Блинкен: Ослободените затвореници од руските затвори се на пат кон Америка - Канал 5

Блинкен: Ослободените затвореници од руските затвори се на пат кон Америка

На аеродромот во Анкара, Турција, денеска е завршена размената на 16 политички затвореници приведени во Русија, меѓу кои и новинарот Еван Гершкович, за девет Руси затворени во Соединетите Американски Држави, Германија, Словенија, Полска и Норвешка.

Блинкен: Ослободените затвореници од руските затвори се на пат кон Америка

Оваа операција беше спроведена од страна на Националната разузнавачка организација (MİT) и влезе во историјата како најобемна размена на заложници меѓу САД, Русија и Германија во последниве години.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека американскиот маринец Пол Вилан, американскиот новинар Еван Гершкович и новинарката на Радио Слободна Европа Алса Курмашева, кои денеска учествуваа во размената на затвореници од Русија, моментално се на пат за Америка.

„Преку извонредните напори на луѓето во Стејт департментот и низ нашата влада, Соединетите Држави успеаја да постигнат договор за обезбедување на слободата на (рускиот опозициски политичар) Владимир Кара-Мурза и дванаесет други затвореници во Русија. Им благодариме на турската Влада за обезбедување локација за безбедно враќање на овие лица во Америка и Германија“, рече Блинкен, според Стејт департментот.

YouTube video

Блинкен им рече на семејствата на оние кои се уште се затворени дека САД нема да ги заборават и нема да мируваат додека семејствата повторно не се обединат.

Турската Национална разузнавачка организација (МИТ) ја предводеше успешната размена на 26 затвореници во која беа вклучени седум земји, една од најобемните операции за размена во последниве години.

Разменети се вкупно 26 лица кои со седум авиони се превезени во Анкара - по еден од Германија, Полска, Словенија, Норвешка, Русија и двајца од Соединетите Американски Држави, наведува Anadolu Agency, повикувајќи се на безбедносни извори. Во размената беше вклучена и Белорусија.

Десет заложници, меѓу кои и две деца, биле префрлени во Русија, додека 13 биле испратени во Германија и тројца во САД, јавува Анадолија.

Изворите велат дека операцијата, која се издвојува како најобемна меѓу САД, Русија и Германија во поновата историја, била олеснета од МИТ, која воспоставила клучни канали за дијалог.

Меѓу разменетите затвореници се и новинарот на Волстрит журнал Еван Гершкович и американскиот маринец Пол Вилан, кои беа затворени во Русија, соопшти Ројтерс.

Гершкович беше уапсен во март 2023 година и осуден на 16 години затвор со максимална безбедност поради шпионажа.

Темата за можната размена на Гершкович беше покрената во интервјуто на рускиот претседател Владимир Путин и американскиот новинар Такер Карлсон - рускиот претседател спомна човек кој „од патриотски причини елиминирал бандит во една од европските престолнини“.

Фото: Атрактивна актерка и модел со гола фотка го прослави влегувањето во седмата деценија!

Британската актерка и модел Елизабет Харли на специфичен начин одлучи да го прослави својот 60 роденден и влегувањето во седмата деценија од животот.

Фото: Атрактивна актерка и модел со гола фотка го прослави влегувањето во седмата деценија!

Популарната Лиз сподели фотографија на својот Инстаграм профил на која позира целосно гола, славејќи го не само својот роденден, туку и бројни животни достигнувања и нова љубов со музичарот Били Реј Сајрус.

Познатата британска актерка Елизабет Харли одлучи да го прослави својот 60-ти роденден со стил, објавувајќи провокативна фотографија која ги остави нејзините обожаватели без здив.

Таа сподели уметничка фотографија на Инстаграм на која позира целосно гола на ливада, носејќи само дискретен ѓердан. Со рацете стратешки завиткани околу колената и широка насмевка на лицето, Харли ја покажа својата завидна фигура, а со објавата хумористично напиша:

- Фотографијата е направена денес попладне... во мојата роденденска облека - се пошегува таа.

Атрактивната актерка и модел инаку никогаш немала проблем да објави свои фотографии во бикини. Најверојатно бидејќи знае дека има става на која и завидуваат и тројно помладите девојки.

Видео:Доминација на Мерцедес во Монтреал

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, е победник на трката за Големата награда на Канада,од Формула 1 првенството која вечерва се одржа во Монтреал.За Британецот од тимот на Мерцедес ова е прв триумф сезонава во Ф1.

Видео:Доминација на Мерцедес во Монтреал

На подиумот по Гран прито во Монтреал се искачија и актуелниот светски шампион, возачот на Ред Бул, Макс Верстапен и големото изнадување, клупскиот колега на победникот Расел, вториот пилот на Мерцедес, Кими Антонели.Ова е пвиот подиум во кариерата за Антонели.

Лидерот во Генералниот пласман, возачот на Мекларен , Оскар Пјастри стигна до четвртатата позиција со што ја зголеми својата предност на врвот на листата на возачи.

Трагичар на трката во Канада е возачот на Мекларен,Ландо Норис. При крајот на трката, тој во директен дуел со клупскиот другар Оскар Пјастри, погреши и се удри во ѕидот и заврши без поени.

Лидер во светскиот шампионат во Формила 1 е Оскар Пјастри со 198 бода, 22 повеќе од клупскиот другар Норис. Верстапен од Ред Бул е трет со 155 бода, а зад него е победникот на Голмата награда на Канада,, Расел, со 136 бода.

Фото: Старлетата Деми Роуз повторно провоцира

Провокативната инфлуенсерка и старлета Деми Роуз со провокативни фотки по подолг период се појави на социјалните мрежи.

Фото: Старлетата Деми Роуз повторно провоцира

Познатата ѕвезда на социјалните медиуми Деми Роуз со месеци не објавуваше ништо на Инстаграм и „отстранила“ од следење бројни контакти.

Обожавателите на Инстаграм на секој начин сакала да ја контактираат, дури ѝ оставале загржувачки пораки но Деми останала недостапна.

Сега британските медиуми пишуваат дека бујната Роуз сепак била активна но на друга социјална платформа, на уште еден популарен канал само за претплатници и на Снепчет.

Провокативната Деми сега ги изненадила фановите со неколку секси Инста строиња. На кои како и секогаш на радост на фановите во преден план се нејзините природни бујни облини во секси минијатурни бикини.

притисни ентер