Блокада на ССМ пред Стопанската комора, од работодавачите побараа повисоки плати - Канал 5

Блокада на ССМ пред Стопанската комора, од работодавачите побараа повисоки плати

Со 400 евра плата не може да се преживее месецот – ова е порака која Сојузот на синдикати денеска ја испатија од пред Стопанската комора, Организацијата на работодавачи и бисзнис конфедерацијата

Блокада на ССМ пред Стопанската комора, од работодавачите побараа повисоки плати

Со 400 евра плата не може да се преживее месецот – ова е порака која Сојузот на синдикати денеска ја испатија од пред Стопанската комора, Организацијата на работодавачи и бисзнис конфедерацијата – чии влезови точно напладне, во времетраење од еден час беа блокирани од по 21 работник...

Првиот човек на ССМ, Слободан Трендафилов, рече дека и покрај притисоците со кој се соочувале работниците тие нема да се откажат од барања за минималец од 600 евра и раст на сите останати плати за 6 000 денари...Синдикалците со порака до работодавачите - работниците може да им бидат пријатели Владата не, и ги повикаа да си подадат рака и да го прифатат нивниот предлог за повисоки плати бидејќи во спротивно ќе се соочат со протести и генерален штрајк...

„ Следниот пат нема да дојдеме со понуда ќе дојдеме со генерален штрјак кое ќе ги чини многу повеќе од годишното зголемување на платите...само еден ден затоврање на компаниите, инсистуциите и државата – државата ќе ја чини многу повеќе од цело годишно зголемување на платите...Работодавчите ќе ги платат платите но тие да се откажат од делот од колачот... ако го прифатеа тоа лани кога работодавачите и синдикатите се договорија денес ќе имаше најамлаку 10 милиони во буџет месечно или 120 годишно...“ - Слободан Трендафлиов – претседател на ССМ.

„Да заборавиме веќе дека со 400 и 500 евра плата не само што нема да имаме продукртивни работници туку нема да имаме никакви работници во Македонија ....доколку не се одважат и газдите да дел од колачот си го дадат на вработените кои што им го овозможиле во минатото тој профит ќе бидеме приморани да бидеме на улица со блокдади со шатори и секој еден ден да ги потсетуваме дека за тие плати нема да работиме...“ - Иван Пешевски - потпретседател на ССМ за приватен сектор.

Премиерот Христијан Мицкоски и денеска го повтори својот став – смета дека протестите и синдикалното блокирање овој пат на работодавачите имаат политичка позадина. Според него Владата ги исполнува своите обврски, и вели согласно закон минималната плата во месец март ќе се покачи. Дополнително Мицкоски побара и извинување од Трендафилов за како рече навредите упатени кон пратеничката а Дафина Стојаноска

- Сепак станува збор за жена мајка, таму на тоа видео никој не ги покажува малолетните деца на господинот Трендафилов, напротив, јас колку што можев да видам многу е внимавано на тоа, но можеше господинот Трендафилов да биде малку покултурен со својот речник, - Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Тие мислеа дека ќе најдат прокси преку Трендафилов кој што е влезен во една специфична состојба кога се обидува да биде на сцената во Македонија, а од друга страна кога ќе биде критикуван тогаш почнува да навредува и со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри, сопруги и така натаму.

Дали ќе и се извини на пратеничката Стојановска,Трендафилов за Канал 5 не одговори децидно, но нема да коменитра како што рече , луѓе кои снимале туѓи деца и оние кои ги поддржувале ...

Инаку денешната блокада на стопаснакта комора беше втора по ред оваа недела, во вторникот беа блокирани влезоивте на собранието, а следната недела според најавите ќе биде блокирана и Владата...

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Меѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја освои наградата за сообраќајна безбедност на Светскиот полициски самит во Дубаи

Министерството за внатрешни работи со проектот „Безбеден град“ го освои првото место во категоријата „Извонредност во сообраќајната безбедност“ на Светскиот полициски самит во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати.

Меѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја освои наградата за сообраќајна безбедност на Светскиот полициски самит во Дубаи

Ова значајно меѓународно признание денеска на прес-конференција го соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, презентирајќи ги резултатите од примената на системот и постигнатиот напредок во сообраќајната безбедност.

Македонскиот проект беше избран за најдобар во конкуренција со Полицијата на Сингапур, Полицијата на Абу Даби, Управата за патишта и транспорт на Дубаи и полициската служба од индиската држава Махараштра. За наградите на Светскиот полициски самит пристигнале повеќе од 700 номинации од над 60 држави во 13 категории, а изборот на победниците се спроведува преку независно стручно оценување, интервјуа и детална проценка на технолошките и оперативните резултати.

„Кога почнавме со „Безбеден град“, многумина се сомневаа дека конечно ќе профункционира систем за кој со години се зборуваше. Денес имам чест да ви соопштам до каде стигнавме на тој план. Македонија го освои првото место во категоријата за извонредност во сообраќајната безбедност на Светскиот полициски самит во Дубаи“, истакна министерот Тошковски.

Тој нагласи дека ова признание претставува потврда дека и Македонија има капацитет да спроведе современи реформи и да постигне резултати препознаени на меѓународно ниво.

