Близнаци родени 30 години откако биле замрзнати како ембриони, растат сосема нормално - Канал 5

Близнаци родени 30 години откако биле замрзнати како ембриони, растат сосема нормално

Близнаците Тимоти и Лидија Риџвеј, родени 30 години откако биле замрзнати како ембриони во април 1992 година, растат и се развиваат како сосем нормални бебиња.

Близнаци родени 30 години откако биле замрзнати како ембриони, растат сосема нормално

Тие го држат рекордот за најдолго замрзнати ембриони за кои се знае дека се родиле и растат живи и здрави по вештачко оплодување, иако биле складирани во течен азот заедно со илјадници други ембриони. Зачуваните ембриони се замрзнати пред 31 година во Националниот центар за дарување ембриони во САД, а мајка им Рејчел Риџвеј, која инаку има шест деца, овојпат (иако само технички) е само три години постара од новороденчињата.

- Неверојатно е дури и да се размислува за тоа. Скоро сите со кои разговаравме за ова, имаат проблем да го разберат процесот... Сум имал пет години кога Бог им дал живот на овие ембриони!, вели Филип, инаку побожен христијанин.

Родителите имаат намера на близнаците да им ја раскажат приказната за нивното зачнување кога ќе пораснат.

- Ќе се погрижиме нивното посвојување да биде дел од нивната животна приказна. Сакаме тоа да биде нормален дел од нивниот живот, истакна Рејчел.

Таа рече дека тие ќе знаат дека се посвоени и оти тоа ги прави посебни, за човековата историја воопшто.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Пожарот во Белгија се шири кон Германија

Големиот пожар што беснее во областа Хај Фенс (High Fens) и во природниот резерват Хај Свомп (High Swamp) во источниот дел на Белгија се наоѓа на само три километри од германската граница.

Видео: Пожарот во Белгија се шири кон Германија

Ситуацијата во пограничниот град Моншау, во западна Германија, беше напната во текот на изминатата ноќ, а на жителите од некои делови на градот им беше препорачано да се подготват за напуштање на своите домови, пренесува „Блид“.

„Не може да се исклучат ризиците по здравјето предизвикани од чадот од пожарот. На жителите на Платевен, Лејлох и Калтерхерберг, западно од Месевего, им се препорачува да ги напуштат овие подрачја до 10 часот наутро и да престојуваат кај роднини и пријатели“, се наведува во соопштението на локалните власти.

Потврдено е дека градските власти на Моншау ќе отворат прифатилиште во општествениот центар во Имгенбројх, почнувајќи од 7 часот наутро, за сите оние што не можат самостојно да најдат алтернативно сместување.

Екипите за итни интервенции во Моншау не очекуваат огнот наскоро да се прошири на германска територија, но потврдуваат дека се во состојба на подготвеност.

„Секако, внимателно ја следиме ситуацијата. Ќе продолжиме континуирано да ја следиме и проценуваме состојбата, а по потреба ќе ангажираме и дополнителни противпожарни сили“, изјави Филип Кригер, командант на противпожарната служба во Моншау.

Од белгиска страна, евакуацијата на градовите Кихелшајд и Лејкауљ веќе е започната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МО: Утре во 19 часот, почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

МО:  Утре во 19 часот, почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

Министерството за одбрана ги информираме граѓаните на Скопје, дека на 17-ти август 2026 година (понеделник), со почеток во 19.00 часот, во касарната ,,Илинден“ во Скопје од страна на единица на артилерискиот баталјон на Армијата ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од 6 артилериски орудија.

Почесната стрелба како дел од протоколарните обврски на Армијата за одбележување на празници е во рамки на активностите кои се реализираат по повод одбележувањето на 18Август-Денот на Армијата.

Претходно, истиот ден, во 18.00 часот ќе биде извршена и пробна артилериска стрелба со истрелување на еден плотун од 6 артилериски орудија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Неверојатен судир на аеродромот: „Фиат Панда“ удри во мал авион

Неверојатна сообраќајна несреќа во Италија.  Автомобил панда се заби во мал авион без да закочи .

Видео: Неверојатен судир на аеродромот: „Фиат Панда“ удри во мал авион

Невообичаена несреќа се случи во делот за општа авијација на аеродромот Милано-Линате, кога службено возило се судри со приватен авион од типот „Хокер Бичкрафт 400А“ (Hawker Beechcraft 400A).

Според снимката од безбедносната камера, авионот се движел кон пистата, додека возилото „Фиат Панда“ се приближило без видливо запирање и удрило во предниот дел на леталото.

https://www.instagram.com/reel/Db5e9ZDsOh_/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=loading

За среќа, во несреќата нема повредени. За воланот на автомобилот бил 54-годишен вработен во компанија што обезбедува услуги за опслужување на аеродромот. Меѓу патниците и членовите на екипажот немаше повредени. Ударот бил насочен кон предниот дел на авионот, односно кон заштитниот поклопец што ги штити радарската антена и другата опрема сместена во носот на леталото.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер