Блокиран влезот на зградата на судот и Обвинителството во Нови Сад - Канал 5

Блокиран влезот на зградата на судот и Обвинителството во Нови Сад

Од рано утрото пред судот и Обвинителство во Нови Сад се собираат на протести граѓани и активисти и ја блокираат зградата, во обид да издејствуваат ослободување на шест активисти, приведени пред 60-на денови. 

Блокиран влезот на зградата на судот и Обвинителството во Нови Сад

Меѓу приведените е и професорката Марија Васиќ, која е префрлена пред четири денови во затворската болница во Белград откако штрајкуваше со глад.

Во 5:45 часот наутро, сите четири влезови на судската зграда и канцеларијата на обвинителот се блокирани.

Интервентната полиција исто така од утрото е пред зградата.

На официјалниот влез пред судот се и членови на опозициски партии.

Претходниот ден, до полноќ, беше обележан со немири на граѓани и на активисти на СНС пред просториите на таа партија во Нови Сад.

Совети на граѓани, здруженија на граѓани, студенти, неформални групи и истакнати поединци, опозициски партии и невладини организации и за денеска најавија дека е бидат пред Централниот затвор/Затворска болница во Белград, за да и се помогне и поддржи на притворената професорка Марија Васиќ.

Неколку протести со истите барања веќе беа организирани минатата недела пред судот во Нови Сад.

Шест активисти и студенти на опозициското Движење на слободни граѓани (ПСГ) и организацијата Студенти против авторитарната власт (СТАВ) се во притвор веќе 60 дена откако беа обвинети за обид за соборување на уставниот поредок, а во вторникот судот им го продолжи притворот за уште 30 дена.

Уште шест активисти на СТАВ се обвинети за истото кривично дело, но тие се во странство и недостапни за полицијата.

Сите се обвинети врз основа на аудио-снимка од нелегално прислушуван разговор, емитуван на српски телевизии на 14 март.

Адвокатите на одбраната на обвинетите постојано тврдат дека Безбедносно-информативната агенција (БИА) нелегално го прислушкувала разговорот и додаваат дека аудио-снимката не може да биде правно валиден доказ во процесот.

Вкупниот промет во индустријата зголемен за 6 проценти во април на годишно ниво

Во април годинава во однос на март годинава, вкупниот промет во индустријата, бележи пад од 7,9 проценти, додека во периодот јануари – април годинава во однос на истиот период лани има зголемување од 3,6 проценти.

Вкупниот промет во индустријата зголемен за 6 проценти во април на годишно ниво

Прометот во индустријата, вкупно, во април годинава во однос на април лани е зголемен за 6 проценти. Податоците што ги објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС) покажуваат дека има раст од 8,2 проценти кај Производство на прехранбени производи, од 18,7 проценти кај Производство на електрична опрема и од 94,7 проценти кај Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

- Прометот во индустријата, вкупно, во април 2025 година во однос на април 2024 година, според главните индустриски групи, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4.0 проценти, Капитални производи за 11.6 проценти, Трајни производи за широка потрошувачка за 5.3 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.5 проценти, објави ДЗС.

Во април годинава во однос на март годинава, вкупниот промет во индустријата, бележи пад од 7,9 проценти, додека во периодот јануари – април годинава во однос на истиот период лани има зголемување од 3,6 проценти.

Според податоците на ДЗС, прометот во индустријата на домашниот пазар во април годинава во однос на април минатата година, е намален за1,7 отсто, а во периодот јануари – април 2025 година, во однос на истиот период од минатата година за 3,7 отсто. На странските пазарипрометот во индустријата во април годинава во однос на април минатата година, е зголемен за 7,2 отсто, а во првите четири месеци од годинава споредено со истиот период од минатата година за 4,8 проценти.

Седница на СБ на ОН посветена на ситуацијата во Иран

Советот за безбедност на Обединети нации денеска ќе одржи седница посветена на ситуацијата во Иран по нападот од Израел.

Седница на СБ на ОН посветена на ситуацијата во Иран

Во меѓувреме, кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека тој денеска телефонски ќе разговара со американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин.

Според американските медиуми Трамп веќе разговарал со францускиот колега Емануел Макрон.

Претходно, портпаролот на германската Влада изјави дека канцеларот Фридрих Мерц телефонски разговарале со Макрон и со британскиот премиер Кир Стармер. Тројцата лидери се согласиле „да останат во близок контакт“ за понатамошните чекори.

Експертите бараат поголеми инвестции за третман на лица кои имаат афазија

Најчесто при мозочен удар, повреда на главата или невролошки заболувања се јавува состојба на на афазијата. 

Експертите бараат поголеми инвестции за третман на лица кои имаат афазија

Состојба која влијае на способноста за комуникација, не само што ги ограничува способностите за говорење, туку може да предизвика и емоционални и психолошки тешкотии. Од Центарот за рехабилитација на патологија на вербална комуникација објаснуваат дека при ваква здравствена состојба потребнани се третмани кои ќе бидат поддржани со зголемени инвестиции.

„Афазијата е најчесто од повреди што се многу чести кај млади луѓе во сообраќајни несреќи, потоа има и од мозочни удари каде што има одземање на говор и неправилен говор“, објаснува а д-р Катерина Киранџиќ.

За афазијата многу малку се знае. Истражувањето од страна на центарот за рехабилитација на патологија на вербална комуникација од 165 лица 68%, не слушнале за афазијата.

„Истржувањата покажуваат дека нема големо познавање. Жените повеќе знаат за поврзаноста на мозочниот удар и афазијата и навистина е потребна едукација за подобрување на свестноста но и рекацијата кај луѓето да одат на третмани“, вели д-р Нермин Теловска директор на Центарот за рехабилитација на патологија на вербална комуникација.

Од клиниката за неврологија објаснуваат дека во најголем дел кај пациентите со мозочни хеморагични удари имаат сериозни проблеми со говорот.

YouTube video

притисни ентер