ЗабаваБлејк Лајвли во едноставен костум со цветни мотиви на лондонска премиера Блејк Лајвли во едноставен костум со цветни мотиви на лондонската премиера на „Ова завршува со нас“.На премиерата на филмот заснован на најпродаваниот роман на американската писателка Колин Хувер - „Ова завршува со нас“ (It Ends With Us), во Лондон, синоќа глумицата Блејк Лајвли се појави во едноставен, а елегантен костум со цветни детали. И нејзината колешка од филмот, Изабела Ферер носеше фустан со цветни мотиви. На првото прикажување на романтичната драма во британската престолнина, Лајвли рече дека претворањето на романот во филм е „голема одговорност, но и можност“. - Кога треба да ги исполниш очекувањата на група луѓе кои се толку страсно поврзани за изворната приказна... Да можеш да ги исполниш очекувањата на луѓето на кои толку многу им е грижа - тоа е прекрасно!, рече глумицата. Во филмот таа ја глуми американската цвеќарка Лили Блум од Бостон, која се вљубува во згодниот неврохирург Рајл Кинкејд, кого го игра Џастин Балдони, кој е и режисер на филмот. Како што нивната врска станува посериозна, Рајл почнува да покажува особини коишто ја потсетуваат Лили на нездравото однесување на татко ѝ, предизвикувајќи ја нејзината траума од детството и создавајќи нездрава средина за заеднички живот... Сценариото го напиша Кристи Хол. Романот „Ова завршува со нас“ е продаден во повеќе од шест милиони примероци од неговото објавување во 2016 година. Филмот се прикажува ширум светот само два дена и засега на ИМДБ има оценка 7,2 / 10, Од 1.100 оценувачи. На „Ротен томатос“ го препорачуваат 95 отсто од гледачите и 57 отсто од критичарите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Мицкоски во паника - истрагата во Унгарија ја отвора Пандорината кутијаИстрагата што новиот унгарски премиер Петер Маѓар ја отвори за кредитот од една милијарда евра што Орбановата влада му го одобри на Мицкоски, не е обична финансиска проверка. Тоа е почеток на процес што директно води кон Мицкоски и неговата организирана криминална група. Ова е истиот оној кредит кој Европа во своите извештаи го квалификуваше како "сомнителен заем од кинески пари". Покрај кредитот, тука се и медиумите. Околу 40% од медиумскиот простор во Македонија е дел од Орбановата мрежа. Само неколку дена по падот на Орбан, дел од сметките на таа мрежа во Македонија беа блокирани. Финансирањето од Унгарија беше прекинато. Мицкоски и Драган Павловиќ-Латас мораа итно да организираат ново финансирање. Решението беше најдено преку Алта банка, која е во сопственост на браќата Вучиќ. Парите одат преку маркетинг-агенции поврзани со ВМРО-ОКГ. Алта банка веќе е под истрага поради сомнително потекло на средства. Претходните истраги за перење пари од Словенија, поврзани токму со Орбановата медиумска мрежа, беа запрени од страна на Мицкоски и неговото контролирано обвинителство. Сега Латас доби нова задача. Преку Ивона Талевска се подготвува Euronews Македонија. Лиценцата е купена преку Вучиќ. Euronews Белград веќе работи, а интервјуто на Тимчо Муцунски во Брисел пред повеќе од месец дена беше организирано токму преку оваа врска. Од Септември треба да почне со работа и скопската подружница. Веќе се ангажираат новинари од постојните телевизии. Целта е јасна: целосен медиумски мрак и целосна контрола на информирањето на јавноста. Во таква ситуација, скандалите како труењето на водата во четири града, прикривањето на анализите на водата и слични афери во иднина, едноставно нема да стигнат до јавноста. Истрагите во Унгарија се само почеток. Кога ќе почнат меѓународните истраги за парите што завршија во Македонија, прашањето повеќе нема да биде политичко. Ќе биде кривично. Мицкоски знае што го чека. Затоа и е во паника. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КошаркаПоловина од тимовите во Евролигата имаат нови тренериЕвролигата ќе ја започне сезоната 2026/27 со голем број нови имиња на тренерските клупи.Дури 10 од 20-те учесници во елитното европско кошаркарско натпреварување го сменија својот главен тренер во споредба со почетокот на минатата сезона, што претставува една од најголемите тренерски промени во последните неколку години. Меѓу клубовите што започнуваат нова ера се Барселона, Реал Мадрид, Панатинаикос, Црвена ѕвезда, Баерн, Асвел, Виртус, Валенсија, Париз и Дубаи. Враќањето на Жељко Обрадовиќ на клупата на Панатинаикос е најголемиот кошаркарски трансфер ова лето, исто како и доаѓањето на Педро Мартинез на чело на Реал. Тренерскиот ангажман на Тони Паркер во неговиот клуб Асвел исто така предизвика огромен интерес во јавноста, а вистинско изненадување е и тоа што Ибон Наваро ќе ја предводи белградска Црвена ѕвезда. Дубаи и Барселона направија тренерска размена, па така Словенецот Александар Секулиќ пристигна во Каталонија, додека Чави Пасквал замина во спротивна насока. Алекс Мумбру ќе го предводи Виртус следната сезона, Чави Алберт – Валенсија, а Антон Гавел го наследи Светислав Пешиќ во Баерн Минхен. Последен реагираше Париз, кој официјално објави дека нов тренер на францускиот клуб е поранешниот помошник во Минесота Тимбервулфс, Макс Лефевр.Тагови: Евролигата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
ЗдравјеЦрвен крст на град Скопје: Традиционална крводарителска акција по повод 26 ЈулиВо текот на летните месеци, бројот на крводарувања бележи намалување. Годишните одмори, патувањата, високите температури и променетиот ритам на секојдневието се дел од причините поради кои граѓаните поретко се одлучуваат да даруваат крв. Во исто време, потребата од крв не се намалува. Секојдневно, крвта е неопходна за хируршки интервенции, лекување на пациенти со тешки заболувања, лица повредени во сообраќајни незгоди, породувања, како и во други итни медицински состојби. На здравствениот систем во нашата држава му се потребни околу 150 единици крв дневно за непречено обезбедување на потребите на пациентите. Токму затоа, Црвен крст на град Скопје, на 27 јули, организира традиционална крводарителска акција, во знак на сеќавање на катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година, но и во чест на солидарноста, хуманоста и несебичноста што граѓаните ја покажаа во најтешките моменти. Крводарителската акција ќе се реализира во Домот на АРМ – Скопје, во понеделник, 27.07.2026 година, во периодот од 09:00 до 18:00 часот. На акцијата, покрај крводарителите од Скопје, ќе им се придружат и доброволни крводарители од Куманово, Свети Николе, Штип, Велес, Кочани и Крива Паланка, со што уште еднаш ќе се испрати силна порака дека хуманоста и солидарноста не познаваат граници. Една единица крв може да спаси и до три животи. Ова лето, одвојте малку време и дарувајте крв. Тагови: крв Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00