„Знаеме што значи Сингапур кога се зборува за функционална администрација и технолошки развој. Знаеме што значат Дубаи и Абу Даби во примената на технологијата во сообраќајот. Но, ние покажавме дека и Македонија има капацитет да постигне резултат што ќе биде препознаен во светот“, посочи Тошковски.

Министерот потсети дека „Безбеден град“ со години бил проект за кој се зборувало, но не бил целосно ставен во функција. Со спроведените законски измени, дигиталното поврзување на институционалните постапки и воспоставувањето автоматизиран систем за контрола, создадени се услови за доследна примена на сообраќајните правила и еднаков третман на сите учесници во сообраќајот.

Резултатите покажуваат значително намалување на бројот на загинати и тешко повредени лица. Во периодот јануари–октомври 2026 година на македонските патишта загинале 85 лица, наспроти 117 во истиот период од 2025 година и 119 во 2024 година. Тоа се 32 помалку загинати во однос на минатата година, односно намалување од 27,4 проценти.

Истовремено, бројот на тешко повредени лица е намален на 748, наспроти 872 во 2025 година, што претставува 124 помалку тешко повредени, односно намалување од 14,2 проценти.

Особено значајна е споредбата за периодот февруари–октомври, од почетокот на примената на системот, кога бројот на загинати е намален од 108 на 74 лица, односно 34 помалку загинати или намалување од 31,5 проценти.

Тошковски истакна дека овие резултати се постигнати преку заедничкото дејствување на „Безбеден град“, засилените полициски контроли, законските измени и превентивните активности.

„Тие резултати ѝ даваат суштина на нашата кандидатура, затоа што успехот го мериме по намалувањето на опасното возење и тешките последици, а не по бројот на наплатени казни“, нагласи министерот.

Тој потсети дека во последните 15 години на македонските патишта животот го загубиле 2.131 лице, што ја потврдува неопходноста од континуирани и системски мерки за подобрување на сообраќајната безбедност.

Заблагодарувајќи им се на полициските службеници, правните и техничките тимови и на граѓаните за нивниот придонес, министерот порача дека меѓународното признание е дополнителен мотив за натамошно унапредување на системот, проширување на опфатот на ризичните локации и детектирање дополнителни опасни однесувања.

Како долгорочна цел ја посочи „Визија нула“ – сообраќај без загинати и тешко повредени лица, нагласувајќи дека безбедноста на патиштата бара постојани вложувања, подобра инфраструктура, едукација и одговорност од сите надлежни институции.

„Наградата е признание за завршената работа, но одговорноста за она што сè уште не е добро останува исклучиво наша. Додека постои и едно дете кое не може безбедно да премине улица, нашата работа не е завршена“, порача Тошковски.

Официјалното доделување на признанието е предвидено за 18 ноември 2026 година во Дубаи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кристи Мекормик номинирана за нова амбасадорка на САД во Македонија

Американскиот претседател Доналд Трамп ја номинираше Кристи Мекормик за нова амбасадорка на Соединетите Американски Држави во Македонија, соопшти Белата куќа.

Кристи Мекормик номинирана за нова амбасадорка на САД во Македонија

Мекормик не доаѓа од редовите на традиционалната дипломатска служба, туку е долгогодишна правничка и специјалистка за изборно право со меѓународен теренски ангажман. Нејзиниот избор носи поинаков профил на чело на амбасадата на Кале, каде што фокусот на Вашингтон природно се насочува кон владеењето на правото и институционалната функционалност.

Кристи Мекормик минала речиси дванаесет години во американската Комисија за помош при изборите (EAC), институција независна од партиските тела што поставува технички стандарди и ја гарантира веродостојноста на гласачките процеси во САД.

Таа била именувана за комесарка во декември 2014 година и ја извршувала функцијата сè до јули 2026 година, период во кој повеќепати застанала на претседателското место на комисијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Специјалниот“ Жозе Мурињо прогласен за тренер на месец октомври во Ла Лика

Шефот на стручниот штаб на фудбалскиот клуб Реал Мадрид, Жозе Мурињо, денес беше прогласен за најдобар тренер во шпанската Ла Лига за месец октомври.

„Специјалниот“ Жозе Мурињо прогласен за тренер на месец октомври во Ла Лика

Португалскиот стратег, „Специјалнио“ Жозе Мурињо го доби ова признание благодарение на одличните резултати што Кралевите од Мадрид ги постигнаа во текот на изминатиот месец.

Во октомври, „кралскиот клуб“ одигра три натпревари во првенството и забележа исто толку победи.

Реал прво го совлада Виљареал со 1:0 на домашен терен, потоа беше убедлив против Севиља (4:1), а месецот го заокружи со голем триумф во „Ел Класико“, каде што како гостин го победи најголемиот ривал, Барселона со 2:1.

На тој начин, Мурињо го водеше тимот од Мадрид низ октомвриските предизвици со максимален учинок и сосема заслужено ја доби наградата за тренер на месецот.

Инаку, Реал Мадрид продолжи со добрите резултати и во меѓувреме, бидејќи пред два дена, во рамките на 12-тото коло од Ла Лига, славеше на гостувањето кај Валенсија со резултат 3:0. Екипата од Мадрид моментално се наоѓа на второто место на табелата, со три бода помалку од лидерот Барселона.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер