Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење
2Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење
КултураБлескав настап на врвната пијанистка Наталија Трул на „Охридско лето“Перфекција во музичката изведба, добро одбрана програма и безгранична енергија донесе извонредната руска пијанистка Наталија Трул вчеравечер на подиумот во црквата „Света Софија“ одржувајќи концерт во рамките на фестивалот „Охридско лето“.Вечерта во која публиката уживаше до самиот крај, започна со блескава интерпретација на Соната оп.31 бр 2 d-moll „Бура“ од Лудвиг ван Бетовен со што фестивалот и уметницата која е претставничка на старата руска пијанистичка школа дадоа придонес во одбележувањето на 250 години од раѓањето на големиот композитор, чија девиза дека музиката е универзален јазик што ги поврзува луѓето, денеска е актуелна повеќе од кога и да е. -Бетовен е еден од моите омилени композитори. Сакам да верувам дека го разбирам неговиот јазик и би била многу среќна доколку успевам да им го објаснам и на другите луѓе, изјави пијанистката Наталија Трул. Со префинета техника на пијаното, Трул ја изведе и Етидата оп.25 бр.7 од Фредерик Шопен, а во вториот дел од концертот отсвири комбинација на етиди од Шопен и Клод Дебиси. -Во вториот дел од концертот креирав многу интересна комбинација помеѓу и Дебиси и Шопен. Постои огромна комуникација помеѓу нивните дела, тие си одговараат и се надополнуваат, додаде руската пијанистка. Селекторката на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“, Даница Стојанова, рече дека станува збор за пијанистка кај која воопшто не постојат никакви пропусти во изведувањето. -Со Наталија Трул соработувам веќе подолго време. Таа освојува сребрен медал на Меѓународниот натпревар Чајковски. Концертира насекаде во светот и е специфична во своите изведби. Наталија Трул е еден голем, челичен, би рекла машки изведувач, иако е жена. Таа е претставник на типичната стара руска школа кај која нема апсолутно никакви пропусти во ништо, смета селекторката Стојанова. Оценувајќи како поминаа изминатите музички концерти на 60-тото јубилејно издание на фестивалот „Охридско лето“, селекторката истакна дека овој фестивал во моментов е единствен културен бисер којшто треба да служи како пример во секоја смисла. -Музичката приказна годинава има фантастична динамика и е ексклузивна. Секоја вечер има разноликост на инструменти и уметници, како и различна програма. Колку и да се важни економијата и финансиите, за Охрид е важна и духовноста. „Охридско лето“ е елита, но не во материјална смисла, туку во смисла на вистинското, духовното живеење, рече Стојанова. Доказ дека фестивалскиот репертоар годинава е одличен, според селекторката на музичката програма, е тоа што за концертите на класична музика се бара карта повеќе, но како што појасни, има рестрикции во однос на бројот на посетители поради тоа што максимално се почитуваат здравствените протоколи за одржување вакви настани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотМоцарт го „освојува“ Салцбург: Позлатени фигури се појавуваат низ градотОд денес, улиците, парковите и знаменитостите на Салцбург се украсени со повеќе од 300 позлатени фигурини на Волфганг Амадеус Моцарт, поставени по повод одбележувањето на 270-годишнината од раѓањето на еден од најголемите композитори во историјата. Фигурините високи пет сантиметри се дело на германскиот уметник Отмар Херл и се изработени по нарачка на фондацијата „Моцартеум“, објави денес весникот *Le Figaro*. Тие го прикажуваат Моцарт со неговото куче, Пимперл. Според фондацијата, фигурините се поставени во градината каде што композиторот често шетал, во неговиот некогашен стан, како и на други локации низ градот, пренесува Танјуг. Херл изјави дека не сакал да создаде уште еден споменик на Моцарт, туку да ја прикаже неговата човечка страна и да покаже дека, и покрај својот гениј, тој бил обичен човек. Фондацијата „Моцартеум“ нарача вкупно 400 фигурини, а дел од нив се чуваат во складиште за да се надоместат евентуалните загуби поради кражба. Според претставникот на фондацијата, Линус Клумпнер, две фигурини се веќе украдени. Посетителите што сакаат да ја земат фигурината како сувенир, можат да ја купат за 100 евра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Актерка виси на справа за пилатес Кадилак Убавата балканска актерка, 40 годишната Нина Сеничар редовно тренира дури и по две породувања, а сега покажа и некои од вежбите што ги прави. Се снимала себеси на справата за пилатес Кадилак - која се состои од хоризонтален кревет над кој има метална рамка со разни додатоци - пружини, јамки, дрвена шипка и трапез на кој висела актерката. Инаку, актерката живее во Лос Анџелес со својот сопруг-милионер и децата, а еднаш зборуваше за деловните предизвици и истакна дека секогаш го избирала потешкиот пат. – Ја имам таа потреба да почнам одново, од нула, таа постојана потреба за борба, за мачење. Почетоците воопшто не се лесни. Двапати почнав од нула, во смисла дека двапати се преселив во друга земја, но тоа не значи дека нема да го направам тоа повторно – изјави таа еднаш. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОрце Ѓорѓиевски: „Добредојдовте во Скопје“[❤️] „Добредојдовте во Скопје“ - порака со која испраќаме топло добредојде до сите што пристигнуваат во нашиот град, објави на својот Фејсбук првиот човек на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.[🌃] Скопје го разубавуваме со љубов, внимание и посветеност, затоа што секој детал е важен кога градиме град со препознатливо лице и топла душа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНад 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09Министерот Клековски ќе ја посети болницата во Гостивар 10:53Забрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?18:20
Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05
Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18
Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09