно се оспоруваат македонскиот идентитет, јазик и историска посебност, Венко Филипче молчи и ја убедува македонската јавност дека нема причина за загриженост.Наместо да бара цврсти гаранции и да ги брани националните позиции, Филипче однапред дава сигнали дека е подготвен за прифаќање на барањата кои македонскиот народ со години ги смета за неправедни, навредливи и понижувачки. СДС не се однесува државнички. СДС и Филипче капитулираат пред бугарските барања. Тоа е истата стара матрици на однесување на СДС. Зоран Заев прво тврдеше дека нема опасност за националните интереси, а потоа следуваа низа отстапки кои оставија длабоки последици и разочарување кај народот. Денес Венко Филипче чекори по истиот пат и прво ги релативизира бугарските позиции, а потоа ќе се обидува да ги оправдува нивните барања пред јавноста. Филипче не нуди визија, ниту стратегија за заштита на државните интереси. Тој нуди политика на попуштање, сервилност и прифаќање на туѓи диктати, само за да обезбеди политичка поддршка и да стигне до власт. ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто на ставот дека македонскиот идентитет, јазик, историја и култура не се предмет на уцени, преговори и политичка трговија. Ниту една власт нема мандат да преговара за она што е темел на македонската државност и национален опстанок. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСенатот му зададе удар на Трамп: Усвоена резолуција за прекин на воената акција против ИранАмериканскиот сенат усвои резолуција со која од Трамп се бара да ја прекине американската воена акција против Иран, што претставува сериозен политички притисок врз администрацијата во екот на конфликтот на Блискиот Исток.Со тоа, за првпат по донесувањето на законот за воени овластувања во 1973 година, двата дома на американскиот конгрес усвојуваат мерка со која се бара повлекување на американските вооружени сили од тековна воена операција. Гласањето ја одразува растечката загриженост кај дел од конгресмените, вклучително и некои републиканци, поради конфликтот што започна на 28 февруари, кога САД и Израел започнаа воени напади врз Иран. Иако резолуцијата најверојатно нема директно да ја запре воената кампања, таа се смета за значаен политички удар за Трамп, кој долго време уживаше речиси целосна поддршка од сопствената партија во конгресот. Трамп остро реагираше на одлуката на сенатот, оценувајќи ја како „бесмислена и лошо темпирана“, а пратениците кои гласаа за резолуцијата ги обвини дека со своите постапки му одат во прилог на Иран.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИнтерпелација за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски Денеска на собраниска седница е интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поднесена од пратениците од опозицијата.Го обвинуваат министерот Тошковски за креирање на „приватна партиска полиција заради владино прикривање и таргетиран политички реваншизам кон опозицијата“; командна одговорност за полициските пропусти кои доведоа до трагедијата во Кочани; непостапување на македонската полиција во случаи на семејно, врсничко и родово базирано насилство и говор на омраза. Меѓу другото, забележуваат и за, како што наведуваат, непрофесионални „двојни стандарди“ при постапувањето на полицијата со различно однесување за исти или слични случаи проследено со злоупотреба на овластувањата при употреба на сила. Ова е трета интерпелација за министерот Тошковски.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook