Блок 2 во РЕК Битола исклучен поради пожар - комбинатот надвор од функција - Канал 5

Блок 2 во РЕК Битола исклучен поради пожар - комбинатот надвор од функција

Пожар на дрвени елементи во близина на ормарот за електронско управување, привремено го исклучи од мрежа Блок 2 во РЕК Битола

Блок 2 во РЕК Битола исклучен поради пожар - комбинатот надвор од функција

Пожар на дрвени елементи во близина на ормарот за електронско управување, привремено го исклучи од мрежа Блок 2 во РЕК Битола, вака од ЕСМ го појаснуваат денешниот инцидент кој се случи во комбинатот, што доведе до целосен прекин во работењето на РЕК Битола. Според ЕСМ пожарот предизвикал зголемена температура при што се активирал заштитниот механизам и единстевниот блок кој работел, автоматски се исклучил. Од електрани се сомневаат дека станува збор за поенцијална, како што велат саботажа, а за случајот била известена и криминалистичката полиција.

„Со оглед дека станува збор за потенцијална саботажа, веднаш по настанот, надлежните служби на РЕК Битола реагираа согласно оперативните протоколи. По полицискиот увид, стручни екипи од РЕК Битола веднаш ќе започнат со детална анализа за согледување на евентуалната настаната штета и утврдување на точната причина за зголемувањето на температурата“,соопштија од АД ЕСМ.

Од опозициската СДСМ обвинија дека енергетскиот систем се распаѓа - а управата како што велат со измислени саботажи за РЕК Битола ја покрива сопствената неспособност.

„Неспособното раковдство на ЕСМ, секојдневно го упропастува енергетскиот систем со несоодветно управување, цела РЕК Битола не е на мрежа, поради пожар во командниот ормар од нередовно чистење и не одржување, и за да го оправдаат своето неспособно раководење, прават сензации со наводни саботажи и заплашување на вработените.“- СДСМ.

За ЕСМ зачудувачка е, како што велат дрскоста на опозицијата што се осмелува да коментира за

одржувањето на постројките. Во писената реакција, велат секојдневно се соочувале со предизвици кои биле резулатат на недомаќинско и нестручното управување со производствените капацитети во изминатите години и апелираа СДСМ да престане со шпекулации и обвинувања.

Во моментов по исклучувањето на Блок 2, РЕК Битола воопшто не работи, но од ЕСМ уверуваат дека тоа нема да го наруши снабдувањето со струја. Велат дека согласно планот за произвоство, и онака изминатиов период комбинатот работи со намален капациетет. Блок 1 е во редовен годишен ремонт, а Блок 3 е исклчен од мрежа поради намалени потреби од страна на Универзалниот снабдувач ЕВН Хоум.

Од електрани посочуваат дека потребите за струја во државата, ќе се обезбедат преку зголеменото производство од хидроелектраните, во моментов хидропотенцијалот е зголемен на околу 50 %. Од ЕСМ велат ако има потреба ќе се набавува и струја од МЕМО. А може да се активира и ТЕЦ Осломеј.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќерката на Том Круз официјално го промени своето презиме

Сури Круз (20), ќерката на познатиот американски актер Том Круз и актерката Кејти Холмс, официјално го променила своето презиме во Ноел – средното име на нејзината мајка. 

Ќерката на Том Круз официјално го промени своето презиме

Ова го покажуваат јавните евиденции на регистрирани гласачи во Пенсилванија, каде што Сури моментално студира на Универзитетот „Карнеги Мелон“, пренесува „Пејџ сикс“ (Page Six).

Таа се регистрирала во округот Алегени како Сури Ноел; медиумот напоменува дека, според законот, жителите мора да ги користат своите законски имиња при регистрацијата за гласање. Исто така, се наведува дека Сури – која наскоро ќе настапи во претстава по дело на Шекспир на универзитетот – не поднела барање за промена на името во округот Алегени. Ова сугерира дека таа можеби тоа го сторила во Њујорк, каде што живеела со мајка си пред да започне со студиите.

Сури нема контакт со својот татко уште од разводот на нејзините родители во 2012 година; информациите за промената на нејзиното презиме првпат се појавија во 2024 година, за време на нејзиното матурирање, кога таа не го користела неговото презиме. Том Круз и Кејти Холмс се разведоа во 2012 година, по што Сури се пресели во Њујорк со својата мајка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хрватската мисица на изборот во Виетнам ќе носи спектакуларен фустан инспириран од Плитвице и Крка

Мисицата, Ема Хелена Вичар, на 8 август заминува за Виетнам за да ја претставува Хрватска на 73-тиот избор за „Мис на светот“ (Miss World), еден од најпрестижните светски избори за убавина. 

Хрватската мисица на изборот во Виетнам ќе носи спектакуларен фустан инспириран од Плитвице и Крка

Натпреварот се одржува од 9 август до 5 септември и ќе собере околу 130 натпреварувачки од целиот свет. Покрај самиот избор за убавина, во последните децении „Мис на светот“ се фокусира на хуманитарна работа, образование и општествена одговорност преку слоганот „Убавина со цел“ (Beauty With a Purpose).

Токму во оваа категорија, убавата Ема ќе го претстави својот проект „Сина планета: Цел за живот“ (Blue Planet: A Purpose for Life), кој е посветен на заштитата на Јадранското Море и отстранувањето на отфрлените рибарски мрежи – сериозна закана за морските екосистеми.

Ема ќе се натпреварува во седум категории.

Како студентка на постдипломски студии по менаџмент на луксузни брендови во Монако и сопственичка на бренд за одржлива мода, Ема ќе се натпреварува во седум официјални категории, меѓу кои се талент, топ-модел, спорт и интервју. За категоријата „Топ-модел“, таа ќе носи спектакуларна креација на хрватската дизајнерка Марина Матиќ (LARIE), инспирирана од Плитвичките Езера и Националниот парк „Крка“.

Фустанот е украсен со повеќе од 500.000 кристали „Сваровски“, монистра и камења.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ПСЖ преговара за трансфер на Феран Торес

Европскиот и француски фудбалски шампион ПСЖ продолжува со директни разговори со претставниците на  фудбалерот на Барселона, Феран Торес во врска со можен трансфер ова лето. 

ПСЖ преговара за трансфер на Феран Торес

Барселона не сака да го продаде шпанскиот напаѓач, а до договор би можело да дојде само доколку самиот Торес побара да го напушти клубот.

ПСЖ размислува да ги ангажира и Торес и младиот белгиски крилен напаѓач Мика Годс.

Парижаните бараат засилувања во нападот по заминувањата на Ли Канг-ин, Гонсало Рамос и Ибрахим Мбаје.

Во исто време, Ливерпул силно инсистира на ангажман на Бредли Баркола од ПСЖ – потег што би можел да ги принуди француските шампиони да направат дополнителни промени во својата напаѓачка линија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер