Блинкен патува во Лондон поради Блискиот Исток и Украина

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен патува во Лондон за да разговара за кризата на Блискиот Исток и војната во Украина, соопшти Стејт департментот.

Блинкен утре треба да пристигне во Велика Британија во дводневна посета, пред посетата на британскиот премиер Кир Стармер на Вашингтон подоцна оваа недела.

Највисокиот американски дипломат треба „да отвори стратешки дијалог меѓу САД и Велика Британија, потврдувајќи ги нашите специјални односи“, рече портпаролот на Стејт департментот Метју Милер во кусата изјава.

„Додека е во Лондон, секретарот Блинкен ќе се сретне и со високи владини претставници за да разговараат за низа клучни прашања, вклучително и Индо-пацификот, партнерството на АУКУС, Блискиот Исток и нашите заеднички напори за поддршка на Украина.“

Во четвртокот Белата куќа објави дека американскиот претседател Џо Бајден ќе биде домаќин на Стартер во петок во Вашингтон на билатерален состанок.

Поддршката на Украина во одбраната од Русија, постигнувањето договор за прекин на огнот за ставање крај на војната во Газа и напнатата ситуација во Индо-пацификот се меѓу точките на нивниот дневен ред.

Љутков: Лидерството на младите е важна алка за културата

„Лидерството на младите е важна алка за културата како приоритет за остварување глобален мир“.

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска во Охрид се обратил на Форумот за културна дипломатија, организиран од Школата за млади лидери, под покровителство на поранешниот претседател на Македонија, Ѓорге Иванов.

Како што соопшти Министерството за култура, говорејќи на темата „Младите лидери во меѓународната соработка, одржливиот развој и глобалниот мир“, Љутков ги охрабрил младите, порачувајќи дека тие се двигател на иднината, тие ја имаат силата да донесат промени и да ја обликуваат иднината со визија и храброст.

-Лидерството не е титула, туку акција. Бидете храбри, верувајте во себе и инспирирајте го светот со вашата енергија, страст и решителност. Македонија како членка на Обединетите нации ја спроведува Агендата за одржлив развој за 2030 година, која признава дека мирот и безбедноста се предуслови за постигнување одржлив развој, но и дека одржливиот развој го обезбедува патот кон мирни општества. Младите се високо во оваа агенда. Потребни се итни мерки кои ќе обезбедат мир и хумани општества. Културата во овие процеси има едно од централните места. Таа мора да се стави во приоритетите на развојните политики зашто како белег на идентитетот на едно општество е често на удар, истакнал министерот.

Љутков посочил дека културата е особено ранлива категорија, но, од друга страна, културата е силно оружје за глобално обединување на човештвото.

-Токму таква сила има културната дипломатија што ја поседува таканаречената ’мека моќ‘ за создавање на врските меѓу државите. Нејзината цел е преку размена на уметност, на јазик и традиција да поттикне позитивни односи меѓу народите. Културната дипломатија овозможува поголемо разбирање и надминување на стереотипите, градење доверба и пријателски односи меѓу различни заедници, надминување на конфликтите од секаков вид. Затоа е неизбежна врската меѓу културата и глобалниот мир, рекол Љутков на темата на годинашната сесија на Школата за млади лидири.

Пред присутните панелисти од повеќе институции од светот и учесниците на Школата за млади лидери, Љутков им се обратил на младите велејќи дека светот е полн со неизвесност, но тој истовремено изобилува со потенцијал што мора да биде искористен. Затоа, додал тој, вештините и визијата на младите се алатките што можат да ја надминат неизвесноста и да ја претворат во можности.

Тој се осврнал на значењето на знаењето и на мудроста во процесот на созревање на младите, но ги охрабрил и во поглед на одржувањето баланс помеѓу личниот и професионалниот живот, стои во соопштението.

-Важно е да се сетите зошто сте започнале. Што е тоа што ве мотивирало да станете лидери? Кога ќе се вратите на таа основна мотивација, ќе ја најдете вашата сила повторно, истакнал Љутков на сесијата во Охрид.

Вториот форум за културна дипломатија на Школата за млади лидери, со тема „Младите лидери во меѓународната соработка, одржливиот развој и глобалниот мир“, започнал со обраќањата на - Ивица Боцевски, специјален претставник на македонската Влада за време на унгарското претседателство со ЕУ, поранешниот претседател Ѓорге Иванов и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

На Форумот учествуваат високи претставници од земји од светот, од УНЕСКО, од Европскиот парламент, министри и амбасадори.

ЕУ го одложи воведувањето електронска пасошка контрола за граѓаните кои не се од членки на ЕУ

ЕУ на неодредено време го одложи воведувањето на електронска пасошка контрола за влез и излез за патниците кои не се членки на унијата, меѓу кои е и Македонија, а кое требаше да стапи на сила на 10 ноември. 

Причината за одлагањето е што Германија Франција и Холандија се изјасниле дека нивните компјутерски системи на границата се уште не се подготвени да бидат ставени во функција, изјави Еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон. Таа рече дека нема нов датум за воведување на новиот систем, но дека се разгледува можноста за етапно воведување.

-Јасно е дека ова нема да биде 10-ти ноември, бидејќи како што рече министерот Пинтер три земји-членки неодамна изјавија дека не се подготвени. // Значи она што го дискутиравме денес е можноста за фазно воведување, со чекор по чекор влегување во системот, а не голем удар на сите гранични премини во исто време.- Илва Јохансон - Еврокомесарката за внатрешни работи

Системот за проверка првично требаше да започне со работа во 2022 година, но се соочи со низа одложувања. Беше презакажан за мај 2023 година, а потоа и за крајот на 2023 година, пред да се одреди датумот за ноември годинава.

Овој систем предидува сите патници кои влегуваат во ЕУ а не се од земјите членкли, да дадат отпечатоци и прстите и да им се фотографира лицето со кој ќе се создаде дигитален запис кој го поврзува патниот документ со биометриските отчитувања кои го потврдуваат идентитетот на лицето. По оваа процедура, ќе следи и системот ЕТИАС, кога ќе треба да се обезбеди дозвола за патување. Таа ќе важи три години и ќе чини седум евра. Оваа мерка има за цел да им го отежне влезот на нелегалните мигранти или терористите во ЕУ со лажни пасоши.

ДУИ: ВРЕДИ нема знаење и храброст да направат повеќе за учениците и студентите Албанци

Овде сме денеска за еден краток осврт на долгата листа на неуспеси на владината коалиција во образовниот сектор.

Се разбира, акцентот на неуспесите е директно поврзан со интересите на албанската заедница, каде што дел од активностите се добро обмислени од големиот коалициски партнер, а за кои помалиот партнер ВРЕДИ нема знаење или храброст да направат нешто повеќе.

ВРЕДИ во кампањата вети имплементација на албанскиот Еразмус, односно програма за научна и стручна размена меѓу албанските универзитети меѓу Албанија, Косово и Македонија. Ги прашуваме претставниците на ВРЕДИ, дали ова се наоѓа во некој документ на Владата или Министерството за образование и наука? Имаат ли предвидени денар со ребалансот на буџетот за 2024 година, или пак во буџетот за 2025 година?

ВРЕДИ исто така јавно излажаа дека владата одвоила 35 милиони евра за кампусот на јавниот универзитет „Мајка Тереза“. До денес не се обезбедени никакви средства ниту во буџетот на МОН ниту во буџетот на универзитетот. Вистината е дека напротив, со ребалансот на буџетот ги намалија средствата за албанските универзитети.

Исто така, оваа влада не ги зголеми стипендиите на студентите за ниту еден денар, а последното зголемување беше од претходната влада.

ВРЕДИ јавно излажаа дури и за унифицираниот буквар, кој наводно тие го одобриле. Вистината која му е позната на сите е дека истиот буквар го одобри владата во минатиот мандат, додека МОН обезбеди донација за секој првоодделенец за почетокот на 2024 учебна година, односно минатиот месец. Букварот требаше да се дистрибуира во септември во училиштата после измените на законот за учебници. За разлика од другите закони, Министерството за образование не го стави овој закон во процедура, таргетирајќи прецизно поништување на одредбите кои предвидуваат систематска и законска употреба на унифицираниот буквар. ВРЕДИ, за да го покрие овој неуспех, во септември го дистрибуираше букварот обезбеден од ДУИ, без законско решение, оставајќи го неговото користење да биде доброволно и само за оваа учебна година, а не поддржано со закон.

ВРЕДИ ги остави и децата од Чашка без образование и училиште, намалувајќи ги средствата од 8 милиони денари што требаше да се потрошат во текот на годината, на неколку десетици пати помалку. Денес, учениците учат во мектеб и тоа претставува институционално и системско бркање на учениците Албанци од училиштата, слично на периодот од 1988 година во некои албански општини. Потсетуваме дека минатата година овие ученици следеа настава во училиштето „Тодор Јанев“, каде што треба да бидат и сега.

По формирањето на владата, од програмите на Министерството за образование и наука беа отстранети и капиталните инвестиции во училиштата на општина Липково и реконструкција на училишна спортска сала во општина Куманово. Значително е намалена динамиката на градба во училиштето во Селце, а скратени се средствата за 2024 година за гимназијата „Сами Фрашери“ во Куманово.

Оваа влада го врати православниот и навредливиот елемент против Албанците во учебниците - ги нарече Албанците узурпатори на своите огништа и тоа се случи од јули и по формирањето на новата влада.

Ги вратија старите наставни програми во основното образование нанесувајќи им штета на децата. Овие промени на курсот понатака ќе донесат непоправливи последици за учениците кои откако почнаа да работат со нови и реформирани програми се враќаат на старата и анахрона концепција.

Министерството за образование и наука и во овој момент не знае како ќе продолжи реформата во основното образование во наредната учебна година – односно дали реформата ќе биде прекината втора година по ред . Оваа учебна година, иако Министерството за образование и наука ја прекина реформата за VII одделение, овој момент беше само за ПР ефект кој нема ниту причина, ниту пак некаков позитивен ефект. Тоа го знае самото МОН, но и сите меѓународни партнерски организации кои 3 години по ред беа најголеми поддржувачи за имплементација на новата концепција.

МОН, во овие 100 дена, имаше уште еден скандал, а тоа е поништувањето на постапката и користењето на интерактивните учебници, оставајќи ги учениците без такви можности барем во првото полугодие и отворање други дилеми за кои ќе информираме во иднина.

Владата го обезвредни човечкиот капитал, а не ги зголеми платите на наставниците како што беше договорено со предложениот закон. Зголемувањето сега се чини е само симболично од 250-300ден.

Ниту Министерството за спорт, ниту Министерството за образование не опфатија ниедна албанска општина за изградба на спортски сали, па дури ни Тетово не беше вклучена во тој проект.

Владата, на владина седница во првите денови изврши етничко чистење во Националната комисија за учебници и ги смени сегашните членови со несоодветни лица и повеќе од 100 дена не е одобрен ниту еден учебник.

Јавно ги покануваме министерот и заменик министерот да објави кога се испечатени учебниците за 1-6 одделение. Власта се фали со учебниците што ги испечати претходното раководство. Актуелната министерка за образование нема испечатено ниту еден учебник за тековната учебна година. Единствено што направи е директен откуп на некои учебници од издавачки куќи кои имаат авторски права, односно ги извадија од подрумите старите учебници поради лукративни причини.

Стручното образование е целосно оставено настрана, а исто така немаше ниеден одобрен или испечатен учебник за овие програми и профили.

Министерството за образование и наука ќе продолжи според стратегијата што сега ја подготвува да ги затвора паралелките со албански наставен јазик и во албанските општини, со изговор дека ги оптимизира училиштата. Сето ова, кога е познато дека намалувањето на бројот на ученици во основното и средното образование е токму во источниот дел на Македонија.

Демократската унија за интеграција

притисни ентер