Блинкен: Украина постигна значаен напредок во контраофанзивата

Во брза контраофанзива украинската армија ја поврати контролата над речиси 6.000 квадратни километри територија што досега ја имаа окупирано руските сили, изјави синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски. 

Во текот на ноќта украинците извршија контранапад и во Харков. Според воени извори украинските трупи се упатуваат кон север каде заземале градови сè до руската граница.

„Ова е знак на очајот на оние кои ја измислија оваа војна. Вака реагираат на поразот на руските војници во областа Харков. Тие не можат ништо да им направат на нашите херои на бојното поле, и затоа Русија ги насочува своите гнасни удари против цивилната инфраструктура.“- Володимир Зеленски, Претседател на Украина

Разузнавачка управа на украинското министерство за одбрана тврди дека поради поразот на бојното поле разрешен највисокиот руски генерал на должност во регионот Харков Роман Бердников.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен изјави дека украинските сили постигнале важен напредок во нивната контраофанзива против руските војници, иако е премногу рано да се предвиди исходот.

Североисточниот град Балаклија, неделава беше една ослободените украински територии под руска контрола. Иако подрачјето наликува на бојно поле, населението со радост ги дочека украинските сили.

Секретарот на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана, Олексиј Данилов, одговори на заканите на блискиот соработник на рускиот претседател Путин, Дмитриј Медведев.

„Медведев не треба да мисли на Украина, туку на држава, како Северна Кореја, и бункерот во кој ќе се сокрие. Конечно нека престане да ја пишува „русија“ со голема буква и нека се навикне на тоа дека се уште не се повлекле“, напиша Данилов на Твитер. Претходно Медведев му се закани на Киев и порача „дека тоа што досега се случуваше во Украина е само загревање и детска игра за ултиматумите што ќе следат“.

Украинската војска соопшти дека ослободила повеќе од 20 населени места за 24 часа. Руските војници оставиле зад себе резерви на муниција и други резерви по контраофанзивата на Украина во Харковската област, објавија украинските медиуми.Општинските пратеници од 18 области на Москва и Санкт Петербург потпишаа јавна изјава во која бараат Владимир Путин да поднесе оставка. „Ние, општинските пратеници на Русија, веруваме дека постапките на претседателот Владимир Путин ѝ штетат на иднината на Русија и нејзините граѓани“, се вели во изјавата објавена од Ксенија Торстрем, општински заменик на областа Семеновски во Санкт Петербург.

Хамас ќе одговори на планот за примирје во Газа во Египет в понеделник

Висок функционер на Хамас изјави денеска дека групата ќе го даде својот одговор на последниот  предлог на Израел за прекин на огнот во Газа в понеделник во Египет.

„Делегација на Хамас предводена од Калил ал-Хаја утре ќе пристигне во Египет... и ќе го достави одговорот на движењето“ на израелскиот предлог за време на состанокот со египетските разузнавачи, рече функционерот кој одби да биде именуван во изјавца за француски медиуми.

Манчестер јунајтед подготвен да потроши 80 милиони евра за Араухо

Дефанзивецот на Барселона, Роналд Араухо е во трансфер плановите на Манчестер Јунајтед, објави денеска каталонскиот весник „Спорт“.

Според истиот извор, Манчестер Јунајтед е заинтересиран за потписот на 25-годишниот Уругваец и е подготвен да му понуди на каталонскиот клуб повеќе од 80 милиони евра за трансферот.

Во моментов Араухо води преговори за продолжување на договорот со Барселона, но според медиуми, англискиот тим е во позиција да му понуди поповолни услови.

Араухо се пресели во Барселона во летото 2018 година.

притисни ентер