ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
1ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
СветБлискиот Исток петти ден е во пламенБлискиот исток петти ден е во пламен. Израел бомбардира на два фронта, и во Иран и во јужен Либан, додека бројот на жртви во Исламската република надмина илјада. Техеран ја продлжува битката сам против сите, досега ракетирајќи 11 земји во регионот. Иранска балистичка ракета денеска долета до турска територија, откако Анкара соопшти дека воздушната одбрана на НАТО го соборила проектилот кој претходно минал на ирачка и сириска територија. Во исто време, ирански воен брод потона кај брегот на Шри Ланка, откако бил погоден од американско торпедо. Се трага по 130 луѓе. -Американска подморница потопи ирански воен брод кој мислеше дека е безбеден во меѓународни води. Наместо тоа, беше погоден од торпедо. Тивка смрт... Тоа е првото потонување на непријателски брод од торпедо по Втората Светска војна. , изјави Пит Хегсет, министер за одбрана на САД. -Овој период ќе помине и Иран ќе излезе од овој историски тест како победник. Немајте никакви сомнежи. Нашата цивилизација, историја и Богот на нашата татковина ќе не направат победници. , изјави Исмаил Багхеи, портпарол на министерството за надворешни на Иран. Светот паралелно го исчекува наследникот на ликвидираниот врховен лидер Али Хамнеи, чиј 3-дневен масовен погреб требаше да почне денеска, но беше одложен. Иранските медиуми веќе го прогласија неговиот втор најстар син, 56-годишниот Моџтаба Хамнеи за иден татко на нацијата, иако од Техеран официјално се уште нема потврда. Израел предупреди дека кој и да биде избран од страна на режимот ќе биде легитмна цел за елиминација. -Се ослободивме од Ајатолахот Али Хамнеи и тој повеќе не е меѓу нас. Се ослободивме од иранското лидерство и ќе продолжиме да го напаѓаме лидерството на режимот. , изјави Дени Данон, амбасадор на Израел во ОН -Претпоставувам дека најлошиот случај би бил да се бориме, а потоа некој да ја преземе власта, кој е исто толку лош како претходниот, нели? Тоа може да се случи. Не сакаме тоа да се случи. Веројатно би било најлошото. , изјави Доналд Трамп, претседател на САД. Откако вчера Трамп најави прекин на сите трговски врски со Мадрид, како одговор на одбивањето да отстапи бази за американската војска, шпанскиот премиер Санчез денеска ја продолжи вербалната војна со Вашингтон. -Мораме да учиме од историјата и не смееме да играме „руски рулет“ со судбината на милиони луѓе. Инволвираните во овој конфликт мора итно да го прекинат огнот и да се насочат кон дијалог и дипломатија. Позицијата на шпанската влада можам да ја сумирам во неколку зборови: Не за војната. , вели Педро Санчез, премиер на Шпанија. Кон случувањата на Блискиот Исток денеска се активираше и Грција. На брегот на Кипар се појавија два грчки воени брода, за кои Атина појасни дека се во исклучиво одбранбени цели во случај на нов ирански напад.Тагови: Израел Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
Шоу бизФото: Цеца за фотките во бикиниБалканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело. Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците. Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца. Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати. Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија. Тагови: Цеца Ражнатовиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Сабаленка ужива во тангаСабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови. Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона. По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови. Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време. Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи. Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.Тагови: Арина Сабаленка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалСупер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на БаернФудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник 2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд. Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд. Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините. Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот. Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката. Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва. Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter