Блогерката Зорана Јовановиќ во костим за капење што едвај го покрива меѓуножјето (фото) - Канал 5

Блогерката Зорана Јовановиќ во костим за капење што едвај го покрива меѓуножјето (фото)

Блогерката Зорана Јовановиќ (30), која се претставува и под псевдонимот Zorannah, на пошироката јавност во Србија ѝ е позната во последните 11 години, колку што трае нејзината кариера. 

Блогерката Зорана Јовановиќ во костим за капење што едвај го покрива меѓуножјето  (фото)

Завршила моден дизајн во Италија и сосема случајно станала блогерка, објавувајќи снимки од модни ревии на Инстаграм. Потоа, почнала да објавува видеа на неколку дена, а во 2012 година почнала професионално да се занимава со тоа. Како што вели, дневно поминува 5 до 10 часа во креирање содржини за блогот. На Инстаграм ја следат речиси милион лица, поточно 840.000, а во последно време многумина повеќе ги интересира како изгледа и каде патува отколку модните колекции што ги промовира.

Неодамна Зорана реши да побегне од Србија, па во рекорден рок таа ги посети Копаоник, снежната Швајцарија, Чикаго и моментално е во сончевото Мајами. Изгледа дека температурните и временските разлики не ѝ се проблем, па откако ќе се појави на некој снежен предел, веќе наредните денови е во костим за капење на некоја плажа.

Овој пат Јовановиќ објави мошне експлицитна фотографија од брод со која ја разгори фантазијата на своите обожаватели. Таа на фотографијата носи провокативен црн костим за капење кој едвај ја покрива интимната зона на згодната блогерка.

Обожавателите делумно ја поддржаа, делумно ја осудија, со оглед што објавила полугола фотографија токму за време на големиот велигденски пост и Рамазан.

Ова се дел од коментарите:

- Костумот ја засекол како што се засекува пилешко на решетка за скара! -

- Немој Зорана, Рамазан е...

- Дали водата е влажна, за другар прашувам! -

- Сè е под жилет! -

- Преубава! -

- Божествена жена -

Потсетуваме, Зорана пред само неколку недели објави фотографија на која беше целосно гола и само делумно покриена со ќебе на снегот во Швајцарија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На 30 и 31 октомври Штип повторно ќе пее со 41. издание на „Макфест“

Певливи рефрени, нови песни и познати музички имиња ќе бидат дел од 41. издание на „Макфест“, фестивалот на забавни мелодии кој годинава ќе се одржи на 30 и 31 октомври. 

На 30 и 31 октомври Штип повторно ќе пее со 41. издание на „Макфест“

Повеќе од четири децении „Макфест“ е синоним за музика, а во Штип и оваа година публиката ја очекуваат позитивна енергија и добра фестивалска атмосфера, песни во различни музички изрази, познати автори и изведувачи, но и нови имиња кои допрва ќе ја бараат својата публика.

Меѓу авторите на годинашните песни се имиња кои одамна се присутни на македонската музичка сцена, како Ристо Самарџиев, Хари Котларовски, Огнен Неделковски, Лазар Цветковски, Раде Врчаковски – Врчак, Александар Масевски, Кристијан Габроски, Иван Јованов, Роберт Билбилов, Андријана Јаневска, Давор Јордановски, Елвир Мекиќ, Димитар Андоновски, Јован Јованов и други.

„Годинава имаме навистина интересен избор на автори – докажани музички имиња, автори со свој препознатлив стил и песни зад кои стои големо искуство. Очекувам и ова издание да донесе убави, певливи песни и композиции со различен карактер, од оние што лесно влегуваат во уво до песни кои ќе се слушаат и по фестивалските вечери. Тоа е и убавината на „Макфест“ “, вели Роберт Саздов, уметнички директор на фестивалот.

Со годинашното издание, „Макфест“ продолжува да ја збогатува својата богата фестивалска приказна со нови композиции, автори и изведувачи, во атмосфера исполнета со музика, позитивна енергија и песни што имаат потенцијал да останат со публиката и по фестивалските вечери.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од суд во Фиџи исчезнале околу 40 кг. кокаин

Речиси 40 кг кокаин исчезнаа од суд на Фиџи, во пакетите е пронајдено брашно.

Од суд во Фиџи исчезнале околу 40 кг. кокаин

Речиси 40 килограми кокаин, чувани како доказен материјал во Вишиот суд во Сува, главниот град на Фиџи, исчезнаа од судскиот сеф. Во преостанатите пакети веќе немаше кокаин, туку, според локалните медиуми, тие биле наполнети со брашно. Полицијата покрена истрага откако на 15 септември беше откриено дека недостасуваат седум од вкупно 39 пакети со кокаин. Подоцна, преостанатите 32 пакети беа подложени на форензичка анализа, при што беше утврдено дека ни во нив повеќе нема дрога. Исчезна целото запленето количество од речиси 40 килограми.

Полицијата соопшти дека дошло до манипулација со доказите и дека истрагата се фокусира на поединци кои биле директно одговорни за нивното чување во судската писарница на Високиот суд.

Според информациите, едно лице од интерес за истрагата се наоѓа во странство, а полицијата има намера да го испита.

Јавниот обвинител на Фиџи, Сироми Турага, го опиша случајот како шокантен и изјави дека ниту едно одговорно лице нема да биде поштедено од истрагата.

Кокаинот запленет уште во 2019 година Кокаинот бил запленет во 2019 година во случајот против Џошуа Азиз Рахман, државјанин на Фиџи кој поседува и канадско државјанство. Рахман бил осуден во 2021 година за поседување кокаин со намера за продажба, а дрогата останала во судот како доказен материјал за време на жалбената постапка.

Вредноста на исчезнатиот кокаин се проценува на околу 31 милион фиџиски долари (приближно 21 милион евра). Во последниве години, Фиџи се соочува со пораст на трговијата со кокаин и метамфетамин и стана клучна транзитна точка за шверц на дрога низ Пацификот, особено кон Австралија и Нов Зеланд.

Полицијата сега се обидува да утврди кога исчезнал кокаинот, кој имал пристап до доказите и како пакетите можеле да бидат заменети без тоа претходно да биде откриено.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Дали зад позицијата на Венко Филипче „прво Бугарите во Уставот, па сè друго“ се крие таен договор со Бугарија за ново предавство?

Изјавата на Венко Филипче – „прво Бугарите во Уставот, па сè друго“ – е доказ дека Венко Филипче е во договор за ново предавство.

ВМРО-ДПМНЕ: Дали зад позицијата на Венко Филипче „прво Бугарите во Уставот, па сè друго“ се крие таен договор со Бугарија за ново предавство?

Венко Филипче застапува бугарски позиции наместо македонски интереси. Оттука, сосема легитимно е да прашаме:

Дали постои тајна дипломатија помеѓу старите другари Зоран Заев и Румен Радев?

Дали има комуникација и средби помеѓу нив?

Зошто инаку Венко Филипче на тацна им дава подароци на Радев и на бугарската политика, без да го заштити македонскиот национален идентитет?

Дали зад рушењето на ваквите позиции стои нов бизнис-договор?

Ова се легитимни прашања на кои мора да одговори Венко Филипче.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер